Починал: 6 декември 2011
Битола, Македонија
Занимање – театарски и филмски актер
Илко Стефановски (Битола, 4 ноември 1952 – Битола, 6 декември 2011) — македонски театарски и филмски актер,
Биографија
Стефановски е роден во Битола во 1952 година. Во родниот град го завршил основното и средното образование. Факултетот за драмски уметности, отсек актери во класата на проф. Илија Џувалековски го завршил во 1976 година во Скопје. По дипломирањето се вратил во Битола каде ја започнал својата актерска кариера. Уште од почетокот на кариерата се вброил меѓу најзабележителните актерски појави не само во својот матичен колектив, туку и во поширокиот театарски простор. Неговите маестрално остварени ролји во претставите: „Свадбата на Мара“, „Пиреј“, „Лет во место“, „Време за пеење “, „Бегалка“, „Југословенска антитеза“, „Патенталије и Тантелина“, „Вечерва Фалстаф“, „Хамлет“, „Сонот на летната ноќ“, „Чекајќи го Годо“, „Пеш“, „Натемаго на филозофскиот факултет“ и многу други, му донеле безброј награди, скоро на сите фестивали каде што гостувал Народниот театар од Битола. Како актер блеснал со своите настапи во радио и телевизиски драми, драмски серии, уметнички програми и сл. Во 2003 година, Стефановски ја вршел и функцијата на Селектор на Драмската програма на најреномираната летна уметничка манифестација во Македонија – „Охридско лето“, учествувајќи и во проекти надвор од неговата матична сцена.
Починал ненадејно на 6 декември 2011 година во Битола.
Награди и признанија
Добитник е на престижната републичка награда „11 Oктомври“ (2006 г.)
Филмски остварувања
- Ране – „Заминување од Пасквелија“ (1992), ТВ филм
- Бојан – „Пред дождот“ (1994)
- Глобус – „Ангели на отпад“ (1995)
- Менде – „Салон Хармони“ (1998), ТВ серија
- Бошко („Бате Боле“) – „Погрешно време“ (1999-2001), ТВ серија
- Ангел – „Крчма на патот кон Европа“ (2005), ТВ филм
- Портир – „Превртено“ (2007)
- Д-р Карпузовски – „Сенки“ (2007)
- Гури, таткото на Темелко – „Апсурдистан“ (2008)
- Работник – „Трето полувреме“ (2012)
Стефановски уште од почетокот на својата кариера стана дел од познатите актерски имиња, не само во својот матичен театар, туку и во поширокиот театарски контекст.
„Стефановски знаеше да ги надмине и најоптималните очекувања, да блесне и во најделикатните, најсложените сценски зафати, а негови мошне впечатливи актерски остварувања го исфрлија во прв план како мерило за високи актерски достигнувања. Тој се раководеше од сознанието дека се она што се создава, мора да тргнува од врутоците на внатрешниот живот, од внатрешната драма на човекот“, наведено е во соопштениото од театарот.
Стефановски играше во претставите „Свадбата на Мара“, „Пиреј“, „Лет во место“, „Време за пеење “,„ Бегалка“, „Југословенска антитеза“, „Патенталије и Тантелина“, „Вечерва Фалстаф“, „Хамлет“, „Сонот на летната ноќ“, „Чекајки го Годо“, „Пеш“ ,„Натемаго на филозофскиот факултет“ и многу други, кои што му донесоа награди скоро на сите фестивали каде што гостуваше Народниот театар од Битола.
Погребот ќе се изврши утре во 12.00 часот на гробиштата Св. Недела, а комеморацијата ќе се одржи во Битолскиот народен театар во 10.30 часот.