МНТ: ”Без галама”- на судот на публиката!

 

Во полната сала на МНТ, беше одиграна новата претстава со наслов “Без паника “ во режија на Тони Михајловски

А на сцената… докажаните Весна Петрушевска-Бејбе, Игор Џамбазов, Нино Леви, Арна Шијак, Камка Тоциновски… како и Александар Михајловски, Емилија Мицевска, Александар Ѓорѓиевски, Стефан Спасов…

И секако режисерот Тони, кој сигурно знае како е и зад сцената и на сцената. И токму за тоа и зборува самата претставата, во која актерите играат актери… Интересен е моментот што самата претстава започна сосема невообичаено без стандарден почеток, туку со актерите на сцена кои “ги пробуваа улогите”, си правеа шега на своја сметка, па публиката во прво време не знаеше дали претставата започнала или не. А откога режисерот и официјално и во свој стил на одличен шоумен ја најави изведбата на претставата, започна да се одвива дејствието…

Најавена како комедија на ситуации, на сцената актерите и буквално се најдоа во најразлични ситуации, помалку или повеќе смешни, трагични – реални… трасирани од Мајкл Фрејн, авторот на текстот според кој е правена претставата.

Така, на репертоарот имаме комедија на ситуации, комедија како еден од најтешките жанрови која своја реприза ќе има и на 14 април, а на публиката останува да го каже своето…