” Грдото пајче ” Х. К. Андерсен

 

Илустрација на сказната од Вилхелм Педерсен— првиот илустратор на Андерсен

Грдото пајче (данскиDen grimme ælling) — позната сказна од данскиот баснописец Ханс Кристијан Андерсен, која важи за мошне оригинален вид на биографска сказна.[1] Првпат е објавена во 1843 година.

Својот трнлив пат низ животот и творештвото најдобро го оцртал со помош на сказната „Грдото пајче“, во 1843 година. Во оваа приказна симпатично запишува:

Не е лошо да се родиш покрај бара заедно со патките, ако си се извел од јајце на лебед.

Ваквото творештво на Андерсен одекнало низ целиот свет. Оваа сказна-биографија се смета и за сказна-манифест, па дури и за упатство за секој млад човек, без непотребно морализирање, дека секогаш патот на успехот е полн со непредвидливости, искушенија и неизвесност, но само работата е таа што ги решава сите дилеми на една животната и творечката егзистенција.

Содржина

Беше едно топло и убаво лето. Од едно гнездо близу една стара пропадната куќа една патка лежеше во своето гнездо над јајцата. Во гнездото имаше 6 јајца. Секој дена по сто пати патката ги гледаше се додека еден ден на едно од јајцата не забележа пукнатина. И набргу потоа од петте јајца се видеа жолти глави. Од сите пет јајца излегоа пет убави пајчиња, но само едно јајце не беше пукнато. Во тоа јајце беше грдото пајче. Едно утро додека спиела наеднаш нешто што мрдало под неа ја разбудило. Таа била многу изненадена и веднаш се тргна од под пајчето. Кога го видела била изненадена. Тоа пајче било многу грдо. Следниот ден времето беше многу убаво. Сонцето блескаше на зелените лисја и мајката патка ги зела малку патчињата надолу кон водата и скокна во неа. Едно по едно патчињата скокнаа внатре во водата со очите затворени. Тие пливаа многу убаво со своите нозе, а со нив беше и грдото пајче. Мајката ги зела пајчињата и се вратиле во нивниот дом. Утредента повторно отишле да пливаат. Подоцна мајката патка ги зела патчињата и ги однела со старите дворови на фармата за да ги запознае со една стара патка која била позната мегу сите птици. Кога стигнаа таму, нивната мајка им рече: „Мора да одите таму и да се поклоните пред старата патка“. Патките го направиле тоа и старата патка била многу задоволна од нив. Другите патки си се погледнале меѓу себе и забележале дека го нема грдото пајче. Тој избегал претходната вечер кога не можел веќе да го поднесе тоа што му го правеле пајчињата. Додека сите пајки и пајчиња спиеле тој се искрал и тргнал по патот. Но наеднаш застанал. Пред него било едно четириножно суштество од кое грдото пајче било многу исплажено. Тоа четириножно суштество било куче. Патчето било премногу исплашено и се обидувало да си ја сокрие главата со крилјата. Патчето сакало да се спаси и му рекло на кучето: „Јас сум премногу грдо па дури и куче да ме јаде.“ Кучето побегнало. Пајчето во себе си рекло: „ Па тоа е голема милост“ И пајчето легнало малку да одмори. Кога се веќе било тивко подолго време тој станал и тргнал по патот. По некое време стигнал до една куќа. Пајчето се доближило до куќата и забележало еден стол и легнал под столот. Тој мислеше дека никој нема да го види па затоа остана таму и спиеше цела ноќ. Во таа куќа живеела една стара жена заедно со нејзината мачка и една кокошка. Тоа пајчето го дознало следното утро кога се разденило и кога тие го забележале нивниот посетител. Тие не знаеле како да му пријдат па затоа на секој начил се обидувале да го направат тоа. „Можеш ли да носиш јајца?“- го прашала кокошата. Пајчето спокојно одговорило: „Не јас незнам како“. Кокошката била навредена и му го свртела грбот на пајчето. На ред дошла мачката и таа го прашала: „ Можеш ли да ја набчкаш кожата кога си лут и да предеш кога си задоволен. И повторно пајчето морало да признае дека не може да ги направи тоа. Призна дека може само да плива. Но затоа пајчето останало таму три недели и делело хранат со мачката и кокошката. Но кога сонцето излезе, а воздухот стана потопол пајчето сакако да плива, па затоа ја напуштило вилата. Тој беше многу среќен и возбуден бидејќи повторно е во водата. Некое време тој беше многу среќен но наскоро дојде зима и снегот почна да паѓа и студот да стега. Секое утро било постудено и постудено, а патчето никогаш не било на топло. Најпосле една горчлива нок нозете не ги чувствуваше и студот го обвзема. Но за среќа по патот низ кој одело грдото пајче поминувал еден ловец кој ја преминувл реката и видел што се случило со грдото пајче. Целата зима грдото пајче било во куќата на тој ловец. Утредента кога грдото пајче станало се чувствувало некако поинаку. Тој се чувствувал многу поинаку, неговите крилја биле многу посилни и се чувствувал дека може да лета. Наеднаш тој се вивна во облаците и беше во близина со едно јато птици. Во себе си рекол: „Јас ке ги следам иако сум грд. Сите ги пречекале со пријатно добредојде. Грдото пајче застанало да зборува со една патка и и рекло: „Ако треба да умрам би сакал ти да ме убиеш. Јас сум премногу грд за да живеам. И како што зборуваше се погледна надолу во водата. Видел бел отсјај во водата и се изненадил. Не им верувал на своите очи. Во водата видел бел убав лебед. Тој си продолжил со својот живот како бел лебед и бил многу среќен.