Tome Станквоски

 

Знаат често луѓето што ме познаваат, да ми кажат: Добро бе Томас, што ти текна на 30 години да упишеш глума? Каде се гледаш со глумата? Еве, си работиш наставник…не мислиш дека е сулудо? И слични вакви прашања, кои некогаш на нив се насмевнувам, некогаш се објаснувам, некогаш ми сметаат, а во последно време и ги одбегнувам.
Не знам зошто луѓето така чудно гледаат на тоа што ми се јавило амбиција на „подоцни“ години? Не знам.
Кога одговарам сериозно, го велам следново:
– Нема некоја филозофија и мистерија. Кратко и јасно. Го сакам театарот. Ја сакам сцената. Го сакам филмот. И тој сон мора да се оствари пред да умрам. Да станам професионален актер.
Во театарот наоѓам спас и прибежиште од секојдневни глупости и проблеми.
И уште еднаш, на самиот крај на овој ден само ќе кажам…нека е честит и вечен Светскиот Ден на Театарот.
Театарџии, глумци, режисери, драматурзи…сонувачи…држте се!
Живели!

Tome Станквоски