Премиера детската куклена  претставата „Тоби “ 

 

На  ден 4.04.2018 ,( Среда) со почеток од 19:00 часот

 

Н.У. Театар за деца и младинци-Скопје, ќе се одржи премиерната изведба на детската куклена  претставата „Тоби “  по  текст на Флоријан Зденек, а во адаптација на текст и режија на Драгослав Тодоровиќ .Овој пат „Театарот за деца и младинци“ подготвува навистина специфична бајка длабоко мотивирана од чисти хумани сфаќања.

КАСТ ЛИСТА ,, ТОБИ“

Текст : Флоријан Зденек
Адаптација на текст и Режија : Драгослав Тодоровиќ
Превод : Драгана Лукан Николоски
Креација на Кукли, Сценографија и Костими : Ирина Сомборац
Композитор: Виктор Апостоловски
Видео анимација : Емил Петро

Играат :
Марија Ѓорѓијовска
Катарина Илиевска Силјановска
Винета Дамческа Мојаноска
Ана Левајковиќ Бошков
Мики Анчевски
Инспициент: Ѓуро Дракулоски

Дизајн на плакат и боенка: Ирина Сомборац
Изработка на кукли: Кирил Василев и Ирина Сомборац
Изработка на костими : Љубица Велкова
Столар : Зоран Дабовски
Тон мајстор: Ангеле Насковски
Светло мајстор: Оливер Ставрев
Шминка : Игор Петрески
Декоратери : Јовица Видески , Бујамин Селими и Мирзат Камбери

Режисерот  Драгослав Тодоровиќ ќе каже :

„Постои нешто, особено кај младите, што изгледа како непремостива препрека, никако не сте задоволни од сопствениот изглед.
Каква тага и горчина … Меѓутоа, ако имате, како јазовичарот Тоби, пријателка како госпоѓата Флора, вие многу брзо ќе ја надминете оваа
безмислена грижа. Едноставно, со помош на пријателите ќе се видите себе си од еден сосема друг, среќен агол. Па, вие сте вешти , остроумни , а бога ми
и многу згодни. И уште нешто, немојте да се китите со туѓи перја. Ќе излезете смешни.“*


                                       Режисер    Драгослав Тодоровиќ