“Јулие Цезар” – Женски Цезар – Премиерa во Битолски театар

“Јулие Цезар” е наслов на најновата премиера на Битолскиот театар во која насловната улога овој пат ќе ја толкува актерката Соња Михајлова.

Златко Паковиќ

Претставата во режија на Златко Паковиќ, работена според делото на Шекспир, ансамблот на овој театар на матичната сцена ќе ја изведе утревечер (28 април), со почеток од 20 часот.

За изборот на актерката Михајлова за главниот лик во претставата истакнатиот српски режисер Паковиќ : “Кога дојдов во Битолскиот театар ги повикав актерите и одржав предвање за што всушност се зборува во претставата за да нема недоразбирања, бидејќи во неа се опишува државата и нејзините граѓани, увидов дека актерката Михајлова има најдобри карактеристики за таа улога, и како авторитет, и како израз и како искуство. За мене таа е Цезар”.

“А зошто да лишиме актерка од толкување на машки лик само затоа што е жена?, праша тој.

Инаку Паковиќ, познат по обработка на социјално-ангажирани теми, на прес-конференцијата по повод премиерата во Битола посочи и дека имал целосна слобода во подготовката на претставата и затоа целосно се вложил во театарскиот проект.


“Повеќе од 2.500 години театарот има задача да поставува неочекувани прашања и затоа е кралица на уметноста. Во оваа претстава Јулие Цезар е чесен и храбар, но тој смета дека и да се постави како човек над законот ќе успее да го зачува, а ако биде император тогаш секому ќе му биде добро”, истакнал меѓу другото Паковиќ, посочувајќи дека “мајсторството на Шекспир отвора многу прашања кои и денес се актуелни”.
Покрај Соња Михајлова, во претставата настапаат и Иван Јерчиќ (како Антоние), Петар Горко, Елена Моше, Борче Ѓаковски, Мартин Мирчевски, Маја Андоновска Илијевски, Валентина Грамосли, Илина Чоревска, Никола Пројчевски, Александар Стефановски, Кристина Христова Николова, Викторија Степановска Јанкуловска, Сандра Грибовска. Сценографијата е на Филип Јовановски, костимографијата на Благој Мицевски, а композитор е Оливер Јосифовски.

Според Иван Јерчиќ, директор на Битолскиот Народен театар, претставите кои годинава ќе се играат на сцената на овој театар ќе бидат изведувани под едно исто мото “Ако Ви е добро – тогаш ништо” и најавил возбудлив период за театарот, кој ќе биде жив, полетен и бескомпромисен.

ПРЕМИЕРА „ДУХ“ низ слики

24.04 | ПРЕМИЕРА „ДУХ“ низ слики | 20:00 

 

Автор: Дејан Дуковски

Рeжисер: Срѓан Јаниќијевиќ

Улоги: Мара – Гораст Цветковски Кирил, банкарот – Никола Ацески Никола, таткото на Марa – Емил Рубен Аспасија, мајката на Мара -Тања Кочовска Жанко, братот на Мара – Ивица Димитријевиќ Марија, жената на Мара – Тина Трпкоска Попот – Оливер Митковски Милена, ќерката на Мара – Матеа Јанковска Николај – Сашко Коцев Жозефина – Нина Деан Месарот – Јордан Симонов Волкот – Тони Михајловски Пијано: Надежда Рубен Гитара: Ивица Димитријевиќ

Извршен продуцент: Виктор Рубен Сценограф: Велимир Жерновски Костимограф: Лидија Георгиева Музика: Надежда Рубен, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивица Димитријевиќ Дизајнер на звук и звучни ефекти: Илија Цветковски Дизајнер на светло: Илија Тарчуговски Инспициент: Никола Кимовски Фотограф: Кире Галевски Дизајнер на плакат: Зоран Кардула Суфлер: Тања Ивановска Раководител на работилници: Татјана Христоска Вајари: Ангел Петровски и Дарко Базерко Светло – мајстори: Дарко Младеновски, Игор Ѓеоргиев и Горјан Темелкоски Тон – мајстори: Симон Кипровски и Ненад Трпеноски Манипуланти на горен и долен погон: Трајче Тасевски и Васко Бојаџиски Видео оператор: Филип Петровски Графички дизајнер на програмка: Димитар Димитров Гардеробери: Валентина Чонкова, Скендер Бериша и Весна Ковачевска Реквизитери: Соња Крстевска и Лазо Миев Шминкери и фризери: Бранка Пљачковска и Моника Грковска Декоратери: Мартин Китановски, Срѓан Павловски, Саво Ивановски и Дејан Стамчевски

Во соработка со Контрапункт поддржано од Општина центар.

„Пиреј“ во Прилеп

Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Приел

Петок 27.4.2018 – 20.00 ч. Премиера на претставата „ПИРЕЈ“ од Петре М. Андреевски во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Драматизацијата ја изработи Љупчо Ѓоргиевски во соработка со драматургот Ивана Нелковска.. Костимите ги изработи Андреј Ѓоргиевски, сценографија Валентин Светозарев музиката Димитар Андоновски. Во претставата учествува скоро целиот актерски ансамбл на театарот дополнет со гости и надоворешни учесници во истата…

Сабота 28.4.2018  – 20.00ч реприза

Повелете

ЕДИН Јакуповиќ, akтер

 

Во прво лице

ТЕАТАРОТ – МОЈА РЕЛИГИЈА

  1. ЗА СЕБЕ – најдобар, најубав, најпаметен, секоја мајка би посакала таков син.
  2. ЗА ЉУБОВТА уште си ми ти.
  3. ЗА ЖИВОТОТ учам од најдобриот.
  4. ЗА ТЕАТАРОТ моја религија.
  5. ЗА ДОБРОТО на крајот го победува злото.
  6. ЗА ЗЛОТО секогаш постои меѓу нас.
  7. . ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ? ги имам многу – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? ги имам многу.. повеќе..
  8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ лабораторија.
  9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА обожавам кога ја вдишувам.
  10. ЗА КОЛЕГИТЕ себични, злобни, арогантни, професионални.. без нив никогаш не се може.. ги обожавам!
  11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ /
  12. ЗА ИДЕЈАТА добра идеја, железни врати отвора.
  13. ЗА СОНОТ наречен желба..
  14. ЗА ЈАВЕТО сега и овде.
  15. ЗА ВИНОТО за тајните.
  16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО мојата најголема поддршка.
  17. ЗА КРАЈ секој крај има нов почеток..

Гледачот во театарот … некогаш и сега !

Порано, во “античко време“, театарот имаше конкретна цел – да предизвика катарза кај гледачот: духовно и душевно очистување на битието. Гледачот беше задоволен од овој ефект, наречен катарза.

Еден ден (како гром од ведро небо) се појавија експресионистите. И они имаа конкретна сценска цел – низ сирови, елементрани бои и форми, преку жестока, нагонска игра да предизвикаат кај гледачот емотивен стрес. Имено, во неговиот желудник се случуваше Sturm und Drang гледајќи ги сценските ликови како низ очајнички крикови ја бараат својата изгубена душа. Гледачот беше задоволен од овој “ефект“, од овој макабр танц.

Потоа дојде Брехт, донесе Verfremdungs-effekt. И овој ефект имаше конкретна цел – да ја врати свеста на гледачот таму кај што и’ е местото – од свест по себе, во свест за себе. Гледачот, иако на кратко, сепак беше задоволен од овој Verfremdungs-effekt.

Театарот е како бордел  – секој може да влезе внатре и да го добие она што ќе го ЗАДОВОЛИ. Денес, гледачот најмногу се задоволува од “ услугите “ на експресионистите – жестокост, страст, суровост, агресија, крв и сперма… мускул и пот.
Денешниот гледач како да е нагонски наклонет кон овој вид на уживање, кон овој макабр танц на денешницата.

– Макабр ефектот на експресионистите владее со сцената.
– Verfremdungs ефектот на Брехт полека исчезнува во сопствениот заборав.
– Античкиот ефект (катарза) е длабоко сместен во меморијата на една одамна исчезната цивилизација.

Владимир Тулиев актер

ВИНОТО Е ОД БОГА

1. ЗА СЕБЕ – Ај, подобро други нека кажат, јас многу си се фалам, ха, ха.

2 . ЗА ЉУБОВТА: – Ех, колку љубам да …. ама некако тешко ми оди.

3. ЗА ЖИВОТОТ: – Ќе си го изживеам слатко за сите пари, ако е здравје.

4. ЗА ТЕАТАРОТ: – Е тука љубовта ни за миг не ми се намалува.

5. ЗА ДОБРОТО – За жал сѐ помалку го има.

6. ЗА ЗЛОТО – Е, за жал сѐ повеќе го има.

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ- Ги знам сите, ама нека си ги поблизу до мене.

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? – Дај боже повеќе да ги има.

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ – Ах, мислам дека повеќе ја има во животот.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА – Ако ја немаше, театарот ќе беше аптека.

10. ЗА КОЛЕГИТЕ – А што би правел без нив, којзнае?

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ – Тагувам, да, ама ај, некој ден можеби.

12 . ЗА ИДЕЈАТА – Се надевам ќе се спроведе, барем дел.

13. ЗА СОНОТ – Секогаш ми е жал кога ќе се разбудам, во сонот сум се.

14. ЗА ЈАВЕТО – Ех, да беше сон.

15. ЗА ВИНОТО – Пивото е направено од луѓето, виното од Бога.

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО – Мојата сила и мојата слабост.

17. ЗА КРАЈ – Никогаш да нема крај.

„Бабец театар“

 

„Битолино“ – животни пораки за децата
– Дневник – 05.08.2015
Минатата година на фестивалот настапи слепа девојка, потоа следуваа претстави за децата со посебни потреби и за малолетничка деликвенција, за годинава на театарската сцена да се изнесат проблемите на децата со епилепсија, како и на оние обесправените. Претстави со големи теми се играат на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ во Битола. Петтото издание на фестивалот, во организација на битолскиот „Бабец театар“, започна вчера во Центарот на културата со претставата „Не, не ти! Или разликите“ во режија на Нора Kрстуловиќ, а во изведба на театарот „Мала сцена“ од Загреб, Хрватска.Kако и секоја година, така и оваа претставите носат големи пораки и најчесто се посветени на проблемите со кои одредени деца се среќаваат. Хрватската претстава годинава се занимава со проблемите на децата со епилепсија. Таа е приказна за разликите меѓу децата, игрите, зошто некои деца може и смеат с`, а некои не можат. Ова е една театарска игра во која се прашуваме „зошто ти не можеш“, но не го прифаќаме одговорот „ете така“, туку бараме објаснување за него – вели актерката Јулија Мирчевска, програмски директор на фестивалот.На синоќешното отворање на „Битолино“ се претстави и Театарската школа „Бабец“ од Битола со перформансот „Тажната нула“, приказна која преку јазикот на математиката раскажува за сите луѓе кои во еден момент од животот средината ги гледала како нула. Вчера се одигра и претставата„Звучи зун зун“ од Домот на бајките од Шваедска.Гостуваат театри од шест земји .Оваа детска претстава беше посветана на конвенцијата на ОН за правото на секое дете да биде вклучено во културни настани. Претставниците на овој театар всушност беа гласот на безгласните, на оние кои во реалноста не се главни јунаци, односно на обесправените , на оние што никогаш не добиле шанса.– Ова е уште еден доказ дека театарот нема тема со која не може да се занимава и дека има образовна и забавна улога – додава Мирчевска.Битолино“ трае три дена, од 5 до 7 август, а на него ќе настапат театари од Хрватска, Израел, САД, Шведска, Австрија и Франција. Денес на фестивалската сцена ќе биде одиграна комична претстава на дружината Модин од Израел, „Четири басни и кралицата“ во режија и изведба на Рути Тамир, наградена за најдобар актер на Израел во 2013 година. Потоа седува претставата „Гласно и тивко“ на театарската компанија „Син пламен“ од Грац, Австрија со многу специфична сценографија во форма на триаголник.Последниот фестивалски ден, односно во петок, настапуваат „Маска театарот“ од САД со „Овоштарникот со праски“ на Лери Хант, познат изведувач на куклени претстави во светот. На крајот е кореодрамата „Kралицата Kонг“ во продукција на денс-компанијата „Ла базока“ од Авр, Франција.
Фестивал што децата го сакаат
– Горди сме на сè она што го имаме направено. На „Битолино“ досега учествувале 19 земји од целиот свет, секоја година имаме над 1.000 посетители. Ова е фестивал кој децата го сакаат, почитуваат и поддржуваат. Минатата година ја формиравме детската Театарска школа „Бабец“, а оваа година направивме еден пионерски чекор, воведовме редовен репертоар на детски претстави, а тоа досега во Битола го немало никогаш. Самиот факт дека имавме 21 изведба со слободна продажба во само два месеца и имавме посетеност од 2.600 деца заборува дека сериозно на Битола и недостига ваков тип театар – рече Васко Мавровски, директор на фестивалот.Фестивалот е финансиски помогнат од Министерството за култура, општина Битола и други спонзори, а се одржува во рамките на „Бит-фест“

Магдалена Ризова Черних слави 25-годишен јубиле

Во денешно време потешко е да го насмееш народот, отколку да го расплачеш.

“Секогаш имало и ќе има интерес за театар, децата растат, доаѓаат нови генерации, сите се интересираат и тој интерес никогаш нема да згасне. Театарот е буре без дно, секогаш ќе има публика која ќе доаѓа да ги гледа претставите”, вели Магдалена Ризова – Черних

Играте во театар, ве гледаме во серии, водите детско драмско студио, се занимавате со педагошка дејност. Како успевате да балансирате меѓу сите овие обврски?

-Ако се сака, се се може. Нема – не можам, немам време, зафатена сум… Си ја сакам работата и досега не сум одбила ниту една претстава, независно дали се работи во мојата матична куќа или за гостување во било кој дел од Македонија. Само што сега со годините, повеќе се концентрирам во Скопје, повеќе внимание посветувам на работата со децата и студентите. Но, се ме исполнува и театарот, и сериите и факултетот… Животот си тече, и подготвена сум на секаков предизвик. Сакам театар, филм, серија… Тоа ми е работа, за тоа сум предодредена. Можеби понатаму во животот би почнала да пишувам текстови, некои драми, да ги споделам своите искуства…

Долги години водите детско драмско студио. Има ли интерес кај децата за глумата и дали се посветени?

-Да, веќе 20 години работам со деца и млади од 8 до 18 години кои сакаат да глумат и можам да кажам дека се повеќе се зголемува интересот. Секојдневно на телевизија гледаат филмови, драми, приказни, па сакаат и тие да знаат како е да се глуми. Дел од нив,најдобрите, учествуваа и во одредени претстави во МНТ, во “Електра”, “Аладин”… па се стекнуваат со искуство. Со самото тоа полесно им е понатаму доколку сакаат да се запишат на факултет, па кога ќе завршат влегуваат во театри. Инаку, групата брои околу дваесетина членови, редовни се, посветени и доаѓаат пред се поради дружењето.

Како ги препознавате талентите или е сепак потребна напорна работа?

-Талентите се гледаат од мали, уште од 8-9 години и знам које дете ќе доаѓа и ќе стане актер, но се случува одредени талентирани деца да се запишуваат и на други факултети, на право, медицина… Има и такви кои се упорни и успеваат со напорна работа. Веднаш се гледа желба за работа, па ако не успеат да се запишат од првпат на драмски, упорни се и доаѓаат и вторпат и третпат. Па и јас сум примена од вторпат на ФДУ.

Што мислите за тоа студентите да се калат на професионална сцена и кои се предностите?

-Во последната претстава “Дони Дарк” во Театар Комедија главната улога ја игра студент, и сите сакаат да заиграат на професионална сцена, но не секој ја има таа можност. Сепак влегуваат во разни серии, филмчиња, јавноста ќе ги примети, како и режисерите… Не е секогаш онака како што замислувале, но, нема откажување. Се случуваат и кризи, но доколку навистина ја сакаат глумата, ќе истраат.

Бидејќи имате искуство и на филм, во серија, на театарската сцена, што е всушност најголем предизвик и кои се разликите за еден актер?

-Има разлики и тоа големи, се си има своја убавина. Во театарот се е сега и веднаш, нема враќање, се снаоѓаш веднаш, го играш моментот, а во филм или серија може сцената да се врати по 13, 14 пати, се додека не биде како што треба. Со самото тоа многу потешко и поголем предизвик е да се работи во театар, но и поголема сатисфакција е бидејќи публиката е тука, околу вас.

Колку во денешно време има интерес кај народот да доаѓа во театар?

-Секогаш имало и ќе има интерес, децата растат, доаѓаат нови генерации, сите се интересираат и тој интерес никогаш нема да згасне. Театарот е буре без дно, секогаш ќе има публика која ќе доаѓа да ги гледа претставите.

Дали сакате повеќе да глумите во сериозна претстава или во комедија?

-Порано играв само во сериозни претстави, потоа почнав да глумам во комедии. Јас не правам разлика. Се е до режисерот, зависи како ве гледа, како комичар или како трагичар. Мое е да одглумам, а нивно да одберат. Јас подеднакво ги сакам и комедијата и драмата. Иако, мислам дека во денешно време е многу потешко да го насмееш народот, отколку да го натераш да се расплаче.

Ве гледавме и во Македонските народни приказни, дали повторно ќе снимате овој тип на серии?

-Да, снимив 171 претстава за година и половина и мора да кажам дека ми се прираснати за срце. Се надевам дека наскоро проектот повторно ќе започне. Треба да се погоди целата екипа, од актерите до режисерот, снимателите, да се знаеме и исто да размислуваме. Тогаш многу лесно влегувате во приказна. Ако екипата и атмосферата се добри, тогаш и производот е добар.

За крај дали подготвувате некој нов проект?

-Неодамна премиерно беше одиграна претставата “Дони Дарк” во која глумам. Атмосферата и екипата беа добри и испадна подобро отколку што очекував. Сакам да работам во проекти во кои луѓето се заангажирани се да испадне како што треба. Во подготовка е и нов филмски проект, но повеќе информации ќе се знаат за два до три месеци. И во мојата матична куќа МНТ следуваат нови проекти… (Д.Т.)

позамено од vecer.press

Tеатар  „Бабец“

Мисија
Нашата мисија е да се понуди на децата од сите возрасти, од 0 до 15 години, театарската уметност како секојдневие при нивниот раст и развој.Ние сакаме да се воспостави комуникација и да се започне дијалог со нашите млади луѓе за тековните и секојдневните теми за кои тие се интересираат, односно за теми кои го заземаат нивното внимание.Нашата мисија е да се подигне театарот за деца на исто ниво како „театарот за возрасни“ и сигурно ќе го направиме ова со стремеж кон совршенсвото и високи уметнички критериуми при создавањето на уметност за деца. Нашата мисија е да ги поддржиме и да ги афирмираме нашите автори кои творат во Македонија, но и да истражуваме во европската и светската драматургија за деца. Нашата мисија е да ја вклучиме театарската уметност во нашиот систем за образование на сите нивоа, да се едуцираат едукаторите, публиката и уметниците.
Визија
Визијата на Бабец театар за во иднина е создавање на современ театар за деца кој ќе претставува уметничка, а не образовна институција Тоа е театар што ги развива децата преку уметност, а не ги едуцира за уметност.Театар во кој публика се децата од денешницата, а не публика од иднината и на крајот на краиштата да создаде театар кој е рамноправен дел, а не дополнително средство кон воспитувањето и образованието на децата. Посакуваме Бабец театар во иднина да биде еден од европските театарски центри, во кој ќе се раќаат нови идеи и концепти за развој на театарската уметност за деца секако следејќи ги новите светски трендови.Оваа цел е возможно да се постигне само со безкомпромисна посветеност при работата со деца и за деца.

Екипа
ВАСКО МАВРОВСКИ,
извршен продуцент и директор на ИДТФ Битолино
Роден е 10.09.1981 год во Битола, дипломирал на Националната академија за театарска и филмска уметност “Крсто Сарафов” во Софија на отсекот драмски актер во класата на проф. Стефан Данаилов. Својата професионална кариера ја започнува во 1999 год и досега има реализирано повеќе од 20 рољи, застапен е во постановки на светски класици и домашната драматургија, учествувал во повеќе филмови реализирани од домашни но и од светски познати продукции. Во својата кариера како продуцент се потпишува на десет успешно реализирани проекти. Од 2010 година е вработен во Н.У. НТБ и е основач и претседател на управниот одбор на ЗКУ Детски театар – Битола кој е член на Светската асоцијација на детски театри АССИТЕЈ и Центарот на детски театри од средна и југоисточна Европа ТЕАТАР ЕПИЦЕНТАР. Од 2011 година е директор на ИДТФ Битолино.

ЈУЛИЈАНА МИРЧЕВСКА,
програмски директор и селектор на ИДТФ Битолино
Родена 03.04.1978 год. во Штип, дипломиран актер , Факултет за драмски уметност Скопје, класа на проф. Владимир Милчин.Од 2002 год е вработена во Народниот театар во Битола,покрај настапите на матичната сцена играла во повеќе градови низ Македонија а настапувала и на многу европски и светски фестивали (Париз, Москва, Њујорк, Торонто, Истанбул итн) одиграла повеќе од триесет улоги, автор е на пет драмски текста за деца , режирала четири детски претстави. Основач е на Детскиот театар – Битола. Добитник е на наградата за најдобар млад актер на театарскиот фестивал Војдан Чернодрински и најдобра женска улога на Фестивалот на античка драма СТОБИ во 2012 год,

АЛЕКСАНДАР КОПАЊА, АКТЕР

 

Во прво лице 

ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ- ТОТАЛЕН ИГНОР!!!

 

  1. ЗА СЕБЕ: Длабок хиперемотивен удар …

2 . ЗА ЉУБОВТА: “… сакам да лежам покрај тебе и нечујно молчејќи да ти зборувам:”Љубов, Љубов, Љубов!!!”” Е.М.Ремарк (“Писма”)

  1. ЗА ЖИВОТОТ: Театар.
  2. ЗА ТЕАТАРОТ: ФАНАТИК !!!!
  3. ЗА ДОБРОТО: Секогаш да е присутно…
  4. ЗА ЗЛОТО: За жал неизбежно …
  5. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Тотален Игнор !!!

 – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ?: Креативни Музи !!!

  1. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Непотребна.
  2. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Кислород.
  3. ЗА КОЛЕГИТЕ: … од крајност во крајност… секој спрема заслугите.
  4. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Секојдневно ги играм.

12 . ЗА ИДЕЈАТА: По секоја цена да се реализира.

  1. ЗА СОНОТ: Јаве.
  2. ЗА ЈАВЕТО: Сон.
  3. ЗА ВИНОТО: За жал забрането… но ако треба да наздравам, тогаш Водка.
  4. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Благослов.
  5. ЗА КРАЈ: “Најпосле Крај” (монодрама)