20 Март – Светскиот ден на детските театри порака испратена од Македонија „ Бабец „

 

Денес е светскиот ден на детските театри и по тој повод има две пораки, Македонија и театар за деца,, Бабец” од Битола ја имаа таа чест оваа година. Да ја испратаи едната порака од сите .

20.03.2018 Порака за Светскиот ден на детските театри, од Мо Вилемс (автор, илустратор, драматург, но некогаш и дете)

“Светски ден на театарот за деца? Навистина? Зошто вие, од сите луѓе, би однеле дете да гледа детска претстава?Зарем немате пoважна работа отколку да гледате група возрасни, кои обично се толку сериозни и досадни, како се однесуваат глупаво, викаат, тажни се или смешни само за да го воодушеват детето што го сакате? Навистина, кој сака да биде транспортиран во свет на имагинација и приказна? Кој сака да доживува ликови и емоции кои се истовремено нереални а сосема соодветни? Дали навистина во вашиот живот ви е потребна магијата, трансформативната магија на изведбата во живо? Дали гледајќи ја таа магија преку детските очи правите добро за себе? Ајде малку сериозно: дали сакате да создавате спомени кои ќе бидат поттик за игра во иднина на детето што го сакате? Чекај.Тоа звучи неверојатно.Кога сте удобно сместени во вашето седиште и завесата се крева, знајте дека ќе доживеете повеќе од претстава, ќе создадете нова, посебна врска со детето кое е посебно за вас. О, и тоа дете, веројатно, ќе се забавува. П.С .: Светскиот ден на театарот за млада публика е 20 март 2018 година. Но, трансформативната магија на театарот е продолжена на неодредено време,

20.03.2018  Македонска порака за Светскиот ден на детските театри, од Јулијана Мирчевска – актер, едукатор, основач на “ Бабец “ театар, програмски директор на ИДТФ Битолино.

Денес кога мирот ни е украден од политичките превривања, денес кога политичките превривања уништуваат соништа, денес кога сонот на секој просечен човек е да најде малку мир, денес кога секој се бори за човечки права но врз грбот на другиот, денес кога лицемерието, ниските страсти и духовната празнотија се гаранција за успех… – Има ли смисла човек да се занимава со театар!!! Да има!!! Повеќе од било кога!!!Ова време очајно има потреба од театар, вистински театар, вистинска уметност. Зошто детски театар? Зашто од најрана возраст децата треба да се поттикнат на размисување, да се нападнат со уметност сите нивни сетила, тогаш ќе создадеме генерации кои со сигурност ќе донесат подобра иднина.

Детски театар од Битола ,, Бабец ” театарот за деца, го добил името по еден од најпознатите актери во Македонија, Петар Стојковски – Бабец, а е дедо на актерот Васко Мавровски кој е директор на театарот и на Фестивалот “Битолино„ заедно со неговата сопруга Јулија Мирчевска – актерка, програмски дирекрот на театарот и фестивалот. Тие покрај пофисоналаната работа во матичниот театар се зафатиле сериозна да го изградат овој театар. За да добие место детските срца.

Детски театар „ Бабец „ постои 8 год. Во склоп на овој театар се организираме ,, Битолино ” првиот интернационален детски театарски фестивал оваа година ќе е 8 издание, а 4 год. има и детска театарска школа членки на АССИТЕЈ е од 2013 год.

Mиле Вратеоски – Актер

 

Во прво лице

ЗЛОТО Е НЕДОСТАТОК НА ДОБРО

За себе – Најтешкото прашање прво.хахаха Јас сум едно зрно песок, кое си го бара своето место на оваа огромна плажа.

За љубовта.  – Таа е тој перпетуммобиле што го движи светот, без неа би бил светот едно големо ништо.

За животот.  – Животот тоа е љубовта.

За театарот.  – Театарот тоа е Животот – Тоа е љубовта.

За доброто.   – Доброто е еден загрозен вид, кој што го задскриваме во маргините на овој механички свет во којшто живееме.

За злото.  – Злото не постои,тоа е само недостаток на добрина.

За непријателите  – За кој?

А за пријателите – Непроценливо богатство.

За глумата во животот  – Генерално многу глумци, но малку актери. Многу го имаат “студирано Станиславски”. Јас лично сега помалку Чеховски го играм Стриндберг со моите две принцези-Ана и Теона,а во антрактот “Влјубениот Шекспир”(Слушајќи го Леонард Коен).

За сценската прашина. –  ООО! Тоа не е обична прашина, тоа е магична прашина. Кога би ја ставиле под микроскоп, би ги виделе сите Јулии, сите солзи на трагедиите сите насмевки што броделе низ театарот.

За колегите  – Театарот е колективна игра. Како и во животот, човекот не може да биде сам.Затоа го сакам зборот Партнер на сцена  бидејќи го отсликува чувството дека театарот е мој втор дом и колегите, моето второ семејство.

За неодиграните улоги  – .Се што е мое ќе си дојде, ама повеќе од пет минути не го чекам. Што би рекол Прличко…

За идејата – Работата раѓа идеи, а идеите го движат светот.

За сонот.   – Сонот е желба што ја посакало твоето срце а мозокот ја претвора во идеја, а тоа другото го знаете.

За јавето.  – Јавето е исполнета желба на срцето.

За виното  – Колку страници имам на располагање?

За семејството  – Најважното нешто во мојот живот.

За крај  – Љубовта , сонот и почитта, никој не може да ни ги одзеде – Искористете ги.

Сезоната 2017 во Театар „Јордан Х.К-Џинот“, Велес

 

ОСУМ ПРЕМИЕРИ, 120 ОДИГРАНИ ПРЕТСТАВИ

Сезоната 2017 Театар „Јордан Х.К-Џинот“, Велес ја заврши со 8 реализирани премиери, од кои 5 одобрени и поддржани со Националната програма за култура, 2 од сопствени средства и 1 копродукција. Во рамките на Годишната програма за работа, со поддршка на Министерството за култура на Р.Македонија беа реализирани претставите „Ана Комнена“, „Театар љубов моја“, „Песни за татковината“, „Синиот портокал“ и „Тирамису“.

Од сопствени средства Театарот ги продуцираше претставата за деца „Волшебникот од Оз“ и комедијата „Вдовицата се мажи“. Во копродукција пак со „Северно од Импакт“ беше реализирана претставата „Шумата на моето дрво“. На редовниот репертоар на театарот во 2017 година беа одиграни 120 претстави кои ги посетиле 20.000 гледачи. Театарот имаше и повеќе успешни гостувања и фестивалски настапи каде што освои и неколку награди. Во подготовка е и новата продукција на претставата „Тоалет за дами“, која театарот ја реализира од сопствени средства и чија премиера е предвидена за 26 јануари.

„Ацо Шопов“ од Штип 2017

 

Претставата “Ричард 3” од Вилијам Шекспир е дел од добиените
проекти од Национален интерес за 2017 на Националната установа – Центар за култура „Ацо Шопов“ од Штип.
Драматизацијата на текстот ја работеше режисерот Пламен Марков од
Бугарија, a драматург беше Габриела Коцева Тулиев.

Во претставата играат – Хенри 6 – Миланчо Георгиев-Роне, Едвард 4 – Раде Рогожаров, Џорџ Кларенс – Владимир Тулиев, Ричард Глостер – Иван Калошев како гостин, Бакингам – Ефтим Трајчов, Лорд Хастингс – Милорад Ангелов, Лорд Стенли – Миле Вратеовски, Лорд Ривер – Пеце Ристевски, Тирол – Виктор Арев, Брекенбери – Стојан Арев, Едвард Кларенс – Лазарчо Горгиев како гостин, Хенри Ричмонд – Петар Јанев како гостин, Маргарита – Марија Минчева Андонов, Елизабета – Кристина Атанасова Арсова, Војвотката од Јорк – Валентина Георгиевска, Леди Ана – Анѓелка Нашкова, Џејн Шор – Елена Шорова Дербов, Маргарита Плантагенет – Емилија Ристевска како гостин.
Сценограф и костомограф на претставата беше Мира Каланова од
Бугарија. Изборот на музиката го направи Калин Николов од Бугарија.
Премиерата на претставата беше на 04-06- 2017.

Претставата “Умри машки” од Алдо Николај е дел од добиентите
проекти од Национален интерес за 2017 година на Националната установа – Центар за култура „Ацо Шопов“ од Штип.
Преводот и адаптацијата ја работеше режисерот Коле Ангеловски.
Драматург на оваа претстава беше Габриела Коцева Тулиев. Сценограф и
костимограф на претставата беше Илина Ангеловска. Режисерот работеше и на изборот на музиката. Актерската екипа беше во состав: Ефтим Трајчов
како Бруно, Душица Тренева како гостин во улогата на Ева и Милорад
Ангелов како Марио. Видеата кои се користат во претставата ги изработи
Никола Ристов. Претставата премиерно беше изведена на 16-12- 2017 година.

Претставата “Дедо е секогаш во право“ од Ханс Кристијан Андерсен,
во режија на Никола Ристов е работена од сопствени средства на
Националната установа – Центар за култура “Ацо Шопов“ – Штип. Преводот и адаптацијата ги работеше Никола Ристов.
Избор на музиката го направи режисерот Ристов во соработка со
актерската екипа. Актерската екипа беше во состав: Раде Рогожаров, Елица
Арева и Мирко Голомеов (како гостин). Анимациите, текстот и аранжманот
на песните ги направи режисерот Ристов, а песните ги исполнија Елена Шорова Дербов, и Марија Минчева Андонов. Режисерот Никола Ристов ја
направи подготовката за плакатот и каталогот за претставата. Премиерата
беше закажана и оддржана на 18-02- 2017 година.

Претставата ,,Волшебната ноќ,, се работеше по мотиви од приказната
,,Убавицата и ѕверот,,. Режијата, изборот на сценографија и костимографија беа на Драгана Милошевски – Попова, избор на музика Елена Шорова Дербов, сонгови Влатко Миленковски, драматург Наташа Маневска, играа: улогата на најубавицата Елена Шорова Дербов, Виктор Арев – принцот/ѕверот, Валентина Ѓоргиевска – волшебничката, Мирко Голомеов – Иван/Рипалко к.г. и Нела Ангелова – Софија к.г., во улогата на Дедо Мраз: Страшко Милошевски, Раде Рогожарев и Милорад Ангелов.
Претставата се работеше од сопствени средства. Претставата
премиерно беше изведена на 23-12- 2017 година.

Националната установа – Центар за култура “Ацо Шопов“ од Штип
петта година е организатор на Театарскиот фестивал за деца и младинци
“Малиот принц“.

На отворањето (24-09- 2017 год.) на Фестивалот настапи
Националната установа – Македонска опера и балет од Скопје, со претставата “Операта на шумските животни“. Фестивалот за отворен го прогласи г-дин Илчо Захариев, градоначалник на Општина Штип.
– Вториот ден (25-09- 2017 год.) настапи Националната установа –
Македонски народен театар од Скопје, со претставата “Силјан Штркот
Шанца“.
– Третиот ден (26-09- 2017 год.) настапи Националната установа – Театар
за деца и младинци од Скопје, со претставата “Гига мега бајка“.
– Четвртиот ден (27-09- 2017 год.) настапи Театар “Крик“ од Скопје, со
претставата “Маша и нејзината волшебна приказна“.
– Фестивалот беше затворен на 28-09- 2017 година, со претставата
“Јованче и Марика“ на Театар “Бабец“ од Битола.
За Време на Фестивалот на 25 и 26 септември беа прикажани кратки
слатки претстави за деца на Наш мал театар – Театар на сенки и тоа
претставите: “Бурсунсул и Паскалине“, “Заробената љубов“ и “Марко патува
околу светот“.
Исто така на 25 и 26 септември беа организирани и работилници
насловени како “Создади ја својата приказна“ со деца од основните училишта
од Градот.

За teatarce.mk
Габриела Коцева Тулиев

Промоција на публикацијата „ Римски театар – Скупи ( истражувања 2013-2016 )“

 

Излезе публикацијата „Римски театар – Скупи (истражувања 2013-2016)“. Автори на ова двојазично македонско-англиско издание се група професори, археолози и долгогодишни истражувачи на овој археолошки локалитет…

Издавањето на публикацијата е реализирано со финансиска поддршка од Министерството за култура на Р. Македонија и е помогнато од Управата за заштита на културно наследство, Музејот на град Скопје и Филозофскиот факултет-Универзитет Св. Кирил и Методиј, а меѓу авторите се: Антонио Јакимовски, Ленче Јованова, Марина Ончевска Тодоровска, Марјан Јованов, Гоце Павловски, Драги  Митревски и други.  Промотор на ова капитално издание ќе биде проф. д-р Елица Манева.

Публикацијата „Римски театар Скупи“ е резултат на сознанијата добиени од археолошките истражувања на просторот од театарот во Скупи, во рамки на проектот „Антички театар – Скупи – истражувања, заштита, конзервација, реставрација, реконструкција и презентација 2013-2017 година“, капитален проект на Владата на Република Македонија во областа на културата, реализиран со посредство на Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство.

Публикацијата претставува презентација на самиот театар, како и сознанијата за останатите културни хоризонти откриени на просторот од театарот, што овозможува следење на целата културна стратиграфија и историја на градот Скупи. Во публикацијата се претставени и стручно-научно анализирани сите градби, структури и појави најдени на просторот од театарот, како и најрепрезентативните предмети од откриените околу 10000 разновидни наоди од праисторијата, антиката и средниот век.

 

 

Архетипските и митски симболи во драмската трилогија „Вечна игра“ од  Митко Маџунков

3.

Согласно повеќезначенската симболика на водата, посебно се осврнуваме на водата како „комуникациски мост помеѓу реалноста од оваа страна и реалноста од онаа страна, помеѓу светот на луѓето и светот на духовите“[1]. Морето е централната оска околу која гравитираат ликовите, кон него се свртени и надежта и стравот. Во некои верувања на Блискиот Исток морето е живеалиште на силите на немирот и злото. По својата симболика морето истовремено е слика на животот и на смртта, морето има божествена особина, да дава и да одзема живот, а според апокалипсата во новиот свет морето повеќе нема да постои.[2] Водата е патот по кој се стигнува до оностраното, таа е некаква замислена граница меѓу световите. Цитатот од Цепенков кој стои на почетокот на драмата „Пуста земја“ е во функција да се нагласи тоа преместување во пределите на непознатото и оностраното. Патувањето по вертикала е митска претстава за магискиот лет по вертикала, кога душата го остварува магиското патување меѓу световите (нешто што е во суштината на шаманистичката митологија). Митологемата симнување во долниот свет во третиот дел од трилогијата е целосно застапена, со тоа што, авторот воведува ликови кои во целост ја аргументираат истата.  Ликот на бабата Фима е лик медијатор меѓу реалниот и имагинарен свет, таа, согласно древните митски претстави за постоењето канал на комункација меѓу световите, ги пренесува информациите со тоа што има моќ да „премира“ (за момент да го напушти земниот свет и со душата да отпатува); Ликот на Мумијата („вита жена во црно, млада и стара како вечноста“), од сферите на женскиот архетип на смртта, нејзината појава целосно кореспондира со претставите за смртта; Ликот на Огнен Трендо, ги има атрибутите на лик посредник меѓу животот и смртта , „јас с`м жиф мртовец, а не ас`лен“, а опашката како зооморфна карактеристика зборува за неговата метаморфоза; Рабаџијата/Казанџијата, Пражителот, Пратеникот на Круцифер Пајакот, Демонот, Демонката и Демончето.

Дестилирана како спомен од древен симболички архетип, претставата за патувањето во светот на мртвите секогаш буди спонтана реакција на страв од неизвесното и непознатото. Патувањето на душите post mortem (по смртта) всушност е симболично патување до себеси и пронаоѓање на изгубената човечност. Патувањето во подземниот свет многу повеќе е самоодбрана, самооправдување отколку самоказнување.[3], Иљо М. останува свој на своето и покрај заканата за жртвувањето на најмилото. Ваквата филозофска поставеност на мотивот, авторот ја надополнува со симболи кои, преземни од митот и фолклорот, создаваат атмосфера на вистинско задгробно патување на душата. Како важна митолошка категорија се појавува оддалеченоста на светот во кој престојуваат душите на умрените, свет кој секогаш е далеку од реалниот, а до него се стигнува по долго и мачно патување. Неиздиферинцираноста како значајна митологема за светот на мртвите, означува недостапност, неосвоивост, зголемувајќи ја инфериорноста на живите во однос на смртта.[4] Особено впечатливо е присуството на коработ (налик на гемијата на Силјан)  како симбол на преминувањето од една состојба во друга, од еден свет во друг или од една состојба на сознание во друга.  Како старецот Харон кој во дантевиот Пекол  ги пренесува душите  преку реката Ахерон, така ликовите сами тргнаа кон морето во потрага по сопствениот пекол. „Со кораб доаѓаат оние што јас ги доведувам, вие дојдовте сами…сами го забрзавте тркалото на историјата, на својата сопствена, мислам, лична историја.“ (Мумијата). Ваквите зборови на Мумијата имаат висока семантичка вредност, во однос на толкување на идејата на авторот при создавањето на делото.

Екстериерот на почетната сцена во последниот дел од трилогијата (драмата „Пуста земја“) е обоен во доминантни темни тонови, а во позадина се слуша р`жење на коњи и виење на волци (Волкот како слуга на Ѓаволот,  и` припаѓа на нечистата сила.[5] )Коњот со својата многузначна симболика е податлив за анализа кога се гледа од перспектива на митски симбол.  Како еден од древните архетипови на човештвото, коњот ја симболизира силата и брзината, хтонски симбол чија таинствена моќ ја заменува човековата во моментот кога оваа згаснува, односно на прагот на смртта. Сликата на крилатиот коњ во некоја иницијална форма ја среќаваме во ликот на Фимчето кој ја тера дрвената кола со коњите : Ќе ги терам се` додека не летнат!  Едновремено народните сфаќања за симболиката на коњот одат во насока на негово перцепирање како посредник меѓу горниот и долниот свет, а кај Европејците воопшто, коњот како симбол се толкувал како предвесник на смртта. Бидејќи е видовит и пријател на мракот, тој има функција на водач и посредник-психопомп.[6]

            Имагинарното, просторот „зад моорто“ изобилува со ликови и предмети кои алудираат на свет кој е опозитен на земниот, „празен, пуст предел од онаа страна на морето“. Воочливо е потенцирањето на огновите кои постојано горат, алузија на пеколот кој во потсвеста на човекот скоро секогаш е слика на вжарен оган, казан, катран кој врие и во него страдаат душите на грешниците. Сепак огнот е прасимбол кој влече корени од човековите прапочетоци, овде се појавува со својата изворна симболика, ,,трансформација или премин од една состојба во друга.[7] Претставата за огнот ,,како проекција на Небесниот Оган, огнот во старите цивилизации се јавува како посредник меѓу двата света, небесниот и земниот[8], е во функција на просторната определба на драмскиот простор. Кај древните Ацтеки огнот симболизирал ритуална смрт и препородување. Токму идејата за духовното препородувањето се дестилира на крајот од долгиот процес на духовно умирање. Како материјалното и хедонистичко тело, да се замени со духовното обдарено со висок морал и етика, како прерано не би се качиле на коработ кој оди во правецот на пустата земја. Пустината во христијанството има двојна симболика. Таа е како јалова, опустошена и ненаселенена земја за човекот значи свет оддалечен од Бога и прибежиште за демоните, а од друга страна е место каде човекот и` пркоси на својата природа и на светот. На крајот сè се сведува на бесмислената потрага по одговорот на едно длабоко филозофско прашање, дали човековиот живот е само една партија шах на доброто и злото, партија чиј резултат е реми.

Тенденција на авторот при создавањето на трилогијата е „да се отсртани фолклорната лушпа на струмичкиот говор и да се дојде до неговото јадро, за тој да стане достоинствен драмски говор на којшто луѓето се раѓаат, живеат и умираат, а не провинсциски дијалект за терање шеги.“ [9], создаде оригинално драмско дело. Митко Маџунков со своите драми од трилогијата „Вечна игра“ го достигна тешко достижното, да испрати универзални пораки на јазик кој е разбирлив за една локална и мала средина. Но, како што вели и самиот автор, „величината на јазикот не зависи од неговата распространетост, туку од она што е кадарен да искаже.“ Делото на Маџунков е најсилниот аргумент за кадарноста на струмичкиот дијалект да проговори за големите вистини чие разобличување е болно и страдално.

„Добро е да го чуваш својот дијалкет“, му рекол еднаш големиот Блаже Конески на Маџунков, „тоа е како да имаш два костума, делничен и празничен“. Облечени денес во „подарениот празничен костум“ да не заборавиме дека под светнатата празнична кошула, телото ни го покрива и чува и душата ни ја стоплува делничната поткошула од басма или памук, која уште си ја чува својата белина, ткаена од рацете на нашите предци и оставена да им ја предадеме како аманет на нашите идни поколенија.

Крај.

Д-р Ана Витанова Рингачева

Мартин Јорданоски – актер

 

Во прво лице

ЖИВОТОТ НЕ ЗАВРШУВА СО СМРТТА

  1. ЗА СЕБЕ– Млад, убав, згоден, весел, насмеан. Просто, да ме грабнеш и да бегаш.

2 . ЗА ЉУБОВТА:– Без љубов сме ништо. Останува само една црна празнина која нема крај. Љубовта треба да се дарува секојдневно. Не само на луѓето. Тука се животните, растенијата и водата. Пробајте да гушнете дрво. Пробајте пред да испиете чаша вода да ја опсипете со убави мисли. Универзумот секогаш ќе ви врати отповеќе љубов. Мислам дека љубовта е единатвеното нешто кое ме одржува во живот.

  1. ЗА ЖИВОТОТ: Животот е едно големо тркало. Секогаш има горе и долу. Има падни и стани. Сметам дека е многу важно да се има позитивна мисла во секоја ситуација. Но, во едно сум сигурен. Каков и да е, животот е убав…и не е само еден. Тоа е уште поубаво. Животот не завршува со смртта.
  2. ЗА ТЕАТАРОТ: Театарот е исто така споен со љубовта. Не се објаснува со зборови, се доживува. Театарот е нешто што го носиш во себе и со себе 24 часа во денот. Ако не сум сценски активен повеќе од една недела, имам вишок енергија која не се троши со вежбање, трчање и сл. Се троши само со играње на сцена. Физички и емоционално. Театарот е света работа. Како што за некој е црквата, така за мене е театарот. Во театар има пишани и непишани правила. Во театар не се влегува со капа, кратки панталони, пуканки, пијалок. Не се аплаудира за време на претстава (има исклучоци). За тоа сме виновни делумно ние, театарџиите и театарските куќи, зашто не ја едуцираме доволно публиката. Треба да поработиме на тоа заедно. Да ја кренеме театарската култура на повисоко ниво. Со тоа ќе се крене и квалитетот на претставите. Инаку и филмот е убава работа.
  3. ЗА ДОБРОТО:– Доброто секогаш ќе го победува злото. Но, еден ден ќе завладее ера на љубовта. Се надевам дека ќе го доживеам тоа. Едноставно е, само на некој тоа не му одговара…финансики, егоистички.
  4. ЗА ЗЛОТО– Злото не е убава работа. Кога си злобен т.е. имаш злобна мисла, пред се му штетиш на твоето тело, на твојот организам, на твојата вода. И кармата се враќа посилно. Затоа треба да се шири љубов, љубов и само љубов.
  5. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ:– Ги имало и ќе ги има, но секогаш се добредојдени за да не поттикнат да сме уште поцврсти. Благодарен сум им. Не им мислам ништо лошо на ниту еден од нив, баш напротив.

 – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Малку се, ама се секогаш тука и многу ми е драго што сум сигурен дека можам да се потпрам на нив. Фала Ви!

  1. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ :– Ретки се тие кои се добри во тоа. Многу се тие кои мислат дека се добри. Да ја оставиме глумата на глумците. Да бидеме искрени и отворени во животот.
  2. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА:– Ја има премногу. Добра е, го зајакнува имунитетот, но можеш да фатиш и некоја болест на грло. Има посебен мирис и вкус. Многу е непријатна за публиката, бидејќи тие не се навикнати на толку прашина. Сепак таа е дел од духот на театарот.
  3. ЗА КОЛЕГИТЕ:– Фантастични суштества со кои де се сакате, па расправате, па пак се сакате…но сето тоа е нормален дел од процесот, а нормално во функција на претставата.
  4. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ:– Сакам филмски улоги

12 . ЗА ИДЕЈАТА:– Најчесто ти доаѓа во тоалет, во 5 часот наутро пред заспивање…па утредента си заборавил на идејата. Треба да се има една основна идеја дека се натпреваруваме со самите себе и одиме напред

  1. ЗА СОНОТ:– Нека остане сон, за да не го подрекуваме.
  2. ЗА ЈАВЕТО:– Јавето, за жал, е една многу грда слика. Неколку пати пробувам да продолжам со одговоров, но ако продолжам или некој ќе ме тужи или ќе има бурни реакции. Многу работи не функционираат, а свесно се замижува со очи.
  3. ЗА ВИНОТО:– Еден од поубавите пијалоци, особено нели нормално, ако е квалитетно. Виното мора да се почитува. Не се меша со други течности. Се служи на одредена, препорачана температура за да можеш вистински да го почувствуваш. Во нормални количини, со здрав оброк, совршена комбинација. Надвор паѓаат крупни снегулки, ти седиш покрај каминот во дрвена викендичка и слушаш или музика по желба или како пукаат дрвата во каминот.
  4. 16. ЗА КРАЈ:– На негативната енергија да одговориме со позитивна. Да даруваме љубов колку можеме повеќе. Пробај да направиш едно добро дело во денот. Направи нешто различно. Истражувај. Пробај. Ако не пробаш, ќе се каеш, нема да знаеш.

 

 

За Госпоѓицата ДОРА МААР од Авињон

 

Секоја коцка не е добра за љубовта на жената. Дури и онаа најубаво спакуваната. Па и да е бела, шеќерна.  Слатката. На вљубената жена на која и треба слобода да дише слободно, за да може да ги полни своите гради со многу воздух. Се што е форма на коцка ја потсетува на пригушеност, полудување, горчина во себе, па дури и коцката шеќер. Мажот и ја подава  да ја разблажи горчината во устата, и здивот кој излегува од него. Здив кој, тој и го дал, со одземањето на слободата, а за возврат добила робство од оној кој е се, само не љубов. Тажна е приказната на една така кревка жена, која се уништува себе си, и покрај гадоста од се тој што и нуди, а сепак го сака.

Жена која се би направила за него, дури и да касне шеќер за да остане негова, по цена на својот живот. Но неговото не е послседно, и нема назад.

Здоцнета беше желбата нејзина за коцката, тој веќе ја заврза со својот мантил, ја смести во лудница. За да може понатаму да твори, а таа да живее, што подалеку од него. Заробена во ѕидовите кои се повеќе ја притискаа.  Таа потклекна пред себе и проба шеќер,  “ дарови “ на благост од подадените раце на сите негови жени. Кои ја почувствувале горчината на таа негова Љубов… Во тој момет се дава слика на женската лојалност, или, барем таа да се  спси. Од неговата љубов.

 

ДОРА МААР ― алијас СОФИА НАСЕВСКА-ТРИФУНОВСКА  во претставата        “ Госпоѓиците од Авињон “ која со својата силна емоција силно се втурна во живот на таа “тажна“ муза. Таа била сликар, фотограф и поетеса,тегобата дeka e стерилна, не ја напуштала. Била неговата тажна муза, онака како што тој ја доживеал или …

Девет години да бидеш во креветото на сликарот… А, да си тажна, насликана во светли, колоритни бои, би значело дека сликарот всушност, никогаш не ја видел нејзината тага. Или сакал да ја осветли во себе, за да биде со неа? Кој ќе ја знае тајната на сликарот, која се сеуште се крие, во сувата четка. На масата полна прав…

А Љубовта… ?

Гледачот

 

 

TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

Тихомир Стојановски

Да поместиме рани обредни пеани, химни од Орфеевото време.

“Молитва на Тиха” – Божица на среќата и судбата кај нашите предци, Македонците.

“Судбо, владетелке блага,

Те каниме на нашите празненства,

патеводилоко кротка кон среќа и благодети!

Ти, Артемидо, со име велико

од крвта света на Ѕевса што произлезе,

со слава неподелена,

гробна Божица скиталка од земните луѓе воспеана.

Така разнообразен животот на смртните почива на тебе.

Усреќуваш едни през обилие и придобивки,

други насочуваш кон бедност гнетна,

злоба возбудуваш…

Но јас те молам, Божице,

Ела благосклона в животот и дарувај ни блаженства

дарителко на благодети…”

 

Ова е една молитва на античката божица Тиха, почитувана од старите Македонци како Божица на судбата и среќата. Најдена е на златна плочка во римските катакомби на островот Крит, наречени се “Орфееви химни” имаат 1200 стиха, 363 фрагмента, датацијата е 4 век п.н.е.30

ТЕАТАРСКО ИНТЕРВЈУ СО КАЛИОПИ БУКЛЕ, МУЗИЧКА ДИВА

 

СОЗДАВАЊЕТО МУЗИКА Е ИСЦЕЛИТЕЛЕН ПРОЦЕС

Во текот на 2004 година, Калиопи со својата музика е присутна и на “штиците што живот значат”. Имено таа ја реализираше музиката за претставата Таа актерска куќа (адаптација на Дневникот на Ана Франк) во која главните улоги ги одиграа: Васил Зафирчев, Ѕвездана Ангеловска, Ана Костовска, Милица Стојановска и други. На 15 октомври 2004 година, во Скопје се одржа премиерната изведба на првиот македонски мјузикл Чија си, кој во текот на летото веќе беше промовиран во Охрид и Битола. Калиопи ја одигра улогата на Нина. Мјузиклот Чија си е дело на режисерката Виолета Џолева, која осмислуваќи го, инспирацијата ја нашла во истоимениот легендарен шлагер на Славе Димитров. Сценариото е на драмскиот писател Сашко Насев. Во овој неверојатен сценски перформанс, Калиопи покрај веќе афирмираниот вокал ги истакна и своите актерски способности.

Во декември 2004 година, се случи премиерата на претставата „Танц на ноќните пеперутки во Ориент-експресот“ на режисерката Виолета Џолева, работена по драмскиот текст на Петре Бакевски. Музиката за оваа претстава исто така беше дело на Калиопи.

Во септември 2005 година, во продукција на Македонската Опера и Балет, Калиопи ja напиша музиката за балетот “Јас Исидора” во кореографија на Олга Панго, кој доживива невиден успех и го издаде албумот “Me Isadora” со оригиналната музика.

Во 2007 година ја пишува музиката за првиот поетско игран филм,”Елегија за тебе”, посветен на македонскиот великан на поезијата, Коста Солев Рацин.

Иcто така ја работев оригиналната музика за претставата “ Алма Малер “ во Македонскиот Народен Театар по текст на Димоски, во режија на Васил Зафирчев.

Во периодот од 2016-2017 , инспирирана од текстот на Сашо Димоски “Госпоѓиците од Авињон” ,го започнува процесот на создавање на темите за музиката на истоимената театарска претстава, која на 23.02.2018 ја доживеа својата премиера во Македонскиот Народен Театар.

Дали тимот што е поврзан така духовно – уметнички, е лесен за соработка или е посебен предизвик?

– Под Театар подразбирам- колективна работа и сметам дека единствениот влез и излез на индивидуалноста е можен чекор , само доколку се стремиме кон усовршување на комплетноста на делото , усогласувајќи ги идеите и почитувајќи ги останатите индивидуалности. Тоа за мене значи духовно – уметничка поврзаност, додека пак предизвикот, секогаш го наоѓам во инспирацијата.

Колку е “ лесно “ да се склопи музика за една претстава, и од каде почнува, а како и каде завршува тој процес?

– Создавањето музика за мене значи исцелителен процес, бидејќи со секоја “исфрлена” тема, јас од внатре го чистам просторот и времето,за повторно да бидат вткаени во друга временска и просторна димензија.

Во театарот процесот започнува со раѓањето на нечија или некаква идеја , која треба да биде провокација за создавање. Во последниов случај, тоа беше текстот на Димоски. Уште за време на моето прво читање на “Госпоѓиците од Авињон” , во мене свиреше целосната оркестрација на главната музичка тема во претставата. Платната на Пикасо оживеаа , боите се разлеваа по ликовите од неговиот живот а Госпоѓиците од Авињон станаа мои ривалки. Тие не застапуваа ништо од сето она што јас би го направила или не би го направила. Дури не можев ниту да се сожалам над нивните судбини, токму заради нивните обезглавени души. Сметам, ова е барем мое лично мислење, дека процесот никогаш не завршува, бидејќи токму театарот не го дозволува тоа.

Многу тага се почувствува низ музиката во претставата…До толку ли жените носат тага во себе кога се со маж, кога нема возвратена љубов?

– Јас мислам дека тагата не е застапена толку во музиката ,колку во феноменалниот текст на Димоски. Од самиот почеток ми беше јасно дека тагата на Пикасовите музи не може да биде мој извор на инспирација.Така почнав да создавам теми кои се чист контрапункт на веќе распосланата емоција и состојба на главните ликови.

Музиката го осликува сето она што би можело да значи ново продолжение ,нов почеток или поточно- нов живот.

Затоа за мене по спојувањето на музиката со ретставата,најбрилијантното и најфасцинантно нешто беше тоа , што иако знаев колку инспиративно актерите ја доживеаа музиката, тие играа како намерно да ја игнорираат истата и како да и пркосат на емоцијата која таа ја носи. Затоа , мојата преработка на темата “Андерлето”, (старо сефардска песна), со сета нејзина контроверзност и сила, ја одбрав да биде музичкиот коментар во претставата.

Има ли Калиопи “куфер“ ноти, за многу претстави?

– Мојот “куфер” e преполн, но никогаш тежок. Секогаш пред да го отворам, гледам добро да го износам до најдалечните места,таму каде што само мислата може да отпатува.

Зошто малку те искористуваат на македонската театарска сцена?

– Јас сум таа која го лимитира моето присуство на театарската сцена. Не е квантитетот она што ме засега, туку провокацијата. Дури и во сферата на поп-рок музиката тоа од секогаш било така. Ако нема препознавање, соединување на мисла , емпатија, нема ниту уметност. Јас го работам само она што ми е предизвик и што не ме ограничува во мојата креативност.

Зошто така ја опеја вековната муза – Жената низ музиката во “ Госпоѓиците од Авињон“, и не пренесе низ векови и низ пеење, па раскажи ни за жената Кралица, слободна?

– Затоа што Жената сама по себе е музика. Жената муза- Жена Кралица, и под најсилни прангии ,Таа ја глуми слободата. Зарем има нешто понесовршено совршено?

Интервјуто го водеше Катерина Грозданова