Денес е светскиот ден на детските театри и по тој повод има две пораки, Македонија и театар за деца,, Бабец” од Битола ја имаа таа чест оваа година. Да ја испратаи едната порака од сите .
20.03.2018 Порака за Светскиот ден на детските театри, од Мо Вилемс (автор, илустратор, драматург, но некогаш и дете)
“Светски ден на театарот за деца? Навистина? Зошто вие, од сите луѓе, би однеле дете да гледа детска претстава?Зарем немате пoважна работа отколку да гледате група возрасни, кои обично се толку сериозни и досадни, како се однесуваат глупаво, викаат, тажни се или смешни само за да го воодушеват детето што го сакате? Навистина, кој сака да биде транспортиран во свет на имагинација и приказна? Кој сака да доживува ликови и емоции кои се истовремено нереални а сосема соодветни? Дали навистина во вашиот живот ви е потребна магијата, трансформативната магија на изведбата во живо? Дали гледајќи ја таа магија преку детските очи правите добро за себе? Ајде малку сериозно: дали сакате да создавате спомени кои ќе бидат поттик за игра во иднина на детето што го сакате? Чекај.Тоа звучи неверојатно.Кога сте удобно сместени во вашето седиште и завесата се крева, знајте дека ќе доживеете повеќе од претстава, ќе создадете нова, посебна врска со детето кое е посебно за вас. О, и тоа дете, веројатно, ќе се забавува. П.С .: Светскиот ден на театарот за млада публика е 20 март 2018 година. Но, трансформативната магија на театарот е продолжена на неодредено време,
20.03.2018 Македонска порака за Светскиот ден на детските театри, од Јулијана Мирчевска – актер, едукатор, основач на “ Бабец “ театар, програмски директор на ИДТФ Битолино.
Денес кога мирот ни е украден од политичките превривања, денес кога политичките превривања уништуваат соништа, денес кога сонот на секој просечен човек е да најде малку мир, денес кога секој се бори за човечки права но врз грбот на другиот, денес кога лицемерието, ниските страсти и духовната празнотија се гаранција за успех… – Има ли смисла човек да се занимава со театар!!! Да има!!! Повеќе од било кога!!!Ова време очајно има потреба од театар, вистински театар, вистинска уметност. Зошто детски театар? Зашто од најрана возраст децата треба да се поттикнат на размисување, да се нападнат со уметност сите нивни сетила, тогаш ќе создадеме генерации кои со сигурност ќе донесат подобра иднина.
Детски театар од Битола ,, Бабец ” театарот за деца, го добил името по еден од најпознатите актери во Македонија, Петар Стојковски – Бабец, а е дедо на актерот Васко Мавровски кој е директор на театарот и на Фестивалот “Битолино„ заедно со неговата сопруга Јулија Мирчевска – актерка, програмски дирекрот на театарот и фестивалот. Тие покрај пофисоналаната работа во матичниот театар се зафатиле сериозна да го изградат овој театар. За да добие место детските срца.
Детски театар „ Бабец „ постои 8 год. Во склоп на овој театар се организираме ,, Битолино ” првиот интернационален детски театарски фестивал оваа година ќе е 8 издание, а 4 год. има и детска театарска школа членки на АССИТЕЈ е од 2013 год.