Во прво лице
ЗЛОТО Е НЕДОСТАТОК НА ДОБРО
За себе – Најтешкото прашање прво.хахаха Јас сум едно зрно песок, кое си го бара своето место на оваа огромна плажа.
За љубовта. – Таа е тој перпетуммобиле што го движи светот, без неа би бил светот едно големо ништо.
За животот. – Животот тоа е љубовта.
За театарот. – Театарот тоа е Животот – Тоа е љубовта.
За доброто. – Доброто е еден загрозен вид, кој што го задскриваме во маргините на овој механички свет во којшто живееме.
За злото. – Злото не постои,тоа е само недостаток на добрина.
За непријателите – За кој?
А за пријателите – Непроценливо богатство.
За глумата во животот – Генерално многу глумци, но малку актери. Многу го имаат “студирано Станиславски”. Јас лично сега помалку Чеховски го играм Стриндберг со моите две принцези-Ана и Теона,а во антрактот “Влјубениот Шекспир”(Слушајќи го Леонард Коен).
За сценската прашина. – ООО! Тоа не е обична прашина, тоа е магична прашина. Кога би ја ставиле под микроскоп, би ги виделе сите Јулии, сите солзи на трагедиите сите насмевки што броделе низ театарот.
За колегите – Театарот е колективна игра. Како и во животот, човекот не може да биде сам.Затоа го сакам зборот Партнер на сцена бидејќи го отсликува чувството дека театарот е мој втор дом и колегите, моето второ семејство.
За неодиграните улоги – .Се што е мое ќе си дојде, ама повеќе од пет минути не го чекам. Што би рекол Прличко…
За идејата – Работата раѓа идеи, а идеите го движат светот.
За сонот. – Сонот е желба што ја посакало твоето срце а мозокот ја претвора во идеја, а тоа другото го знаете.
За јавето. – Јавето е исполнета желба на срцето.
За виното – Колку страници имам на располагање?
За семејството – Најважното нешто во мојот живот.
За крај – Љубовта , сонот и почитта, никој не може да ни ги одзеде – Искористете ги.