Претставата “Ричард 3” од Вилијам Шекспир е дел од добиените
проекти од Национален интерес за 2017 на Националната установа – Центар за култура „Ацо Шопов“ од Штип.
Драматизацијата на текстот ја работеше режисерот Пламен Марков од
Бугарија, a драматург беше Габриела Коцева Тулиев.
Во претставата играат – Хенри 6 – Миланчо Георгиев-Роне, Едвард 4 – Раде Рогожаров, Џорџ Кларенс – Владимир Тулиев, Ричард Глостер – Иван Калошев како гостин, Бакингам – Ефтим Трајчов, Лорд Хастингс – Милорад Ангелов, Лорд Стенли – Миле Вратеовски, Лорд Ривер – Пеце Ристевски, Тирол – Виктор Арев, Брекенбери – Стојан Арев, Едвард Кларенс – Лазарчо Горгиев како гостин, Хенри Ричмонд – Петар Јанев како гостин, Маргарита – Марија Минчева Андонов, Елизабета – Кристина Атанасова Арсова, Војвотката од Јорк – Валентина Георгиевска, Леди Ана – Анѓелка Нашкова, Џејн Шор – Елена Шорова Дербов, Маргарита Плантагенет – Емилија Ристевска како гостин.
Сценограф и костомограф на претставата беше Мира Каланова од
Бугарија. Изборот на музиката го направи Калин Николов од Бугарија.
Премиерата на претставата беше на 04-06- 2017.
Претставата “Умри машки” од Алдо Николај е дел од добиентите
проекти од Национален интерес за 2017 година на Националната установа – Центар за култура „Ацо Шопов“ од Штип.
Преводот и адаптацијата ја работеше режисерот Коле Ангеловски.
Драматург на оваа претстава беше Габриела Коцева Тулиев. Сценограф и
костимограф на претставата беше Илина Ангеловска. Режисерот работеше и на изборот на музиката. Актерската екипа беше во состав: Ефтим Трајчов
како Бруно, Душица Тренева како гостин во улогата на Ева и Милорад
Ангелов како Марио. Видеата кои се користат во претставата ги изработи
Никола Ристов. Претставата премиерно беше изведена на 16-12- 2017 година.
Претставата “Дедо е секогаш во право“ од Ханс Кристијан Андерсен,
во режија на Никола Ристов е работена од сопствени средства на
Националната установа – Центар за култура “Ацо Шопов“ – Штип. Преводот и адаптацијата ги работеше Никола Ристов.
Избор на музиката го направи режисерот Ристов во соработка со
актерската екипа. Актерската екипа беше во состав: Раде Рогожаров, Елица
Арева и Мирко Голомеов (како гостин). Анимациите, текстот и аранжманот
на песните ги направи режисерот Ристов, а песните ги исполнија Елена Шорова Дербов, и Марија Минчева Андонов. Режисерот Никола Ристов ја
направи подготовката за плакатот и каталогот за претставата. Премиерата
беше закажана и оддржана на 18-02- 2017 година.
Претставата ,,Волшебната ноќ,, се работеше по мотиви од приказната
,,Убавицата и ѕверот,,. Режијата, изборот на сценографија и костимографија беа на Драгана Милошевски – Попова, избор на музика Елена Шорова Дербов, сонгови Влатко Миленковски, драматург Наташа Маневска, играа: улогата на најубавицата Елена Шорова Дербов, Виктор Арев – принцот/ѕверот, Валентина Ѓоргиевска – волшебничката, Мирко Голомеов – Иван/Рипалко к.г. и Нела Ангелова – Софија к.г., во улогата на Дедо Мраз: Страшко Милошевски, Раде Рогожарев и Милорад Ангелов.
Претставата се работеше од сопствени средства. Претставата
премиерно беше изведена на 23-12- 2017 година.
Националната установа – Центар за култура “Ацо Шопов“ од Штип
петта година е организатор на Театарскиот фестивал за деца и младинци
“Малиот принц“.
На отворањето (24-09- 2017 год.) на Фестивалот настапи
Националната установа – Македонска опера и балет од Скопје, со претставата “Операта на шумските животни“. Фестивалот за отворен го прогласи г-дин Илчо Захариев, градоначалник на Општина Штип.
– Вториот ден (25-09- 2017 год.) настапи Националната установа –
Македонски народен театар од Скопје, со претставата “Силјан Штркот
Шанца“.
– Третиот ден (26-09- 2017 год.) настапи Националната установа – Театар
за деца и младинци од Скопје, со претставата “Гига мега бајка“.
– Четвртиот ден (27-09- 2017 год.) настапи Театар “Крик“ од Скопје, со
претставата “Маша и нејзината волшебна приказна“.
– Фестивалот беше затворен на 28-09- 2017 година, со претставата
“Јованче и Марика“ на Театар “Бабец“ од Битола.
За Време на Фестивалот на 25 и 26 септември беа прикажани кратки
слатки претстави за деца на Наш мал театар – Театар на сенки и тоа
претставите: “Бурсунсул и Паскалине“, “Заробената љубов“ и “Марко патува
околу светот“.
Исто така на 25 и 26 септември беа организирани и работилници
насловени како “Создади ја својата приказна“ со деца од основните училишта
од Градот.
За teatarce.mk
Габриела Коцева Тулиев