Промоција на публикацијата „ Римски театар – Скупи ( истражувања 2013-2016 )“

 

Излезе публикацијата „Римски театар – Скупи (истражувања 2013-2016)“. Автори на ова двојазично македонско-англиско издание се група професори, археолози и долгогодишни истражувачи на овој археолошки локалитет…

Издавањето на публикацијата е реализирано со финансиска поддршка од Министерството за култура на Р. Македонија и е помогнато од Управата за заштита на културно наследство, Музејот на град Скопје и Филозофскиот факултет-Универзитет Св. Кирил и Методиј, а меѓу авторите се: Антонио Јакимовски, Ленче Јованова, Марина Ончевска Тодоровска, Марјан Јованов, Гоце Павловски, Драги  Митревски и други.  Промотор на ова капитално издание ќе биде проф. д-р Елица Манева.

Публикацијата „Римски театар Скупи“ е резултат на сознанијата добиени од археолошките истражувања на просторот од театарот во Скупи, во рамки на проектот „Антички театар – Скупи – истражувања, заштита, конзервација, реставрација, реконструкција и презентација 2013-2017 година“, капитален проект на Владата на Република Македонија во областа на културата, реализиран со посредство на Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство.

Публикацијата претставува презентација на самиот театар, како и сознанијата за останатите културни хоризонти откриени на просторот од театарот, што овозможува следење на целата културна стратиграфија и историја на градот Скупи. Во публикацијата се претставени и стручно-научно анализирани сите градби, структури и појави најдени на просторот од театарот, како и најрепрезентативните предмети од откриените околу 10000 разновидни наоди од праисторијата, антиката и средниот век.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *