Мартин Јорданоски – актер

 

Во прво лице

ЖИВОТОТ НЕ ЗАВРШУВА СО СМРТТА

  1. ЗА СЕБЕ– Млад, убав, згоден, весел, насмеан. Просто, да ме грабнеш и да бегаш.

2 . ЗА ЉУБОВТА:– Без љубов сме ништо. Останува само една црна празнина која нема крај. Љубовта треба да се дарува секојдневно. Не само на луѓето. Тука се животните, растенијата и водата. Пробајте да гушнете дрво. Пробајте пред да испиете чаша вода да ја опсипете со убави мисли. Универзумот секогаш ќе ви врати отповеќе љубов. Мислам дека љубовта е единатвеното нешто кое ме одржува во живот.

  1. ЗА ЖИВОТОТ: Животот е едно големо тркало. Секогаш има горе и долу. Има падни и стани. Сметам дека е многу важно да се има позитивна мисла во секоја ситуација. Но, во едно сум сигурен. Каков и да е, животот е убав…и не е само еден. Тоа е уште поубаво. Животот не завршува со смртта.
  2. ЗА ТЕАТАРОТ: Театарот е исто така споен со љубовта. Не се објаснува со зборови, се доживува. Театарот е нешто што го носиш во себе и со себе 24 часа во денот. Ако не сум сценски активен повеќе од една недела, имам вишок енергија која не се троши со вежбање, трчање и сл. Се троши само со играње на сцена. Физички и емоционално. Театарот е света работа. Како што за некој е црквата, така за мене е театарот. Во театар има пишани и непишани правила. Во театар не се влегува со капа, кратки панталони, пуканки, пијалок. Не се аплаудира за време на претстава (има исклучоци). За тоа сме виновни делумно ние, театарџиите и театарските куќи, зашто не ја едуцираме доволно публиката. Треба да поработиме на тоа заедно. Да ја кренеме театарската култура на повисоко ниво. Со тоа ќе се крене и квалитетот на претставите. Инаку и филмот е убава работа.
  3. ЗА ДОБРОТО:– Доброто секогаш ќе го победува злото. Но, еден ден ќе завладее ера на љубовта. Се надевам дека ќе го доживеам тоа. Едноставно е, само на некој тоа не му одговара…финансики, егоистички.
  4. ЗА ЗЛОТО– Злото не е убава работа. Кога си злобен т.е. имаш злобна мисла, пред се му штетиш на твоето тело, на твојот организам, на твојата вода. И кармата се враќа посилно. Затоа треба да се шири љубов, љубов и само љубов.
  5. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ:– Ги имало и ќе ги има, но секогаш се добредојдени за да не поттикнат да сме уште поцврсти. Благодарен сум им. Не им мислам ништо лошо на ниту еден од нив, баш напротив.

 – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Малку се, ама се секогаш тука и многу ми е драго што сум сигурен дека можам да се потпрам на нив. Фала Ви!

  1. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ :– Ретки се тие кои се добри во тоа. Многу се тие кои мислат дека се добри. Да ја оставиме глумата на глумците. Да бидеме искрени и отворени во животот.
  2. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА:– Ја има премногу. Добра е, го зајакнува имунитетот, но можеш да фатиш и некоја болест на грло. Има посебен мирис и вкус. Многу е непријатна за публиката, бидејќи тие не се навикнати на толку прашина. Сепак таа е дел од духот на театарот.
  3. ЗА КОЛЕГИТЕ:– Фантастични суштества со кои де се сакате, па расправате, па пак се сакате…но сето тоа е нормален дел од процесот, а нормално во функција на претставата.
  4. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ:– Сакам филмски улоги

12 . ЗА ИДЕЈАТА:– Најчесто ти доаѓа во тоалет, во 5 часот наутро пред заспивање…па утредента си заборавил на идејата. Треба да се има една основна идеја дека се натпреваруваме со самите себе и одиме напред

  1. ЗА СОНОТ:– Нека остане сон, за да не го подрекуваме.
  2. ЗА ЈАВЕТО:– Јавето, за жал, е една многу грда слика. Неколку пати пробувам да продолжам со одговоров, но ако продолжам или некој ќе ме тужи или ќе има бурни реакции. Многу работи не функционираат, а свесно се замижува со очи.
  3. ЗА ВИНОТО:– Еден од поубавите пијалоци, особено нели нормално, ако е квалитетно. Виното мора да се почитува. Не се меша со други течности. Се служи на одредена, препорачана температура за да можеш вистински да го почувствуваш. Во нормални количини, со здрав оброк, совршена комбинација. Надвор паѓаат крупни снегулки, ти седиш покрај каминот во дрвена викендичка и слушаш или музика по желба или како пукаат дрвата во каминот.
  4. 16. ЗА КРАЈ:– На негативната енергија да одговориме со позитивна. Да даруваме љубов колку можеме повеќе. Пробај да направиш едно добро дело во денот. Направи нешто различно. Истражувај. Пробај. Ако не пробаш, ќе се каеш, нема да знаеш.