Секоја коцка не е добра за љубовта на жената. Дури и онаа најубаво спакуваната. Па и да е бела, шеќерна. Слатката. На вљубената жена на која и треба слобода да дише слободно, за да може да ги полни своите гради со многу воздух. Се што е форма на коцка ја потсетува на пригушеност, полудување, горчина во себе, па дури и коцката шеќер. Мажот и ја подава да ја разблажи горчината во устата, и здивот кој излегува од него. Здив кој, тој и го дал, со одземањето на слободата, а за возврат добила робство од оној кој е се, само не љубов. Тажна е приказната на една така кревка жена, која се уништува себе си, и покрај гадоста од се тој што и нуди, а сепак го сака.
Жена која се би направила за него, дури и да касне шеќер за да остане негова, по цена на својот живот. Но неговото не е послседно, и нема назад.
Здоцнета беше желбата нејзина за коцката, тој веќе ја заврза со својот мантил, ја смести во лудница. За да може понатаму да твори, а таа да живее, што подалеку од него. Заробена во ѕидовите кои се повеќе ја притискаа. Таа потклекна пред себе и проба шеќер, “ дарови “ на благост од подадените раце на сите негови жени. Кои ја почувствувале горчината на таа негова Љубов… Во тој момет се дава слика на женската лојалност, или, барем таа да се спси. Од неговата љубов.
ДОРА МААР ― алијас СОФИА НАСЕВСКА-ТРИФУНОВСКА во претставата “ Госпоѓиците од Авињон “ која со својата силна емоција силно се втурна во живот на таа “тажна“ муза. Таа била сликар, фотограф и поетеса,тегобата дeka e стерилна, не ја напуштала. Била неговата тажна муза, онака како што тој ја доживеал или …
Девет години да бидеш во креветото на сликарот… А, да си тажна, насликана во светли, колоритни бои, би значело дека сликарот всушност, никогаш не ја видел нејзината тага. Или сакал да ја осветли во себе, за да биде со неа? Кој ќе ја знае тајната на сликарот, која се сеуште се крие, во сувата четка. На масата полна прав…
А Љубовта… ?
Гледачот