Тихомир Стојановски
Да поместиме рани обредни пеани, химни од Орфеевото време.
“Молитва на Тиха” – Божица на среќата и судбата кај нашите предци, Македонците.
“Судбо, владетелке блага,
Те каниме на нашите празненства,
патеводилоко кротка кон среќа и благодети!
Ти, Артемидо, со име велико
од крвта света на Ѕевса што произлезе,
со слава неподелена,
гробна Божица скиталка од земните луѓе воспеана.
Така разнообразен животот на смртните почива на тебе.
Усреќуваш едни през обилие и придобивки,
други насочуваш кон бедност гнетна,
злоба возбудуваш…
Но јас те молам, Божице,
Ела благосклона в животот и дарувај ни блаженства
дарителко на благодети…”
Ова е една молитва на античката божица Тиха, почитувана од старите Македонци како Божица на судбата и среќата. Најдена е на златна плочка во римските катакомби на островот Крит, наречени се “Орфееви химни” имаат 1200 стиха, 363 фрагмента, датацијата е 4 век п.н.е.30