Бесмртна песна – писмо од мртвиот глумец
” Ако ти јават дека сум умрел, тогаш, во тебе нешто ќе посиви. На трепките магла, на усните ќе долета сива прашина.
Дали некогаш мислите што значи да се умре?
Каде тоа исчезнува човекот?
Што е тоа, што секогаш го брка од тука?
Ве молам. Немојте да одите на гробишта, гробиштата се најцрниот панаѓур. Грд театар, а ти не си за таков театар. Каде нема срце и оган, каде владее млитав ред, каде нема ни врисок, ни песна, ни аплауз. А крајот секогаш се знае.
А еве, што ќе биде?
Илјадници шарени риби ќе ми пливаат, во окото. Коработ ќе ме покрие, земјата исто така. А јас за тоа време ќе летам. Високо. Високо….
Знаеш нели дека, сум за театари, полни со срце и оган. Театри каде што никогаш не владее ред. Каде има и песни и врискање и аплауз. И крајот не се знае однапред!
За тој момет целосно живеев, тоа најдобро знаев да го правам.
Ако ти се јават дека сум умрел?
Не верувај им, јас тоа не го можам.
На оваа земја, само на кратко наминав, да ти намигнам. После мене да остане трепетлива трага. И затоа не биди тажна, многу ми е важно за тебе да останам онај истиот будалест, а чудесно драг.
Ноќе кога ќе го погледнеш небото, и ти намигни ми мене. Тоа ќе биде тајна, за инает на сите изминати дни. Кога ќе видиш на небото комета да зацрвени, Запамети! Тоа сум јас сеуште оној истиот, шашав.
Летам и живеам!!! ”
Актерот Небојша Глоговац / 1969 – 2018 / е еден од најпознатите театарски и филмски ликови од Србија, почина вчера, по кратка и тешка болест во Белград. На матичната сцена во ЈДП – Београд, опстојуваше повеќе од две децении играјќи улоги од сиот светски и домашен репертуар. Почнувајќи од “ Големиот грабеж “ од Џо Ортон во режија на Дејан Мијач. Па, се до последната претстава одиграна на 13 Декември одигран минатата година, а се работеше за “ Хамлет “ од Шекспир.
Соработувал со најзначајните режисери од овие простори, меѓу кои се и македонските Слободан Унковски и Александар Поповски,
На филмското платно се појавува во фимот “ Вуковар, една приказна на Бора Драшкович“, а првата главна улога ја има во “Убиство со предумисла“ на Горчин Цветановиќ. Следуваат улогите во култните “ До коска “ “ Небесна јадица “, “ Буре барут“ , “ Кога ќе пораснам ќе бида Кенгур “, “ Утре наутро “, “ Кругови “, и десетици други. Соработувајќи ос режисерите. Рајко Грлиќ, Горан Паскајљевиќ, Љубиша Самарџиќ и многу други.
Глоговац се смеат, не само за еден од водечките на својата генерација, тука и за еден од највлијателните актери во историјта на српоскот глумиште. За што сведочат и најголемите театарски и филмски награди во Србија.
е трагичен момент не само за уметноста во Србија, туку и пошироко во регионот, бидејќи и кај нас во Македонија како и на поширокиот балкански простор, Глоговац беше присутен не само на филмското платно и тв екраните, така и со своите претсстави, како кај нас и пошиоко.
Голем поклону до тебе голем Актеру!
Наше Театарче