Жаклина Петровска,актерка

 

Во прво лице

ЗА ТЕАТАРОТ ЖИВЕАМ

  1. ЗА СЕБЕ: Многу сум добра во готвење ВКУСНА храна.

2 . ЗА ЉУБОВТА:  Единствено безусловната  нè прави вистински среќни.

  1. ЗА ЖИВОТОТ: Како што вели мојата пријателка Мерил Стрип, I want to feel my life while I’m in it.
  2. ЗА ТЕАТАРОТ: Живеам.
  3. ЗА ДОБРОТО: Wonder women уште од детство е мој симбол за добротоМила, сочувствителна, љубовна, мудра, и војник кој се бори за правда.
  4. ЗА ЗЛОТО: И такви херои постојат.
  5. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Самата на себе сум си најголем непријател.

 – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ?   Можам да се потпрам на неколку.  Кој знае какво добро имам направено во животов, штом сум ги заслужила.

  1. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Малина. Златна.
  2. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Тоа е мојата магична прашина. Од неа ја добивам моќта.
  3. ЗА КОЛЕГИТЕ: Brake a leg!
  4. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Знаат дека за добрите работи треба трпение. Затоа чекаат.

12 . ЗА ИДЕЈАТА: Скроз џабе ти е ако не ја реализираш.

  1. ЗА СОНОТ: Малку спијам, зашто сонот не работи сам, морам и јас нешто.
  2. ЗА ЈАВЕТО: Се држам цврсто за сè што сакам!
  3. ЗА ВИНОТО: Секогаш готвам со вино.
  4. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Моето сè!
  5. ЗА КРАЈ: Бакнеж.

 

 

MOHOKЛ

 

проф.д-р Христо Петрески

КРАТКАТА ПРОЛЕТ И НАСОЛЗЕНАТА ЗАВЕСА

Сцена 2

Во делото “Функцијата на критиката“ (1984), Тери Иглтон вели дека критиката како професија се родила во исто време кога и јавната сфера, односно кога средната класа добила право да гласа и научила дека постојат начини на уважување на контрадикторните ставови, спротивставените идеологии, како и сатиричниот детрониран авторитарен режим.

“Ле Монде“ е еден од најчитаните весници во Франција, токму поради тоа што нуди критика со став. Но, често покрај проблемот со непостоечката или несоодветната критика од страна на критичарите, проблем се и уметниците кои се ненавикнати да ја поднесат негативната критика. Независно од тоа, критиката укажува, подучува и корегира, па треба да се знае сето тоа и да се исползува.

Вистинската критика треба да овозмножи доволен простор за детална анализа, иако просторот во медиумите наменет за критиката денес или е ограничен или е недоволен за аналитичка и содржајна критичка мисла.

Една од основните и заеднички карактеристики на критиката е активната љубов кон театарската уметност, зашто уметноста и критиката се во постојана корелација, т.е. зависат една од друга, живеат, растат и се надградуваат  взаемно. Критиката секогаш постои и поради иднината, односно  по театарските претстави остануваат емоциите, но и критичкиот запис.

Денес, критиката освојува сî поголем простор на интернетот и радиото, каде доаѓа до израз и спонтаноста на критичкото размислување. Но, критиката е и “залудна авантура”, во услови кога драстично е намалена потребата за професионална критика, како и разгледувањето на уметничкото дело како културен и уметнички чин, односно компактна, интегрална и хомогена мултимедијална целина.

Инаку, непристрасната и аргументирана критика станува решителен и објективен локатор. Критиката е врската помеѓу театарот и публиката, таа е личен чин на посредување помеѓу најразличните можни толкувања. Критиката е естетски и етички суд, но пред сî, личен чин кој поздразбира искуство, разбирање и професионализам, пристојност, па и почит.

Критиката претставува поддршка, патоказ и ориентир, или би рекле чекор кон и во затемнетата сала. Колку аплауз – толку критики и обратно. Но, не секогаш, зашто во практиката многу често се случува и спротивното. Сепак, радува различноста во критичките пристапи, мозаикот од ракурси и погледи, иако понекогаш токму поради полифонијата од критички гласови и нивните дијаметрално спротивни оценки и ставови – читателите, слушателите или гледачите се прашуваат дали сите тие навистина гледале иста театарска претстава!?

 

За Госпоѓицата ФРАНСОАЗ ЖИЛО  од Авињон

 

       ФРАНСОАЗ ЖИЛО

Кога Љубовта кон мажот ќе те стави во коцка. Ќе те стави заробена во својата кутија, во неговата кутија.  Ќе те натера да му будеш покорна на егото и славата, неговото “се “. ..Жената барајќи љубов ,“ слободна “ ќе сака се да го убие, искрши, од својата глава, ум, душа, срце, па дури и левата потпетица, секогаш таа, левата – само за љубовта.Така ќе е полесно да се дојде до срцето, од страната каде е левата чевла.

Сакајќи само едно, во себе да ја скрши робинката, да ја добие слободата, своја. Ќе чека како и секогаш, низ сите години,саати да биде добро залепоно, она што “таа“ го скршила. Секогаш во надеж дека нема повторно да се скрши, и ќе биде само негова.

Но, она што еднаш се скршило, и се залепило, тешко дека ќе потрае. Така е и во љубовта. Има нешто во таа жена,  кое упорно ја тера во борба со себе и со се околу себе, само и само тој да се врати. Да го врати “својот“ маж. Таа спонтано, низ својата немоќ, ја искривува неговата прва љубов, сликата. За да го привлече неговото внимание. Но, не секогаш, секаде, сликите се пред се.

Лукава таа, осатвајќи му ја својата лева потпетица да ја залепи, ќе чека неколку саати, додека лепакот не се стврдне. Така ќе имаат време за љубов, ќе падне во прегратака на љубовта, без една чевла? Знае ли тој за твојата љубов? Мажите, знаат ли тие за љубовта воопшто?

Сето ова ни го подари ФРАНСОАЗ ЖИЛО ― Гордана Ендровска во претстава “  Госпоѓиците од Авињон“ . Таа е посветена и верна жена на својот маж, сликар, вљубен во своите слики и жената која само ја искористува… како нанесена бојата на белото платно, а ќе ја нацрта во нов стил, внесувајќи ја во кубизмот. Ете можеби тоа ќе е доволно за голем печат на неговите “жени“ – уметнички дела.

А таа, сака да кокетира пред неговата четка.

А Љубов…?

 

Гледачот.

 

„ГОСПОЃИЦИТЕ ОД АВИЊОН“ на 21 февруари на малата сцена во МНТ

На 21 февруари на малата сцена во МНТ со почеток во 20 часот, премиерно ќе биде одиграна претставата „ГОСПОЃИЦИТЕ ОД АВИЊОН“ што се поставува според истоимениот драмски текст од писателот САШО ДИМОСКИ

РЕЖИСЕР: НЕНАД ВИТАНОВ

УЛОГИ:
ДОРА МААР ― СОФИА НАСЕВСКА-ТРИФУНОВСКА
ОЛГА КОКЛОВА ― ИСКРА ВЕТЕРОВА
ФРАНСОАЗ ЖИЛО ― ГОРДАНА ЕНДРОВСКА
МАРИ-ТЕРЕЗ ВАЛТЕР ― АНА СТОЈАНОВСКА
ЕВА ГУЕЛ ― ЗВЕЗДАНА АНГЕЛОВСКА
ЛИКОВИ БЕЗ ВАЖНИ СВОЈСТВА ― ВАСИЛ ЗАФИРЧЕВ

СЦЕНОГРАФ: ФИЛИП ВИТАНОВ
КОСТИМОГРАФ: ТАЊА КОКЕВ
КОМПОЗИТОР: КАЛИОПИ БУКЛЕ
СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА: МАЈА КАРЕВСКИ
ПРОДУЦЕНТ: СИМОНА УГРИНОВСКА
ИНСПИЦИЕНТ: АЛЕКСАНДАР РАЈКОВСКИ
СВЕТЛО – МАЈСТОРИ: ИГОР ЃЕОРГИЕВ И ИГОР МИТРЕВСКИ
ТОН-МАЈСТОР: АЛЕКСАНДАР АРСИЌ
ВИДЕО ОПЕРАТОР: АЛЕКСАНДАР ТАСЕВСКИ
ФОТОГРАФ: КИРЕ ГАЛЕВСКИ
РАКОВОДИТЕЛ НА РАБОТИЛНИЦИ: ТАТЈАНА БЛАЖЕВСКА – ХРИСТОСКА
ВАЈАРИ: АНГЕЛЧО ПЕТРОВСКИ И ДАРКО БАЗЕРКО
ЛЕКТОР: ТОДОРКА БАЛОВА
СУФЛЕР: ЗОРИЦА БЛАГОЕВСКА
ГАРДЕРОБЕРИ: СВЕТЛАНА АПОСТОЛСКА И СКЕНДЕР БЕРИША
РЕКВИЗИТЕР: ЗЛАТАН БОЈКОВИЌ
ШМИНКЕРИ И ФРИЗЕРИ: БРАНКА ПЉАЧКОВСКА И МОНИКА ГРКОВСКА

Филиз Ахмет: Hаше вредно но, во Турција!

 

Турската телевиска станица „Tek Rumeli“ годинава за првпат ја организираше манифестацијата „ Најдоброто од Румелија“. По тој повод имаа испратено анкетни прашалници до 570 Балкански асоцијации за тоа кои се нај добрите Балкански турци. На гала вечерта во Истанбул организирана од Tek Rumeli tv присуствуваа најпознатите лица од естрадата на Турција и воедно беа прогласени нај добрите балкански турци:

Најдобра пеач/ка Сузан Кардес
Најдобар актер/ка Филиз Ахмет
Најдобра песна „ Derylar“ Ариф Сентурк

 

Со „Од кол на кол“ Театарот во Прилеп слави 68 години постоење

 

Tеатарот „Војдан Чернодрински“  Прилеп

Со изведбата на веќе култната претстава „Од кол на кол“ во режија на Коле Ангеловски, театарот „Војдан Чернодрински“ во понеделник  19.02.2018 ќе одбележи 68 години  од формирањето. Публиката повторно ќе може да ужива во оваа најгледана претстава одиграна 115 пати и која  десет години е на репертоарот и за која се уште се бараат  карти повеќе. Ова е втора најгледана претстава во историјата на театарот веднаш по „Солунски патрдии“. Моментно на репертоарот се три претстави „Клетници“ од Виктор Иго, во режија на Мартин Кочовски, „Ништо без Трифолио“ од Р. Богдановски, во режија на Коле Ангеловски и “Хроника на еден сон“ од Ивана Нелковска, во режија на Ивана Ангеловска.

Завесата на Театарот првпат се кренала на 18 февруари 1950 година со изведбата на претставата “Кир Јања” од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Премиерите низ годините се ределе, се нижеле успесите. Колективот се збогатувал со искуство во катадневната пракса. Денес израсна во Ансамбл со актерски имиња кои покажуваат дека знаат и умеат да „согорат“ на сцената.

Во досегашното постоење Театарот ,, Војдан Чернодрински,, прикажал над 370 премиери, изиграл над 7500 претстави кои ги гледале над 1,6 милиони луѓе.

Театарот најголемите успеси ги постигна со претставата „Тапани во ноќта“ од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, која се крена до димензии на бренд на македонскиот театар. Со ,, Тапаните..,, театарот освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-то издание на МТФ ,, Војдан Чернодрински,,. Не помалку наградувана е ,,Кавкаскиот круг со креда,, која во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот ЕХ Понто во Љубљана, Словенија.

Голем успех досега постигнаа  и претставите “Силјан Штркот” “Кумови”, Собирен центар”, “Туѓо сакаме свое не даваме”, “Молам за секс“, “Спиро Црне” “Колобан” “Арсениј” ,“Полковникот птица” , “Опера за три гроша” од Брехт и др.

Театарот  во земјава се уште го има приматот на куќа во која се даваат праизведби на текстови од македонски драмски автори. Ансамблот брои 18 актери.

Николаj Кимчев / 1952 – 2018 /

 

Роден 14 декември 1952 г. Ораново, Народна Република Бугарија

Починал 3 февруари 2018 г. (65 г.) Софиja Bугарија

Активни години 1979 г.

Значајни роли Буланов „Лес“, Тезата во “Сон на летната ноќ“, Осип во „Ревизор“

Николај Кимчев е бугарски театарски и филмски уметник од Благоевградска театар, познат е од десетици улоги во театарот, учествувал во некои бугарски филмови, и пејач на авторски македонски песни.

Биографија

Роден е во декември 1952 година во штала на куќата на неговиот татко во Ораново, подоцна се спои со Симитли. Како млад, тој покажа љубов за глума на сцената. Тој сака да ги рецитира песните, да пее и забавува пријатели и роднини. Во 1979 година дипломирал Витиз Крустјо Сарафов. Таму го усовршил и го развил својот талент во актерската класа на професорот Димитрина Гурова. Од 1 јули 1979 година до неговата смрт Николај Кимчев е во трупата на Благоевградска театар “Никола Вапцаров”, како за кратко е и негов директор.

Има многу улоги што ги игра на сцената на Драмскиот театар Никола Вапцаров.

Забележан е како талентиран актер од режисер како Иванка Грбчева, Људмил Стаиков, Борислав Пунчев, Веселин Бранев, Сергеј Комитски, Дочо Боджаков и други кои му доверат улоги во своите филмови.

Почина на 3 февруари 2018 година во Софија во болница Пирогов по едномесечна кома како резултат на тешка мозочно крварење.

Николај Кимчев беше и остана осведочен пријател на Македонија и на македонскиот театар, за што сведочат многуте професионални и приватни посети на нашата земја, а најчест гостин беше на ФКТ “Ристо Шишков“, во Струмица, каде една година беше и член на стручното жири.

Театарски улоги

• Манчо Вагарджиев во “Верахелец”

• Буланов во Лес

• Тезата во “Сон во летната ноќ”

• Алексеј во “Оптимистичка трагедија”

• Миша Земцов во “Суровите игри”

• Јусуф во “Чудо”

• Животот во “мајстори”

• Драгоданоглу во “Облека Витоша”

• Стамболов во “Големината и падот на Стефан Стамболов”

• Димитар Генерал на “Последна вечера на Ѓаволски ѓакон”

• Лазар Лазарица, Иследникот во “Судот на правдата”

• Спилберг во “Каролина Небер”

• Претседателот во “Храброст и љубов”

• Еди во “Разделен со љубов”

• Авел во “Играта на животот и смртта во пепелта”

• Орган во Тарту, Доктор Ран во Нора

• Кошница во “Инспектор”

• Станчо Квашников во “Слабобогинџи” и многу други.

Учество на филмот

• Мртвите – 1981 година

• Плима на нежност – 1983

• Големата игра (1983), 6 серија (Большая игра) (СССР / Бугарија) – Ернесто, телохранител на Грацио и жена му фрау фон Валецки

• На патеката на капетанот Грант – ( “Во побарав мајсторот Грант”) (1985), 7 серии – СССР / Бугарија

• Време поделено – 1988

• Градоначалник, градоначалник – 1990 – Марин

• Бронзена лисица – 1991 година

• Материјални докази – 1991 – Трет ловец

• Нацртање – 1993 (серија 7) – кралот Фердинанд

• Војвода – 2016 година

Театарот… и за театар е театар!

 

За ” Бракот е брак ” продукција Театар Комедија, режија Теа Беговска

Да се прави претстава за самата претстава, да се актуелизира чин за самиот чин, е секогаш интересен предизвик, особено ако режисерот драматуршки си ја #изрежира# сопствената режија, притоа сакајќи да ни докаже дека театарот со сите свои сништа, сеништа и фрустрации, го носиме и имаме и дома, е дури тогаш имаме театарско сочинение, во кое се е можно!

Па така, можно е во случајот со претставата ” Бракот е брак ” воообрзената режисерска реинкарнација на А.П.Чехов да ја режира “Просидбa”, притоа #лечејќи# се од сопствените несигурни животни врвици, да имаме актерка чиј сон е сал да го одработи своето, да видиме актер кој и покрај несогласувањето со тоа што го гледа и работи го одработува своето, да имаме директор кој во својата изгубеност самиот прави театар, се разбира. и за среќа задкулисно, да сме сведоци на суфлерка, која ништо не разбирајќи ќе не доведе до моментот на апсолутна невиност, речиси изедначена со глупост и така се до недоглед…

Се До моментот кога Чеховата “Просидба” станува претстава во еден бурлескно-фарсичен амбиент, во кој режисерот и двајцата актери се играат самите себеси, но и Чубуков, Ломов и Степановна и во кој #невидливиот# актер Теа Беговска е всушност режисерот, добиваме и имаме нешто за што впрочем и постои театарот: едноставно да се препуштиме и насмееме на играта заради игра, па макар во неа да е вткаена и нашата сопствена глупост!

Во целокупната таа фарсична бурлескност, речиси беспрекорно се втурнуваат Роберт Ристов, алијас режисерот или Чубуков, Столе Мицов алијас актерот или Ломов, и Ева Скендеровска, актерката и Наталија, заедно со “смотаниот” директор на Ердоан Максут и невината глупост на суфлерката Миа Кантарџиева, а сите нив “немо” ги следи Енес Беговски, со својата гитара како се (не)присутниот музичар… Целата оваа екипа видливо се забавува на сцената, притоа забавувајќи не и нас “отаде” рампата, кој на крајот од претставата на Театарот Комедија излеговме насмеани и позитивни, што бездруго значи остварена цел. Оттаму, благодарност до Теа и компанијата, во која се уште и Сергеј Светозарев преку својата сценографија, Марта Дојчиновска, со асоцијативно инволвираните костими и #притаената# звучност на музиката на Енес Беговски.

IN MEMORIAM Небојша Глоговац – актер

 

Бесмртна песна – писмо од мртвиот глумец

” Ако ти јават дека сум умрел, тогаш, во тебе нешто ќе посиви. На трепките магла, на усните ќе долета сива прашина.

Дали некогаш мислите што значи да се умре?

Каде тоа исчезнува човекот?

Што е тоа, што секогаш го брка од тука?

Ве молам. Немојте да одите на гробишта, гробиштата се најцрниот панаѓур. Грд театар, а ти не си за таков театар. Каде нема срце и оган, каде владее млитав ред, каде нема ни врисок, ни песна, ни аплауз. А крајот секогаш се знае.

А еве, што ќе биде?

Илјадници шарени риби ќе ми пливаат, во окото. Коработ ќе ме покрие, земјата исто така. А јас за тоа време ќе летам. Високо. Високо….

Знаеш нели дека, сум за театари, полни со срце и оган. Театри каде што никогаш не владее ред. Каде има и песни и врискање и аплауз. И крајот не се знае однапред!

За тој момет целосно живеев, тоа најдобро знаев да го правам.

Ако ти се јават дека сум умрел?

Не верувај им, јас тоа не го можам.

На оваа земја, само на кратко наминав, да ти намигнам. После мене да остане трепетлива трага. И затоа не биди тажна, многу ми е важно за тебе да останам онај истиот будалест, а чудесно драг.

Ноќе кога ќе го погледнеш небото, и ти намигни ми мене. Тоа ќе биде тајна, за инает на сите изминати дни. Кога ќе видиш на небото комета да зацрвени, Запамети! Тоа сум јас сеуште оној истиот, шашав.

Летам и живеам!!! ”

Актерот Небојша Глоговац / 1969 – 2018 / е еден од најпознатите театарски и филмски ликови од Србија, почина вчера, по кратка и тешка болест во Белград. На матичната сцена во ЈДП – Београд, опстојуваше повеќе од две децении играјќи улоги од сиот светски и домашен репертуар. Почнувајќи од “ Големиот грабеж “ од Џо Ортон во режија на Дејан Мијач. Па, се до последната претстава одиграна на 13 Декември одигран минатата година, а се работеше за “ Хамлет “ од Шекспир.

Соработувал со најзначајните режисери од овие простори, меѓу кои се и македонските Слободан Унковски и Александар Поповски,

На филмското платно се појавува во фимот “ Вуковар, една приказна на Бора Драшкович“, а првата главна улога ја има во “Убиство со предумисла“ на  Горчин Цветановиќ.  Следуваат улогите во култните “ До коска “  “ Небесна јадица “, “  Буре барут“ , “ Кога ќе пораснам ќе бида Кенгур “, “  Утре наутро “,  “ Кругови “, и десетици други. Соработувајќи ос режисерите. Рајко Грлиќ, Горан Паскајљевиќ, Љубиша Самарџиќ и многу други.

Глоговац се смеат, не само за еден од водечките на својата генерација, тука и за еден од највлијателните актери во историјта на српоскот глумиште. За што сведочат и најголемите театарски и филмски награди во Србија.

е трагичен момент не само за уметноста во Србија, туку и пошироко во регионот, бидејќи и кај нас во Македонија како и на поширокиот балкански простор, Глоговац беше присутен не само на филмското платно и тв екраните, така и со своите претсстави, како кај нас и пошиоко.

Голем поклону до тебе голем Актеру!

Наше Театарче