Љубам да чекорам по работ
1. За себе Љубам да чекорам по работ. Често.
2. За љубовта И би љубовта…и би светот –ден први.
3. За животот Премногу метафори, толкувања, а тој е само една вистина-апсолутна. Каков е,таков е…на целта на маратонот, стигнуваме сите, без исклучок.
4. За театарот Храм. Во него најкреативни маски, а во исто време најсоголени души.
5. За доброто Епа значи за убавото, зашто доброто секогаш е убаво. Лике
6. За злото За жал било, е, и ќе биде. Многу песимистично, но…Дислике
7. За непријателите Мои ми се.
А пријателите Ем мои, ем богатство.
8. За глумата во животот Во веков што го векуваме- „Железни порти отвора“.
9. За сценската прашина Низ неа сноп светлина и оп! Ете ти магија.
10. За колегите Како семејство- ним секогаш можам да им кажам се’…во лице! Низ реплики, нели?
11. За неодиграните улоги Ќе ги одиграм, не дошол денот.
12. За идејата Елементарна, Безвременска, Бесценета, Искра.
13. За сонот Во него е возможно сешто.
14. За јавето Среќа што постои, та можеме да се обидеме да ги материјализираме нашите „розови сништа“, а воедно, тука е да не’ потсети, колку минорно зрнце космичка прашина е секој од нас.
15. За виното Ако ја бараме вистината, велат во него е. Гласам за црно.
16. За приказните Ќе се чувствувам среќно и благословено се’ додека умеам да ги раскажувам.
17. За крај Цело е кога има се’. И Јинг и јанг-подеднакво.