Волфганг Амадеус Моцарт е роден во Салзбург на 27 јануари 1756 година, во музичко семејство во кое пред да научи да чита почнал да употребува ноти. На 4- годишна возраст веќе почнал да компонира, а на 9 години ја напишал и првата опера – Бастиен и Бастиена. Кога имал само шест години свирел пред царицата Марија Терезија. Во текот на својот кус живот од првото дело, Манует, кој го напишал на само шест години до последното напишано пред смртта, Реквием, Моцарт создал околу 630 разлини дела меѓу кои и околу 50 симфонии и 20-тина опери.
Во Македонија е играна претставата далечната 1996 година во
Драмски Театар Скопје
Играат: Сенко Велинов, Драган Сапсов -Дац, Јелена Жугиќ, Благој Чоревски, Ристо Гоговски, Бранко Ѓорчев, Марин Бабиќ, Ацо Јовановски, Илија Џувалековски, Александра Бошковска, Славица Галиќ-Петровска, Ѓорѓи Ѓорѓиевски, Војкан Јовановиќ, Елена Поцевска, Драган Кочовски, Стефан Кочевски и Милица Максимов
Награди:
Драган Спасов – „Златна маска“ од весникот „Вечер“ за улогата на Моцарт во „Амадеус“ на фестивалот „Охридско лето“ /
Сенко Велинов -„Златна маска“ од весникот „Вечер“ за улогата на Салиери во „Амадеус“ на фестивалот „Охридско лето“ /
Драган Спасов – Награда „13 Ноември“ за улогите на Моцарт во „Амадеус“ / „Амадеус“ (Најдобра претстава прогласена од списанието „Екран“ /
Сенко Велинов – Најдобро актерско остварување во театарот според ревијата „Екран“ за улогата на Салиери во „Амадеус“ /
Јелена Жугиќ – Награда за најдобар млад актер според ревијата „Екран“ за улогата на Констанца во „Амадеус“
Во 2018 е најавена работа на „ Амадеус “ Театар “ Ацо Шопов “ Штип