ТАЛИЈА Настова актерка

 

НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ СКИТААТ НИЗ СОНШТАТА

1. ЗА СЕБЕ Калимеро бара правда!

2 . ЗА ЉУБОВТА: Секогаш ли ќе има рок на траење?

3. ЗА ЖИВОТОТ: Да го завртиме наопаку барем за миг и така да пробаме да го набљудуваме.

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Секогаш знае да ме лоцира.

5. ЗА ДОБРОТО Насмевка. 6. ЗА ЗЛОТО Нечија состојба, за која сакам да верувам дека постои длабоко објаснување

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ Честам пијачка. – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Долги разговори и повеќе пијачки

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ Молам ?! Страшно ме иритира.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА Пумпица вентонолин, риноко и диво краставиче-асматичар.

10. ЗА КОЛЕГИТЕ Нека кружи енергијата… Здраво е.

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ Скитаат низ соништата.

12 . ЗА ИДЕЈАТA Да не остане само идеја…

13. ЗА СОНОТ Вистината за јавето.

14. ЗА ЈАВЕТО Го оставам да се случува, до крај… Не се будам лесно.

15. ЗА ВИНОТО Помеѓу тага и солзи…

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО Два вида прегратки… Утеха и борбеност.

17. ЗА КРАЈ Крај со бакнеж; крај со солза; или крај без крај (омилен). Не одлучувам јас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *