Премиера на „Среќна Нова година“ – 2018 за почеток на оваа театарска година со Турскиот театар од Скопје

 

Турски театар-Скопје ја најави премиерата на претставата „Среќна Нова година“ по мотиви на Данил Хармс и Дејвид Ајвс, а во режија на Бојан Трифуновски. Премиерата ќе се одржи во четврток, а улогите ги толкуваат:

Фунда Ибрахим,

Несрин Таир,

Зубејде Али,

Емине Халил,

Селпин Керим,

Џенап Самет,

Неат Али,

Аксел Мехмет,

Един Јакуповиќ

Берхеда Решит.

 

„Уметник кој истражува зошто светот сака да се самоуништува, создава ментален простор во кој слободно размислува и твори. Таа негова ментална соба има пијано и во неа тој комуницира со своите предци и наследници, обидувајќи се да одгатне што не тера да работиме против себе. Во неговиот замислен свет, во константна состојба на 5 до 12, пред нова година, десет масони преку јазикот на Хармс и на Ајвс создаваат атмосфера за интроспекција и самосоочување“, соопшти режисерот Бојан Трифуновски.