TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

професор Тихомир Стојановски

 

Се разбира кога има фигури од глина има и култ, има и место за обредност и дарување, почитување, свештенодејствија и првична содржина на обреден, Боженствен театар. Или почеток на свети дејства, молепствија, химни на почитување на Боженственоста и славењето што се основни темели, корени на театарот. Нели како место и начин за организиран општествен живот. Потоа доаѓале славите и игрите. Да се игра. Да се пее хор и оро. И третиот елемент, еден од посветените во празненествата ги кажувал зборовите упатени на Бога и на народот во стихови. Нели таа патека на возобновување, реконструкција на настанувањето на театарот сме ја провериле и сме ја практикувале на Факултетот за драмски умености, на првите часови по Сценски говор со студентите по актерска игра на прва година. И таа е следната:

Актерите-студенти собрани во хор пеат една македонска народна песна. Значи, првата стапка е хорот и песната. Потоа песната ја играат и пеат во оро, што би значело дека втората стапка е играта. Потоа еден од орото излегува и дарува на работ на сцената леб и вино, како бескрвна жртва, обреден дар на Бога. Третата стапка е дарувањето. И потоа излезен од орото актерот , посветеник, избраник му се обраќа на