ЗОРИЦА Панчиќ, актерка

 

Во прво лице

СЕМЕЈСТВОТО Е МОЈ БЛАГОСЛОВ…

1. ЗА СЕБЕ – Јас сум Јас … И добро е !

2 . ЗА ЉУБОВТА: Нешто што го имам , сакам да го делам и нешто што ме води низ животот !

3. ЗА ЖИВОТОТ: Школо: уште учам како треба да се дава, прима, како да се уззива, каде и ‘ е местото на тагата , на болката , како да танцувам, со срце исполнето со радост и љубов додека надвор врне, истура … Многу лекции , многу работа … И ќе трае до крајот на “ горенаведениот “

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Моето најскришно, најинтимно, скапоцено јавно место !

5. ЗА ДОБРОТО – Убаво е што уште го има !

6. ЗА ЗЛОТО – Убаво е што го има помалку од Доброто !

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ – Ако ги има да се живи и здрави, има што да се научи од нив !

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Моето богатство со кое навистина можам да се пофалам и сум бескрајно благодарна што ги имам токму такви какви што се !

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ – Нешто што не заслужува почит и е само бегање од себе !

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА – Нежен, длабок, Вистински контакт со Себе , со Господ !

10. ЗА КОЛЕГИТЕ – Ги сакам, ги почитувам, ги разбирам … некои помалку, некои повеќе, некои највеќе !

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ – Со задоволство ќе ги одиграм !

12 . ЗА ИДЕЈАТА – Најслатка кога е во зачеток, возбудливо е додека се реализира и прекрасно кога ќе се реализира !

13. ЗА СОНОТ – Нешто што треба да се живее !

14. ЗА ЈАВЕТО – Нешто што тешко би го издржала без Сонот !

15. ЗА ВИНОТО – Храна која треба да се конзумира не многу често и во мали количини и највкусна кога ја делиш со себе и со драги луѓе !

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО – Моите темели, мој Благослов !

17. ЗА КРАЈ – Секогаш е добро време за нов, свеж почеток !

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *