Гордана Ендровска, актерка

 

Љубам да чекорам по работ

1. За себе             Љубам да чекорам по работ. Често.
2. За љубовта     И би љубовта…и би светот –ден први.
3. За животот    Премногу метафори, толкувања, а тој е само една вистина-апсолутна. Каков е,таков е…на целта на маратонот, стигнуваме сите, без исклучок.
4. За театарот   Храм. Во него најкреативни маски, а во исто време најсоголени души.
5. За доброто     Епа значи за убавото, зашто доброто секогаш е убаво. Лике
6. За злото          За жал било, е, и ќе биде. Многу песимистично, но…Дислике
7. За непријателите     Мои ми се.
А пријателите   Ем мои, ем богатство.
8. За глумата во животот   Во веков што го векуваме- „Железни порти отвора“.
9. За сценската прашина  Низ неа сноп светлина и оп! Ете ти магија.
10. За колегите         Како семејство- ним секогаш можам да им кажам се’…во лице! Низ реплики, нели?
11. За неодиграните улоги    Ќе ги одиграм, не дошол денот.
12. За идејата       Елементарна, Безвременска, Бесценета, Искра.
13. За сонот          Во него е возможно сешто.
14. За јавето        Среќа што постои, та можеме да се обидеме да ги материјализираме нашите „розови сништа“, а воедно, тука е да не’ потсети, колку минорно зрнце космичка прашина е секој од нас.
15. За виното           Ако ја бараме вистината, велат во него е. Гласам за црно.
16. За приказните     Ќе се чувствувам среќно и благословено се’ додека умеам да ги раскажувам.
17. За крај         Цело е кога има се’.  И Јинг и јанг-подеднакво.

Шиле – сведоштво за актерот, за вулканот Васил, искрено до срж, до болка…

 

Како паметник на една животна драма, оваа книга преку сеќавањата на авторот и многуте фотографии – како доказ, искрено до срж, до болка, без намера да се сокрие ниту едно делче од драмата наречена живот, раскажува за еден вулкан кој прерано згасна, за актерот и човек Васил, за синот на Ристо Шишков…

“Да се распостели еден живот, човечки, човечно, непосредно, со сите недостатоци, доблести, а притоа да не се задржи дозата на воајеризам, да се исклучи сеирџизмот, неискрените намери, па дури и цинизмот, особено ако се работи за еден турбулентен бит каков што е тој на Васил Шишков, не само што е невозможно, туку е и непожелно…”. Така смета, и така пишува Борче Грозданов, новинар, писател, добар познавач на театарот и театарскиот живот, во својата книга насловена “Шиле” посветена на актерот и пријателот, на неговиот “дебелко со име Васко”.

Како паметник на една животна драма, оваа книга преку сеќавањата на авторот и многуте фотографии – како доказ, искрено до срж, до болка, без намера да се сокрие ниту едно делче од драмата наречена живот, раскажува за еден вулкан кој прерано згасна.

Низ стоте страници на оваа книга, како низ клучалка се нуди скратен, недооден пат кон искреноста и вистината, кон најмрачната, но истовремено и ведрата страна на животот на овој препознатлив скопски лик, раскажана со многу топлина, љубов, но и горчина.

А авторот на овие редови и самиот сведок на случувањата вели “Ова е книга за животот, за драмата, за секојдневниот театар што му се случуваше, но и за некои и нечии ‘наплаќања’, за кои не беше виновен, а сепак, инволвиран, бидејќи тој беше далеку од тешките теми како што се политиката и бесмртноста на неговиот татко…, големиот бард на македонското глумиште Ристо Шишков.

Така, пред нас се редат вистини, сложени низ неколку поглавја “Тато, мама и тој, нивниот Васил#, кој патем беше вистински “неранимајко” кој татко му Ристо знаеше да го скара кога ќе избегаше од “Никола Карев# велејки му “Ти, Љољо, пак не си бил во школо”… Или му диктираше директно од МНТ како да испржи две јајца…Тука е целото семејство, дада, … вистината за мама. Тука се и претставите, филмот, популарноста, писмата за Шиле, досието за неговиот татко и… кодошите, незаборавните спомени од Александар Шехтански, вториот татко на Шиле, “по налог на прерано починатиот Ристо” и…

Исповед – лично и персонално од самиот Васил Шишков за патот во неповрат…. “Потрошив околу 350.000 германски марки за дрога. Но батали ги материјалните добра, јас ја губев душата… Тонеше и испливуваше, наоѓаше спас, ја одглуми и последната голема улога, го одглуми татка си на сцената на МНТ… Се бореше и љубеше, за на крај, сепак да ја загуби битката – во рацете на последната љуба, Весна со која планираше иднина…

И како што вели рецензензентот на книгата проф.д-р Христо Петрески, оваа книга сведочи и укажува, опоменува и растажува… (Д.Т.)

“ Шиле “ монографија за Васил Шишков

30.01.2018 година во 18.ооч Втроник во МНТ – Скопје

ПОВЕЛЕТЕ ВЉУБЕНИЦИ ВО УБАВИОТ ЗБОР!!!
Да се дружиме во негова чест, бидејќи токму денес требаше да го прослави својот 48 роденден!.

“ Шиле “ монографија за Васил Шишков, автор Борче Грозданов
Делови од книгата ќе чита актерот – Сенко Велинов
За и околу книгата ќе зборува рецензентот Петрески Христо.
Монографијата е и издадена од издавачката куќа “ Феникс “

“ Книгата кој му ја посвети на Васко е ода за едно вистинско пријателство.
Ти и Шиле, како Хамлет и Хорацио.
Хорацио, јас умирам, ти живееш; п р а в о да известиш за мене и мојот случај на н е д о и з в е с т е н и т е…

Ако воопшто некогаш си ме имал при срце, откажи се од блаженството уште некое време, и во овој с у р о в свет здивот носи го со напор
за мојата приказна да ја  к а з ж у в а ш …

Ти навистина го имаше Васко при срце, и само ти можеше да го оствариш аманетот на твојот Хамлет.
П р а в о ги извести ” оние што бледнеат и се тресат пред глеткава, што се само неми гледачи и сведоци на чинов”.

чичко Бранко Ставрев

“ Шиле “ монографија за Васил Шишков

30.01.2018 година во 18.ооч Втроник во МНТ – Скопје

ПОВЕЛЕТЕ ВЉУБЕНИЦИ ВО УБАВИОТ ЗБОР!!!
Да се дружиме во негова чест, бидејќи токму денес требаше да го прослави својот 48 роденден!.

“ Шиле “ монографија за Васил Шишков, автор Борче Грозданов
Делови од книгата ќе чита актерот – Сенко Велинов
За и околу книгата ќе зборува рецензентот Петрески Христо.
Монографијата е и издадена од издавачката куќа “ Феникс “

“ Книгата кој му ја посвети на Васко е ода за едно вистинско пријателство.
Ти и Шиле, како Хамлет и Хорацио.
Хорацио, јас умирам, ти живееш; п р а в о да известиш за мене и мојот случај на н е д о и з в е с т е н и т е…

Ако воопшто некогаш си ме имал при срце, откажи се од блаженството уште некое време, и во овој с у р о в свет здивот носи го со напор
за мојата приказна да ја  к а з ж у в а ш …

Ти навистина го имаше Васко при срце, и само ти можеше да го оствариш аманетот на твојот Хамлет.
П р а в о ги извести ” оние што бледнеат и се тресат пред глеткава, што се само неми гледачи и сведоци на чинов”.

чичко Бранко Ставрев

Народен Театар Охрид за 2017 година,

 

Годината за започнавме со Охридска премиера на “Дениција” од Петре М. Андреевски, во режија на Константин Плевнеш.

Играат Рубенс Муратовски, Димитрина Мицкоска и балерината Саша Евтимова.

Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Марија Пупуческа
Уметнички соработник: Флориан Габер
Оригинална музика: Константин Плевнеш
Видео арт: Милчо Узунов
Слики на тема Дениција: Сергеј Андреевски
Претставата се одигра уште два пати, од кои едното беше гостување во Брисел на Balkan Trafik Festival.

Следеше премиера на претставата “Аналфабет” според Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески.

Играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска. Сценограф е Зоран Николовски, а костими на Ванчо Василев. Претставата се одигра уште 17 пати, од кои осум гостувања на фестивалите во Македонија, како и гостување во Народно Позориште во Белград

Последна претстава во продукција на Народен Театар Охрид беше претставата “Баал” од Брехт. Премиера на 5.12.2017
Играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Дамјан Цветановски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Јасмина Билаловиќ, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Тони Денковски. Сценографија: Сергеј Светозарев Костими: Милена Пантелеева Музика: Димитар Андоновски Дизајн на светло: Милчо Александров Инспициент: Филип Ангеличин – Жура Асистент на режија: Ѓорѓи Ризески.

Покрај овие претстави, на репертоарот се најдоа и: “Детектор за лаги” од Василиј Сигарев, режија Ненад Витанов, монодрамата “Писма од Земјата” на Никола Тодороски, според Марк Твен и “ Импровокација ” со Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски и Филип Жура, со која Народен Театар Охрид забележа гостување во Франкфурт, Германија.
Во 2017 НТО изигра вкупно 30 претстави во матичната куќа и оствари десет гостувања.

“ Амадеус “ роденден

 

Волфганг Амадеус Моцарт е роден во Салзбург на 27 јануари 1756 година, во музичко семејство во кое пред да научи да чита почнал да употребува ноти. На 4- годишна возраст веќе почнал да компонира, а на 9 години ја напишал и првата опера – Бастиен и Бастиена. Кога имал само шест години свирел пред царицата Марија Терезија. Во текот на својот кус живот од првото дело, Манует, кој го напишал на само шест години до последното напишано пред смртта, Реквием, Моцарт создал околу 630 разлини дела меѓу кои и околу 50 симфонии и 20-тина опери.

Во Македонија е играна претставата далечната 1996 година во

Драмски Театар Скопје
„ АМАДЕУС “ / Автор: Питер Шефер / Режисер: Златко Славенски / Превод: Рајна Кошка-Хот / Сценограф: Владимир Георгиевски, Наташа Милованчева и Светозар Ристевски / Костимограф: Ѓорѓи Здравев и Наташа Андонова / Премиера: 18.7.1996 Фестивал Охридско Лето – Охрид

Играат: Сенко Велинов, Драган Сапсов -Дац, Јелена Жугиќ, Благој Чоревски, Ристо Гоговски, Бранко Ѓорчев, Марин Бабиќ, Ацо Јовановски, Илија Џувалековски, Александра Бошковска, Славица Галиќ-Петровска, Ѓорѓи Ѓорѓиевски, Војкан Јовановиќ, Елена Поцевска, Драган Кочовски, Стефан Кочевски и Милица Максимов

Награди:

Драган Спасов – „Златна маска“ од весникот „Вечер“ за улогата на Моцарт во „Амадеус“ на фестивалот „Охридско лето“ /

Сенко Велинов -„Златна маска“ од весникот „Вечер“ за улогата на Салиери во „Амадеус“ на фестивалот „Охридско лето“ /

Драган Спасов – Награда „13 Ноември“ за улогите на Моцарт во „Амадеус“ / „Амадеус“ (Најдобра претстава прогласена од списанието „Екран“ /

Сенко Велинов – Најдобро актерско остварување во театарот според ревијата „Екран“ за улогата на Салиери во „Амадеус“ /

Јелена Жугиќ – Награда за најдобар млад актер според ревијата „Екран“ за улогата на Констанца во „Амадеус“

Во 2018 е најавена работа на „ Амадеус “  Театар “ Ацо Шопов “  Штип

Што е KREATIV?

 

Kreativ е едукативен центар во кој Вашето дете може да учи актерство и други краеативни уметнички активности, со извонредни педагози и професионалци кои ќе го извлечат максималниот потенцијал од Вашето дете.

Покрај индивидуалната настава, децата имаат можност да се забавуваат колективно во драмско студио, но и во балетско студио, детското хорче “Фалсето“, како и во голем број заеднички проекти.

Програмата за актерство во драмското студио е наменето за деца од 5-15 години, и ги охрабрува децата да се изразат креативно и со самодоверба. Покрај основните актерски вештини, преку серија на вежби и етиди децата ќе имаат можност да ги совладуваат импровизациски техники, сценски навики, физички експресии дизајнирани да создадат пасија за актерство за целиот нивен живот.

Часовите ги одржуваат нашите еминентни актери

 

Дејан Лилиќ                            Снежана Конеска Руси

 

http://www.kreativ.mk/dramskostudio/

Часовите се одржуваат два пати неделно во среда и сабота и траат по 1 час и 30 минути

Во секое време можат да се запишат нови дечиња за било која настава.

https://www.facebook.com/keckreativ/

http://www.kreativ.mk/

” ТОАЛЕТ ЗА ДАМИ ” – премиера Велес низ слики

 

Нова премиера на Театар “Јордан Х.К-Џинот”, Велес
“ТОАЛЕТ ЗА ДАМИ”
од Родолфо Сантана 26.1.’17 Петок
Режија: Деан Дамјановски
Адаптација на текст и драматургија: Сашо Димоски 
Превод на текст: Лале Стефкова
Сценографија: Филип Коруновски
Костимографија: Катерина Чукниева
Музички соработник: Сашко Костов
Настапуваат: Кица Ивковска, Васил Зафирчев, Ирена Илиевска, Кети Борисовска, Маја Љутков, Талија Настова, Марија Стефановска, Зорица Панчиќ, Весна Димитровска, Драгана Босниќ, Слободанка Чичевска и Александар Велјановски

ПАНТОМИМАТА – УМЕТНОСТ НА ТИШИНАТА

 

Иако своите корени ги влече уште од античко време, пантомимата како самостојна уметност се легитимира дури на почетокот на дваесетиот век, но не во театарот туку во експерименталното студио на големиот реформатор на модерната пантомима, Етиен Декру. Неговите напори се насочени кон тоа да создаде една чиста уметност на движењето. Меѓу неговите најпознати ученици е и Марсел Марсо кому му се препишува заслугата што оваа уметност ја прави достапна на целата театарска публика, а со своето сопствено искуство и претстави пантомимата ќе ја направи светски позната и призната. Овие факти секако нема да бидат заобиколени ниту во позиционирањето на една од поновите театарски манифестации кај нас, Меѓународниот фестивал на пантомима и физички театар познат под кратенката ПАНФИЗ чие прво издание се одржа во 2008 г. Уметнички директор и селектор на фестивалот од неговото основање па до денес во пресрет на одбележувањето на јубилејот Десет години на ПАНФИЗ е актерот, режисер и педагог, Трајче Ѓорѓиев. Според првичниот концепт манифестацијата е замислена како ревија на најновите случувања од областа на пантомимата од целиот свет. Впрочем тоа е и очигледно од програмите на сите досегашни изданија на фестивалот. Притоа, една од целите треба да биде и едукативната функција во процесот на образование на младите актери кај нас, паралелно, се разбира, со будењето на интересот на што поширок круг на гледачи односно консументи. И на двата плана, сега по изминати десет години, евидентни се резултатите што е факт кој секако радува. Посетеноста од година во година расте, а и мотивацијата кај младите да се определат за овој специфичен жанр на театарското творештво е исто така во подем. Уште на самиот старт идејата за фестивалот наидува на недобројни пречки од секаков вид, а пред се од финасиска природа. Така на пример, Првиот Панфиз во 2008 –та година ќе се одржи без никаква финансиска подршка од Министерството за култура, ниту од друга институција (градот Скопје, општината „Центар“…) Но, затоа тука се неколкумина поединци, (Трајче Ѓорѓиев, Снежана Коневска – Руси), спонзори, подржувачи и ентузијасти кои со сопствени сили ќе го започнат остварувањето на благордната замисла и цел. Потоа, за следните изданија работите се менуваат иако генерално земено се уште недостига една посериозна институционална подршка за фестивалот да застане на цврсти нозе, но и да се наметне што поударно заземајќи го заслуженото место на мапата на културните случувања и настани кај нас. Во секој случај радува фактот што во поширокиот регион на Балканот само кај нас и во Србија егзистира фестивал на пантомимата кој напоредно со етаблирањето на домашен терен ги трасира и правците на меѓународната соработка и членство во соодветните европски и светски мрежи, форуми и асоцијации. Неспорен е, исто така, и фактот дека сите љубопитници, гледачи и посетители, благодарение и на ПАНФИЗ веќе во старт кога одат да проследат некоја пантомиска претстава веќе претпоставуваат што ги очекува. Значи, тие се веќе на некој начин подготвени за овој театарски чин кој како и секој друг претпоставува осмислена целина со која нешто се кажува или покажува иако овој пат со телото како главно изразно средство. Најчесто, тоа се ситуации, настани и случувања од секојдневниот живот, а во истите можат да преовладуваат и многу други филозофски, социолошки, психолошки контексти и асоцијации. Вакви примери во изминативе години на ПАНФИЗ има многу. Телото, мимиката, гестовите и движењата во нивните различни форми како што се, на пример, инклинацијата, транслацијата и ротацијата, се основните носители на значењата. Во оваа смисла, на фестивалот континуирано е присутен и физичкиот театар како комплементарен со пантомимата, а во тој случај во изведбите се инкорпорирани многу други вештини и актерски умеења како што се акробатика, еквлибристика, жонглерство, магионичарство…Значи, гледачите априорно треба да се подготвени на отсуството на зборот – говорот и сето свое внимание да го насочат кон телесната експресија на актерот, изведувачот, пантомимичарот. Притоа, гледачот има активна позиција, да следи, да толкува, а не ретко и да дешифрира, што сакал да каже авторот? Некогаш, (судејќи според претставите изведени на ПАНФИЗ) тоа функционира беспрекорно, некогаш пак помалку успешно, што секако не треба да обесхрабрува. Што се однесува на дефиницијата дека пантомимата (па во тие рамки и физичкиот театар) е уметност на тишината и на празната сцена, се разбира, со одредени исклучоци, тогаш, тие треба да се сметаат за предуслови за создавање на цел еден свет. Од ништо! Инаку, токму од изведувачот, од неговото умеење, знаење и искуство зависи какови форми и значења ќе добие тишината. Тишината може да биде густа, ретка, провидна, заканувачка, злокобна, вознемирувачка, исчекувачка…Пантомимичарот е соочен со неа и зависи што ќе направи, како ќе ја осмисли во потрагата по најкраткиот пат до гледачот. Значи, навистина станува збор за специфичен жанр што го објаснува малиот број на поклоници како во светот, така и кај нас. Затоа и ангажманот на Трајче Ѓорѓиев со покренувањето на овој фестивал може да се смета за пионерска работа и тоа во две веќе споменати насоки: прво регрутирање на млади кадри кои ќе се занимаваат и посветат на овој театарски жанр, и второ, создавање на публика која ќе се свикнува и ќе го засака ваквиот тип на театар. И кога сме веќе во доменот на присутноста на пантомимата кај нас, секако дека треба да се одбележи фактот дека токму кај нас во еден период работеше Никола Аслимовски, врвен актер во жанрот за кој станува збор, од школата на најпознатиот светски пантомимичар, Марсел Марсо. Останува за паметење неговата инсценација на „Шинел“ од Гогољ на сцената на МНТ заедно со една група гимнастичари од Скопје. Појавата и развојот на ПАНФИЗ оди „рака под рака“ со се поголемата присутност на физичкиот театар во последниве децении за што заслуга секако има фестивалот Млад отворен театар, потоа Танцфест и разни гостувања на алтернативни и експериментални театарски трупи. Сведоци сме дека, годинава (2017) во Скопје се одржа и првиот фестивал на живи статуи и други форми на уличната уметност, а во кој секако неизбежно се присутни и елементите на пантомимата. (Инаку, покренувач и организатор на овој фестивал е актерот Војо Цветановски кој со своја претстава учествува на Седмото издание на ПАНФИЗ – 2014 г.) Да споменеме уште и тоа дека во последно време се повеќе се шири перформативната уметност или уметноста на акцијата со која се повеќе се бришат границите помеѓу уметноста и реалноста. Дали некоја уметничка форма ќе остане херметична и како таква достапна за потесен круг на привилегирана консумерска елита или ќе се прелее во популарна и демократска форма на творештво зависи и од изведувачите и од публиката. Во секој случај станува збор за процес и стремеж за нивна средба, проникнување, радост од тоа, па и за класичната катарза. ПАНФИЗ е спој на пантомимата и физичкиот театар. Самиот фестивал ја одразува деликатната рамнотежа помеѓу физиката (физичкиот театар) и поетиката (пантомимата). Во овој, контекст, на крајот од овој вовед би сакал да го цитирам унгарскиот филозоф и естетичар Бела Хамваш, кој, не без извесна еуфоричност, ќе констатира, дека „… Највисокиот облик на интелигенцијата е интелегенцијата на телото. Мудроста на одот, како ногата се снаоѓа на тлото, како е секогаш подготвена на нешто ново што сака да го испроба. Играта на тетивите, мноштвото мускули, коски, нерви, нешто што извира од најдлабокото разбирање на материјата и движењето…Ништо не е покарактеристично за интелигенцијата на телото од движењето со кое раката го допира сопственото тело…“

Текстот е на Тодор Кузманов, а е изваден од “ Монографијата 10 год. ПАHФИЗ “

МОНОКЛ

 

проф.д-р Христо Петрески

КРАТКАТА ПРОЛЕТ И НАСОЛЗЕНАТА ЗАВЕСА

 

  • ОСТАНУВААТ ЕМОЦИИТЕ И КРИТИЧКИОТ ЗАПИС…

Наместо фуснота, или: обраќање до имагинарните читатели

Сцена 1

Театарската критика, како и критиката воопшто е, пред сî, процес на “спојување” на поединецот (аналитичарот, оценувачот, коментаторот, валоризаторот, консуматорот) – со улогата на критичар, кој не е само пасивен гледач и набљудувач, туку е активен промислувач и на одреден начин соучесник.

Театарската критика е, всушност, редовна театарска хроника, со многу енергија и страст, иницирани од личната потреба да се арбитрира, но и поради професионалните обврски во медиумот за кој таа се создава.

Во секој случај: критичарот е еден вид изведувач, активистички свиркач (протестант) против општата цензура и самоцензура, сосоздавач и неиндиферентен “сопатник“ на претставата.

Критичарот постои во секој уметник, но и во секој уметник постои критичар. Театарскиот критичар сака да пишува и пишувајќи  да размислува за театарот, му се допаѓа обредот (церемонијата) за одење во театар, го изненадува и провоцира непредвидливоста на процесот на пробите и сите промени во однос на премиерната и постпремиерната изведба, ја поддржува човечката заедница која се собира околу секоја претстава. Критичарот сака повеќе пати да гледа поодделни претстави, затоа што актерите заслужуваат да ги следи погледот кој ги воочува подобрувањата, разликите, растот на сценската сигурност и(ли) храброст.

Театарот опстојува и во најлошите времиња (се чини, постојано се такви времињата). Тој најчесто изобилува со огромна енергија и инспирација, а критичарите длабоко им се восхитуваат на актерите, танчерите и сите други исполнители на сцената, поточно на нивната подготвеност да бидат изложени и да го поднесат товарот на често суровата евалуација и интерпретација на (не)ефикасноста, а потоа и она најтешкото – секогаш одново и одново да продолжат со работата.

Актерите се модели (репродуктивци), но и креатори (учители). Културата не е само споменична придобивка, ниту мртви букви на хартијата опкружени со многу помпа и реклами, туку е жив и динамичен организам кој постои и функционира во сегашноста.

Критиката и кога е професионална и релативно добро платена, таа секогаш почива и подразбира одреден волонтерски ангажман на авторот, што е резултат на внатрешниот порив, нескриената заинтересираност и љубовта, но и на творечкото љубопитство. Работата на критичарот најчесто е недоволно материјално валоризирана, но и ризична, зашто е преполна со потенцијални конфликти и речиси неизбежни грешки при просудувањето.