МАМА МИА, навистина Мама миа!

 

Конечно, една убава, приказна. Љубовна.Тивка, но бурна, распеана, така складно, со така нежен почеток. Бев изненадена од препевот кој звучеше прекрасно на македонски јазик. За наша среќа е мелозвучен. Целиот спектакл  наликуваше на АББА е од Македонија. Весела, разиграна приказна, тука, во нашето соседство,  со измешани емоции, од она време кога само Љубовта била важна, време кога се водеше повеќе она со … од колку војна.

Не понесоа со нивните моќни гласовни способности, од некои бев и пријатно изненадена од талентот што го го поседуваат и искрено им се радував. А, гардеробата среќна, летна, цветна, со сите бои на летото. Пеењето го имаа во малиот прст, но и во нозете, тие, девојките – триото актерки. Не оставија без коментар и без здив, до крајот…

За нив не треба многу да се зборува! Женското “ Динамитното трио “ навистиана беше Динамит!

Младите актери не останаа ништо подолу и им возвратија  со “ силен удар “, а нам ни докажаа дека имаат капацитет да се носат со овој жанр – Мјузиклот!

Силниот и бурен аплауз од кој не заболеа рацете, докажа и покажа се… Но, не  застанвме, повикувајќи ги за награда на величествен поклон! Навистина, големата екипа актери, пејачи, танчери… Излеговме, потпевнувајќи си песни од она време!

Моќната енергијата од сцената, не крена од седиштата и не натера да заиграме со нив. Ни го разубавија крајот на оваа 2017 година, за со песна искрена и чиста, со музика да ја дочекаме 2018 година!

Затоа искрено, од срце, Благодарам! На режисерата Наташа Поплавска и целата екипа која работеше на овој проект.

Гледачот