Семјуел Бекет ( 1906 – 1989 )

http://makedonskijazik.mk/
Семјуел Бекет
Samuel Beckett, Pic, 1.jpg

Бекет во 1977 год.
Псевдоним Ендрју Белис (Скорешна ирска поезија)
Занимање новелист, раскажувач, драматург, поет, есеист
Јазик англискифранцуски
Националност Ирец
Жанр драмапрозапоезијафилм
Книжевно движење Висок модернизам
Значајни награди Нобелова награда за литература (1969)

Семјуел Бекет (анг.Samuel Beckett13 април1906 — 22 декември1989) — ирскиписателдраматург и поет и претставник на т.н. „театар на апсурдот“. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1969 година[2]. Творештвото на Бекет претставува поглед врз човековата култура на формален и филозофско минималистички начин. Како ученик, асистент и пријател на Џемс Џојс, Бекет се смета за еден од доцните модернисти; како инспирација за многу подоцнежни писатели, тој понекогаш се смета и за еден од првите постмодернисти. Негово најпознато дело е трагикомедијата во два чина „Чекајќи го Годо“ (1952).

Животот на Бекет

Семјуел Бекет е претставник на театарот на апсурдот, односно антидрамата. Апсурдноста која започнува со егзистенцијализмот во антидрамата е уште понагласена. Таа се постигнува со повторување на исти бесмислици како средство за комуникација и отфрлајќи ги класичните драмски белези.
Бекет е раскажувач, критичар и драмски писател кој својата слава ќе ја здобие со драмата Чекајќи го Годо “. Таа ќе ги подели мислењата на критичарите, но и ќе го одбележи столетието.
Роден е 1906 година во Фоксрок, во близина на Даблин, Ирска. Студирал француски и италијански јазик на Тринити – колеџот во Даблин, а по дипломирањето заминал во Париз каде работел како лектор по англиски јазик. Во тоа време се запознал со Џемс Џојс, тогаш веќе познат писател со романот Улис“. Бекет напишал есеј за неговиот роман Финеган бдее“, и тогаш почнува поактивно да се занимава со пишување. Во текот на Втората светска војна се приклучува во движењето на отпорот, а по војната своите дела ги издава на француски јазик, а потоа ги преведува на англиски јазик.
 Негови најзначајни дела се романите: Марфи“, Молоа“, Малон умира“, Неименливото“; драмите: Чекајќи го Годо “, Крај на игра“, Среќни денови“, Игра“; и апстрактни, многу кратки драмски акти: Појди – дојди“ (со 121 збор) и Чин без зборови“ (нема зборови).
 Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1969 година.

Чекајќи го Годо

Чекајќи го Годо“ е антидрама (театар на апсурдот), која претставува празнина, чекање како празно дејство. Во неа има низа дејствија и низа дијалози кои не претставуваат ништо – само празно губење на времето додека се чека нешто што нема да дојде.
Ако животот на Мерсо од „Странецот“ на Ками е бесмислен и апсурден, тогаш животот и ликовите во оваа драма се супербесмислени и суперапсурдни.
Темата на драмата е содржана во насловот, чекањето на двата главни лика (Естрагон и Владимир) на Годо, кој им ветува работа и подобар живот.
Идејата е во бесмислата на животот која сепак е поткрепена со надеж за подобра иднина и пронаоѓање на смислата. Надеж, дека утре ќе биде подобро, дека утре можеби ќе дојде Годо.
Во оваа драма сè е релативно. Времето, местото, па и ликовите. Времето е денес, утре и вчера, а можеби и не е. Самите ликови не знаат дали чекале вчера или некогаш порано, а и утре можеби ќе чекаат, ако стигнат на време. Местото е покрај некое дрво, кое можеби е грмушка. Апсурдот на релативизирањето оди до таму што не е сигурно дали е тоа вистинското место каде што се договориле да се чекаат и дали и вчера биле тука или првпат доаѓаат.
Драмата е трагикомедија во два чина, во кои дејството речиси се повторува
Ликови
 Карактеристично за драмското творештво на Бекет е што ликовите се јавуваат во двојки. Едната двојка се Естрагон и Владимир, скитници и неразделни другари, а втората Поцо и Среќко кои се во однос надреден и потчинет.
Ликовите се надополнуваат еден со друг и во своите карактери не се сосема издифиренцирани. Тие се тажни кловнови, чиј живот е сосема бесмислен, бесцелен, исполнет само со празнина и чекање. Чекање на излезот и на спасот.
Естрагон и Владимир речиси не се разликуваат. Естрагон е малку поемотивен, а Владимир поразумен и порационален, Естрагон повеќе заборава, а Владимир малку помалку, на Владимир му смрди здивот, на Естрагон нозете. Тие не можат еден без друг, си помагаат, се чуваат. Неразделни се, иако за време на ноќта се разделуваат, но веќе следниот ден тие повторно се наоѓаат привлекувајќи се како магнет. Кога Естрагон ќе го слушне Владимир дека пее додека е сам, тој љубоморно ќе заклучи дека е среќен без него. Всушност, двајцата биле задоволни што ноќта ја минале сами, но потоа некоја сила ги влече повторно да се доближат. Тие иако се двајца, се чувствуваат како еден и се чувствуваат осамено. Затоа кога ќе се појават Поцо и Среќко, Владимир е среќен што побрзо ќе им помине времето и вели:

 Владимир:      Сега повеќе не сме сами, чекајќи ја ноќта, чекајќи го Годо, чекајќи …чекајќи. Цела вечер се боревме, без ничија помош. Сега со тоа е готово. Веќе е утре.(…) Времето веќе истекува. Сонцето ќе зајде, месечината ќе изгрее, а ние ќе заминеме … оттука.

Кај другите два лика имаме сосема различна варијанта. Тие се спротивни. Нивниот однос е однос на надреден и подреден; на господар и роб, па според тоа, тие би требале да се одбиваат. Но, и тие се во неразделна врска. Господарот Поцо и покрај сето изживување врз Среќко не може да го оттурне од себе. Среќко прави сè за да му се допадне на господарот и да остане во негова служба. Не го испушта багажот (во кој има песок за да тежи), игра, пее, мисли, врзан е со јаже за вратот на кој му се направиле рани, го трпи камшикот. Нивната спротивност се зголемува кога Поцо ослепува, а Среќко онемува, но тие пак се заедно.

Во современото општество во кое е карактеристично отуѓувањето на луѓето, ликовите насликани во драмата се типични. Неразделните врски се такви поради навиката и неиницијативноста. Често се дружиме со истите луѓе, ги чуваме старите пријатели, зашто ни е тешко да наоѓаме нови, одново да ги запознаваме и да се зближуваме. Тешко е да се направи чекор напред. Посигурно ни е да седиме и да чекаме, отколку да го направиме чекорот кон неизвесното и новото. Дали навистина не постои излез? Изборот што го правиме е слободен, никој не нè ограничува, освен самите ние – заради стравот од непознатото.

Во вториот случај, иако изборот на претпоставените не го правиме, не значи дека мора безусловно да го трпиме јаремот што ни го наметнуваат, а со тоа целосно да го изгубиме нашето достоинство. Во модерното општество сите ние сме на некој начин Среќко, а малкумина се Поцо.