Јулијана Мирчевска – актерка

 

Во прво лице

Идејата – се радувам како мало дете

1. ЗА СЕБЕ Секој одговор подолу зборува за мене…

2 . ЗА ЉУБОВТА: Со љубов ја одбрав мојата професија, мојот сопруг, им ја дарувам на моите пријатели, со љубов го дочекувам секое утро… со љубов го пијам моето утринско кафе, со љубов влегувам во театар, со љубов ги родив моите деца и кога ќе ја видам љубовта во нивните очи вперени во мене, ме грее, ме топи , ме исполнува …

3. ЗА ЖИВОТОТ: Некогаш ме фаќа и ме носи по патеки кои јас не ги избирам, но не се давам, се борам да ги земам уздите во мои раце и тогаш, животот е навистина убав !!!

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Ме обзеде, ме маѓепса уште како мала, сонував да застанам на сцена, сонував да бидам актерка… го исполнив сонот. И дојдоа некои чудни времиња. Театарот се бори да опстане …. се бори да го зачува достоинството, се борам и јас да покажам, да докажам дека театарската маѓија е незаменлива.

5. ЗА ДОБРОТО Уште го има, верувам го има , го има во секој човек, насекаде околу нас …. или се лажам пак?

6. ЗА ЗЛОТО За жал, го има.

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ Им благодарам за сите удари, ме направија посилна.

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Пред десет години би ви одговорила дека ги имам многу, насекаде … но денес, од како животот неколкупати ми загорчи … ме научи, дека едвај можам да ги избројам на една рака. Малку се, ама вистински се! И тука се, до мене, да се смееме и да плачеме заедно.

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ Не ја разбирам, мислам некогаш ја насетувам, но обично тие глумци се толку добри, што тешко можам да ги проценам од сам почеток, и секогаш се прашувам за тие луѓе: Како самите се гледаат во огледало???

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА Тоа е маѓична прашина… ха,ха…

10. ЗА КОЛЕГИТЕ Луѓе со разни карактери, пријатни, незгодни, секакви. Луѓе со кои создаваме маѓија, луѓе со кои некогаш го минувам целиот ден… луѓе со кои делам иста љубов – театарот. Мојата почит кон сите нив.

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ Има многу кои ги пропуштив, сонувам за многу нови …. не секогаш ги добивам оние што ги сакам, но научив во секоја нова улога да најдам предизвик, да ја засакам и да ја играм со задоволство.

12 . ЗА ИДЕЈАТА И се радувам како мало дете, ја мислам и ако успеам да ја реализирам – нема посреќна од мене!

13. ЗА СОНОТ Од секогаш многу сонував, големи соништа, убави… да ти е жал да се разбудиш, некои од нив ми се исполнија, некои ми се инспирација за некоја сцена, претстстава, па ми се исполнуваат на сцена ….а сонувам и со отворени очи… многу често- за подобар свет.

14. ЗА ЈАВЕТО Знае да е толку страшно, пострашно и од моите кошмари.

15. ЗА ВИНОТО Го менувам за кафе….

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО Причина за животот да биде убав !!!

17. ЗА КРАЈ Да се гледаме почесто во театар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *