Кога телото на актерот, зборува повеќе од зборовите… Мислам дека тоа е мигот кога се споиле мислата,телото и талентот. А, тој актерот да го подигнува нивото кон врвот, за да дојде до експлозија, со самиот карактер на ликот. Да создаде јака силна експресија, и да го искористи нивниот максимум. Ликот на Рогожин ни ја раскажа целата приказна на едно чудно извртено опшество, во кое борбата за убивање на духот, била, и е посилна од самото убиство. Низ неговите очи протекуваше големата, а блага омраза кон едно невино суштество, во прегратката која “не“ пријателски ја исплука, а го гушна, со доброто… Се поклони пред него “ братски “!
Давајќи му го својот сјајен крст како знак на “ не “ почит која подоцна ја исплука и оскверна. Актерот моќно не водеше низ приказната за една извалкана “ совршена“ љубов, која така и завршува, во неговите очи. Валкано! Крваво! Иронично! Тивко! Засапно! … и уште многуте епитети кои таа со себе ги носи. Но, не и болна, љубоморна, убиена со нов, остар нож. Зошто човекот кога е залепен од лудилото и љубомората, мисли дека се прави чисто и совршено. Но не и во оваа приказна.
фото Сречко Гунчев
Ретки се актерите кои тоа успешно го прават, а режисерот Г.Тренчовски умешно успеал да го искористи неговиот уметнички израз, длабоко од него, да ги извади сите емоции на површина.
Тоа му појде од рака на Кољо Черкезов во претставта “ Идот “ на НУЦК “ Антон Панов “ од Струмица.
Благодарам! Гледачот.