Лав Толстој (1828-1910)

 

Хероината на мојата приказна, која ја љубам со сета моќ на душава, која сум се обидел да ја претставам со сета нејзина убавина, која била, е и ќе биде прекрасна, вистината е.

Лав Толстој
L.N.Tolstoy Prokudin-Gorsky.jpg

Лав Толстој
Фотографија на Сергеј Михајлович Прокудин-Горски.
Занимање Романописец
Период 1852–1910
Жанр Роман, новела, есеј
Значајни дела Војна и мир
Ана Каренина
Воскресение

Потпис

Лав Николаевич Толстој (9 септември, 1828 година – 20 ноември, 1910), е роден во Јасна Полјана. Потекнува од аристократско руско семејство, поврзано со некои од најмоќните руски фамилии. Всушност, Толстој бил четврти братучед на Александар Пушкин.

Во раните години од неговиот живот, се борел со своите студии и летал низ животот, завршувајќи во огромни коцкарски долгови. Заситен од својот бесцелен и бесмислен живот, волонтира во руската армија, но ова ново искуство како војник, го доведува до моментот да стане пацифист во подоцнежниот живот. Забелешките собрани од бојното поле, можеме да ги најдеме во „Севастополските раскази“, кои го издигнале како еден од водечките руски писатели, привлекувајќи го вниманието дури и на актуелниот цар. Навраќајќи се на овие години, подоцна во Исповедите од 1882 година, тој горко жали за изарчените години во армијата.

tolstojcitat

Толстој имал длабок интерес во потрагата по поголемо разбирање и оправдување во животот. Патувал широко низ Европа, но се повеќе го разочарувала материјалистичката страна на европската буржоазија. Полемизирал и со оние со кои не се согласувал како Иван Сергеевич Тургенев (нашироко сметан за најдобар руски писател од неговата генерација), а развива и благонаклонетост кон селаните, сиромашните и оние кои биле угнетени од општеството. Наоѓал начин како да им помогне и служи.

Во 1862 година, се оженил со Софиjа Андреевна Берс, помлада од него цели 16 години. Овој брак, обезбедил степен на стабилност од каде Толстој ги создал неговите најголеми дела  Војна и Мир и романот Ана Каренина.20TOLSTOЈ

Војна и Мир е едно од најголемите литературни достигнувања и е неверојатено во својот домен, реализам и чувство на историја. Некои од ликовите биле вистински историски луѓе, а некои измислени. Во него опишани се во најпрецизни детали настаните кои довеле до француската инвазија на Русија, како и влијанието на Наполеон врз царистичкото општество, кое го гледаме преку судбините на петте руски аристократски семејства. За Толстој, делото никогаш не било роман: „Не не роман, а уште помалку дека е поема, туку е еден вид историска хроника“.

Војна и Мир

1238179515

По епските Ана Каренина и Војна и Мир, Толстој се подложува на промена на религиски и филозофски став. Под влијание на будизмот и Беседата на гората на Исус Христос, тој развива пацифистчко-анархистичка филозофија и ја поддржува граѓанската непослушност со цел подобрување на благосостојбата на угнетените. Неговата филозофија и христијанскиот анархизам, почнале да привлекуваат приврзаници кои создавале идеалистични Толстој комуни – на овој начин е создадено Толстојското општествено движење. Сепак, Толстој иако воодушевен од идејата за ова движење, никогаш не ги охрабрувал луѓето да се приклучат на истото, сметајќи дека секој треба да има своја свест. Православната црква го екскомуницирала, но неговото наследство како писател, морален мислител и реформатор останало длабоко вкоренето во светската литература и филозофија.posledna-tolstoj

 

 

Елизабета Клинчаревска Младеновоска – актерка

 

НЕПРИЈАТЕЛИТЕ – да се живи и здрави…

1.ЗА СЕБЕ – Емотивна, добронамерна и забавна.

2 . ЗА ЉУБОВТА: Ја имам во повеќе облици и секоја е бесценета…

3. ЗА ЖИВОТОТ: Џон Ленон рекол: “Животот е она што ти се случува додека си зафатен правејќи други работи”. Така е!

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Исконска желба за промена.

5. ЗА ДОБРОТО – Убаво чувство со кое би ги инфицирала сите!

6. ЗА ЗЛОТО – Човечката злоба, секогаш доаѓа како резултат на немоќ, или слабост!

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ – да се живи и здрави…

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? – непроценливо богатство!

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ – Лага и лицемерие !

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА – Кога ќе стапнам на сцената, воопшто не мислам на прашината…Тогаш е важна магијата…

10. ЗА КОЛЕГИТЕ – Потребна е поголема колегијалност…

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ – Што е мое, ќе си дојде…

12 . ЗА ИДЕЈАТА – Идејата и рализацијата се најдобри другарки.

13. ЗА СОНОТ – Димензија во која и нереалното изгледа реално. 14. ЗА ЈАВЕТО – Се трудам да биде убаво и весело!

15. ЗА ВИНОТО – Нека ми прости, но подобра ми е дружбата со Пивото.

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО – Мојата среќа, мојата љубов…мојот мир. 17. ЗА КРАЈ – Не постои крај…

18. Пасија- ПАТУВАЊА со семејството и посета на Рок концерти!

ТЕАТАРСКИ ОСВРТ

Сос… или не?!… Пикантна возбуда!

Кон “Хамлет во пикантен сос”; режија Александра Карделевска; продукција Театар Комедија; игра инспиративниот ансамбл на овој наш најмлад театар

Дека и Театарот знае да биде пикантен, дури и кога се работи по рецепт, дури и кога се пародизира магот Шекспир, дури и кога Хамлет е дел од рецептурата на Комедијата, дури и кога трагичното предизвикува солзи, но овојпат од смеење, се посведочи во средата навечер на сцената на Драмскиот театар, алијас Театар Комедија…

Рецептот на Алдо Николај, лажица по лажица, полека, но сигурно, го проучи и ни го сервираше Александра Кардалевска, а во нејзината манџа главен церемонијал-мајстор е готвачот Фроги, алијас Крсте Јовановски, кој речиси беспрекорно го води дејствието и збрката, алудирајќи дека дури и смртта на големците е во рацете на манџа-мајсторот, во зависност од тоа како ќе се сервира… Во тоа му помагаат неговата ќерка Инге – Кристина Ласовска, која пак глупоста и наивноста ги “вози” беспрекорно, со што го зачинува сосот… во кој Хамлет низ разни асоцијации ќе не однесе до она за што во творечка смисла сите сме сведоци – се може да се размрда до распаднување, па дури и Шекспировиот (анти)херој… А тој Атанас, алијас Хамлет потсетуваше и наликуваше и на многу други асоцијации, денешни и некои минати (од Дракула до Смртиша преку некои ликови на наши современици…)…Милиот на мајка Гертруда, алијас беспрекорната Јелена Жугиќ (која уште еднаш потврди дека го поседува комичниот нерв и од тој аспект владее со сцената), низ лавиринтот на (не)љубовта, ќе не однесе до прашањето, да се смееме или не?!… на што одговорот е: ДА!

За ова потврда ни се и вплетканите и вмрежените интригантни-сплеткари во сосот-игра и предигра:Тино Костадиновски, алијас Хорацио, што по енергија и дух го следеше Жарко Димоски (Брик), па Зорица Стојановска – Кати, сопругата на Фроги која вербално и фацијално ни изнудуваше навистина весела емоција, спанкото Грутер или Ердоан Максут, кој својата епизода ја “обремени” со печат, идиотски изгубениот, одлично насликан и одигран Лаерт на Роберт Ристов, лудата Офелија, што со минимални но доволно прецизни, точни, средства ни ја пружи Тања Мицков, “сериозната” епизода на Кралот со Илија Илиоски, чиј беше и “нежниот” трансвестит…

Но и инвенцијата на Кардалевска и интересно – специфичните и со труд изградени ролји, не би биле она што се, без живописните и функционални костими на Маја Димовска и прецизно срочената сценографија на Стефан Спировски, зачинети со музиката, како назнака, на Оливер Јосифовски… Се на се, сосот во кој се најде Хамлет заедно со нас сведоците на петтата премиера на Театар Комедија, барем според првичните импресии ветува долга низа изведби.

Борче ГРОЗДАНОВ

Хана Миленковска – режисерка

 

Во прво лице

 Животот-големо уметничко дело

  1. ЗА СЕБЕ:   Борба со себе и светот, внатре, надвор, секој ден, секој миг.
  1. ЗА ЉУБОВТА:  Слобода
  1. ЗА ЖИВОТОТ:  Едно големо уметничко дело
  1. ЗА ТЕАТАРОТ:  Мисла во простор
  1. ЗА ДОБРОТО:  Вистината
  1. ЗА ЗЛОТО:  Страв + неукост
  1. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ:  “Kill them with kindness”

 – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ?  Најважното огледало

  1. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ:  Протокол, прилагодување…
  1. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА:  Микро-оставштина од мигот.
  1. ЗА КОЛЕГИТЕ:  Соборци, ко-креатори
  1. ЗА НЕНАПРАВЕНИТЕ ПРЕТСТАВИ:  Притисок, стремеж, инает

 12 . ЗА ИДЕЈАТА:  Воспалителен процес, кој се лечи со дејствување, во спротивно остава лузни во форма на  парче ништо.

  1. ЗА СОНОТ:  Контакт со „таму негде“ и себе истовремено.
  1. ЗА ЈАВЕТО:  Тешко ми е да сум нон-стоп присутна и присебна во ваков свет.
  1. ЗА ВИНОТО: Важно е да се има апетит за убавото, вели еден драг пријател.  
  1. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Ќе се учиме да се сакаме, цел живот, до крај .
  1. ЗА КРАЈ:  „Те молам“ , „Благодарам“, „Извини“. Ајде сега  сите заедно- „Те молам“…..

 

TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

Тихомир Стојановски

  1. КУЛТУРОЛОШКИ ФЕНОМЕН НА ТЕАТАРОТ

Но, ајде да размислиме повторно за верата. Во театарот често барајќи пат до совладување на сценската задача, улогата која сме ја добиле за подготовка на сцената, самото искуство и самиот живот нé тера да појдеме вон сцената и да набљудуваме. На некој начин нé тера да излеземе од сцената и да влеземе во самиот живот. Да се сретнеме со него. Да црпиме сознанија и искуства од реалниот живот. Често ги набљудуваме децата. Не знам дали некогаш сте забележале што е посебно во играњето на децата. Кога ќе влезат длабоко и ќе се занесат во некоја игра погледнете во нив внимателно, загледајте се во нивните очи, во нивите дејства и посветеност и сигурен сум дека ќе забележите дека тие веруваат во нивната игра. Но, тоа не е обично, ординарно верување. Се работи за чин на голема вера. За верба. Тие веруваат во секое делче од нивната игра, длабоко веруваат во дејствијата, веруваат дека за време на играта сé е можно, едноставно се работи за чин на голема верба. Ние луѓето од театарот, и не само од него, би можеле да научиме многу од нив за таа ВЕРБА. За вербата. Заклучивме дека театарот не е можен без верба. Барем неговото создавање и родение. Или неговиот почеток.

Но, да видиме што велат за зборот вера или како што меѓународно е познат како религија – “религио онис ф.”, заведен како латински збор во “Речник латинско-српско-хрватски”27

Театар „Мастерскаја П. Фоменко”, Москва

 

Театарот Мастерскаја П. Фоменко” е формиран во 1993 година, а неговото име дојде оттаму што секоја класа на студенти при Државниот институт за театарска уметност (ГИТИС) во Москва се нарекува ‘мастерскаја’ (во буквален превод ‘работилница’), па бидејќи студентите на професорот Пјотр Фоменко останаа заедно и по дипломирањето, ова име  стана – и име на театарот. Денеска, „Мастерскаја П. Фоменко” е еден од омилените театри на московската публика, а претставите во продукција на театарот во многу наврати освојуваа престижни театарски награди во Русија меѓу кои, покрај Златната маска, и наградите: Станиславски, Кристалниот Турандот,  Чаика, Хит на Сезоната, Златен витез и други, како и низа награди и признанија на многубројни меѓународни фестивали.

Театарот „Мастерскаја П. Фоменко” е креиран со  mayoral decree под водство на Пјотр Фоменко во 1993, но историјата на Фоменковците започнува во Јули 1988, кога Пјотр Фоменко ја избра неговата втора класа на студенти по театарска режија на Руската театарска академија (ГИТИС).

Претставите во продукција на театарот беа поставувани не само од уметничкиот директор, туку и од многу други режисери како Сергеј Женовач, Евгениј Каменкович, Иван Поповски и Николај Дручек. Театарот редовно прима нови студенти: во моментов театарот вклучува три генерации на „Фоменковци”. Во 2007г. Театарот регрутираше група актери и режисери кои сакаа да  ја продолжат својата професионална обука со Пјотр Фоменко. По овој тригодишен дипломски курс многу учесници се приклучија во театарот. Тие учествуваат во претставите на тековниот репертоар и се вклучени во создавањето на нови претстави.

Во голем дел од своите рани години, на театарот му недостигаше дом. Во 2000 година тој конечно се пресели во реновираниот простор кој претходно му припаѓаше на Киното Киев. Неколку години подоцна, московското градско собрание изгради нова зграда за театарот „Мастерскаја П. Фоменко” која располагаше со сите модерни технички можности. Новиот простор беше отворен во јануари 2008 со премиерата на Фоменковата режија на „Мома без мираз” од Александар Островски.

Пет продукции му претходеа на официјалното формирање на театарот. Тоа беа: Дванаесеттата ноќ од Шекспир, во режија на Евгениј Каменкович; Редот на Свети Владимир, Третиот клас од Николај Гогољ, во режија на Сергеј Женовач; Авантура од Марина Цветаева, во режија на Иван Поповски, Волци и овци од  Александар Островски, во режија на Пјотр Фоменко; и Врева и бес од Вилијам Фокнер во режија на Сергеј Женовач.

Со овие студентски продукции порасна театарот „Мастерскаја П. Фоменко”. Само една од овие претстави е сé уште на репертоарот (Волци и овци) и е сé уште омилена кај публиката. По премиерата во Мај 1992, таа до сега е 20 години на сцената.

Актуелниот репертоар на театарот е составен главно од претстави кои беа поставени во последните години.

Пјотр Наумович Фоменко

Fomenko.png
Роден Пјотр Наумович Фоменко

13 Јули 1932 во Моска

Починал Август 9, 2012 (на 80)
Москава, Русија.
Дејност  Театарски режисер, филмски режисер, театраски профрсор
Активни години 1958—2012

Пјотр Наумович Фоменко (руски: Пeтр Наумович Фоменко, 13 јули 1932, Москва – 9 август 2012 година, Москва) беше советски и руски режисер, држел работилници во московски театар ‘Петр Фоменко‘ .

Создадени се 60 продукции во театри во Москва, Санкт Петербург, Тбилиси, Вроцлав, Салцбург и Париз.Карактеристичен начин на режисерот Фоменко е имагинативно и парадоксално размислување, градење на перформанси базирани на принципот на иронично споредување на спротивставени епизоди; неговите дела се живописно театарски и музички се различни, брилијантни, со богат актерски ансамбли.

Во голем број на продукции од доцните 1970-ти – раните 1980-ти, Фоменко експериментирал во жанрот на трагична гротеска.

Телевизиските продукции кој тој ги работел се необични допираат во длабочината на психологијата, со строго придржување кон идејата која е авторск и има својствен стилот

Во 2000 година предава на Парискиот конзерваториум, а потоа настапи на Комеди Француза (2003).

Во 2001 година ги објави последните ученици. Во 2003 година го напушти одделот за режија на РАТИ (ГИТИС), а официјалната ја напушти театарската педагогија, во која има дадено повеќе од 20 години живот. Меѓу учениците, режисерите Фоменко Сергеј Женовач, Иван Поповски, Олег Рябкин, Елена Невежина, Владимир Епифанцев, Миндаугас Карбаускис, Сергеј Пускпелис, Алексеј Бураго, Николај Дручек, актерите Игор Уголников, Галина Тјунина, сестрите Полина и Ксенија Кутепова, Мадлен Джабраилова, Полина Агуреева, Андреј Казаков, Кирил Пирогов, Илија Любимов, Евгениј Цыганов.

Тој починал во Москва. На 9 август 2012 година. Погребан на 13 август, Ваганковски гробишта.

„Волшебникот од Оз“ – Л. Френк Баум

 

„Волшебникот од Оз“ (Wizard of Oz) е американски филм на режисерот Виктор Флеминг од 1939 година, правен по книгата на Л. Френк Баум, кој раскажува за Дороти Гејл и нејзиниот пат до Оз, каде што треба да го најде познатиот волшебник, за тој да ѝ помогне да си го најде патот за дома.

„Волшебникот од Оз
The Wizard of Oz“
Wizard oz movieposter.jpg      

Постер за кино-претставата
Режисер Виктор Флеминг
Без препишана заслуга: Мервин Лирој , Ричард Торп
Кинг Видор
Продуцент Мервин Лирој, Артур Фрид
Сценарист Ноел Ленгли, Флоренс Риерсон, Едгар Алан Вулф
Л. Франк Баум роман
Настапуваат  Џуди Гарланд – Дороти Гејл,  Френк Морган – Проф. Марвел, Реј Болгер – Плашилото, Берт Лар – Лавот, Џек ХејлиБили Бурк 
Музика Херберт Стотхарт, 
Песни: Xаролд Арлен, Јип Харбург
Кинематографија Херолд Росон
Дистрибутер Metro-Goldwyn-Mayer(почетен)
Warner Bros. и Turner Entertainment(моментален)
Премиера август 12 1939

Постои верзија на овој филм од 1925, на режисерот Лери Семон. Оваа верзија на „Волшебникот од Оз“ има посебно место во историјата на филмот, заради неговата гламурозност.

Во книгата „Волшебникот од Оз“ се раскажуваат приказните на неколкуте ликови кои започнуваат едно необично патување, водени од својот недостаток и барајќи надеж за негово остварување, длабоко во себе носејќи ја желбата истиот да го престорат во сопствена предност. Но, дали е поважна целта или самото патување е едно од прашањата кои Ве засегнува, читајќи ја ова книга, како и тоа дали само во нас може да се пронајде сето она што го бараме од другите.

Најсложените прашања во оваа книга се одговараат на едноставен начин, со што таа се здобива со саркастична нијанса, во која може да се ужива „патувајќи“ заедно со ова необично, но многу забавно друштво.

Во Македонија е можеби една од најиграните претстави како во

Театарот за деца и младинци во Скопје, така и во другите театри низ земјава,

 

 

 

 Куманово Прилеп,

а во мометов се прави  “ Волшебникот од Оз “ и во Влешкиот театар. Поставките се најчесто за малите деца, но секако тоа треба да го погледаат сите оние кои се чувствуваат така.

Катерина Шектанска Лаковски актерка

 

Во прво лице

ПРИЈАТЕЛИТЕ – Глумци, со или без дипломи, со конкуренција за Оскар!

1. ЗА СЕБЕ – Премногу реална ( што боли ). Со краток фитиљ, љута, коректна, работлива, мрази неправда и бурно реагира на неа. Мрази кога ја лажат, а уште повеќе кога гледа дека мислат дека успеале во тоа. Негативна никогаш, ама ете, успеваат понекогаш.

2 . ЗА ЉУБОВТА: Без неа ништо. Љубвта со пари не се купува, таа се заслужува. А за сите на кои им смета вистинскаат и искрена љубов, сите кои пробуваат да го уништат она единствено вредно за кое се живее. За сите кои се мешаат во вистинска љубов, местото не ви е таму.

– Животот ќе ви плати и врати

– Од Господ гледам не се плашиите, неверници сте, ама и Тој не ќе ви остане должен

п.с. Ама ни јас!

3. ЗА ЖИВОТОТ: Треба да се живее и да се истрпи ( женски ) секој удар кој што го носи со себе. Гордо и исправено, само ако живеете исправно. Во спротивно … вие се знаете.

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Не знам ништо, иако сум израсната во него. Така сакаа да биде. Дали им успеа времето ќе покаже?

5. ЗА ДОБРОТО – Веќе го нема…

6. ЗА ЗЛОТО – Насекаде околу нас. Претворено ов човечки лик

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ – Ги имало и ќе ги има. И што со тоа, сами си прават лошо на себе. Труејќи се со зло, смрдат од далеку.

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? – Незнам колку се веќе вистински, сите се станати глумци, со или без дипломи. Голема конкуренција за Оскар, да не речам, за “ Војдан Чернодрински “

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ – Одговорив погоре.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА – За неа, реално, не бев свесна, додека не ми ја дијагностицираа, “ астма “ хахах Се шалам, ама и не! Волшебно во секој случај, ја дишам откако сум родена, а реално од својата 9 година.

10. ЗА КОЛЕГИТЕ – Несакајќи одговорив погоре.

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ – Ги има многу, и ќе ги има. Да не се пвторувам..

12 . ЗА ИДЕЈАТА – Сакаат да ја поништат да ја направат невредна, да ја снема! Но, секогаш ќе постои. Битна е само храброст, за реализација.

13. ЗА СОНОТ – Го сонувам

14. ЗА ЈАВЕТО – Го живеам, ама сакам да е поинакво

15. ЗА ВИНОТО – Ретко. Знам некогаш да се напијам. Повеќе го користам во афоризам, отколку што го користам за пиење. Сепак, црвеното нема рок на траење.

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО – Алка без која никогаш целото не е се. Нешто што ми е најважно и на прво место. Нешто за што се борам, и ќе продолжам да се борам, да опстои и да остане цело.

17. ЗА КРАЈ – Што не е дојден. хахахах

За Балетот – Моја прва Љубов, нешто што ќе остане засекогаш во моето срце. Нешто во што бев сигурна дека сум добра, и нешто што не го остварив како моја најголема желба. Но, успеав да докажам дека балетот и глумата се една нераскинлива нишка. Не можат едно без друго, едното го надополнува другото. Ете други успеаја, јас не.