Во прво лице
Животот, за жал, го диктира општеството!
За себе:
Јас сум човек кој не може да остане во едно место повеќе од десет минути.Уживам во храната. Перфекционист и хипохондрик! Не поднесувам луѓе само со пуста желба за театар, а нималку талент! Јас сум човек кој не престанува со зборување. Непријател ми е оној кој ми ја одзема слободата и ми го наметнува своето размислување како единствено релевантно! Не сум роб на традицијата, но ме прави да се чувствувам поразличен а со тоа и посебен! Само народи со огромна почит кон традицијата имаат силни татковини……
За љубовта:
Дефинитивно не сум романтичар ниту пак верувам во љубов на прв поглед! Не мислам дека се умира за и од љубов! Сепак тоа им го препишувам на категоријата луѓе со некакви дијагнози! Сум ја доживеал неколку пати и секогаш си викам “далеку од очите , далеку од срцето” визуелното е најпресудно, иако се разбира духовното има огромен удел.
За животот:
За жал го диктира општеството!
А општеството луѓето.
А пак луѓето околу нас го моделираат секојдневието! Уживам тука каде што сум и таков каков сум! Да, веќе сум во возраст кога сфаќам колку е краток!
За театарот:
Тој треба да пробудува, да разбудува, да предупредува, да ошамарува, да забавува, сите сетила да ги подбуцнува, да подучува, да образува, да не досадува, да раскажува, да не се злоупотребува, да го прават вистински лица, на вистинско место во вистинско време, да се прави до крај, да не е безидеен…….
За доброто: за злото
Секој од нас е типичен претставник на едното или другото! Ако се разбираме!?
За не/пријателите:
Некогаш за нив правиш најубави нешта но заради нив многу често можеш да си направиш ужасни нешта! Секако, мислам на пријателите, не на секој познаник. Во суштина јас не очекувам ништо посебно од своите пријатели затоа и не се разочарувам нешто посебно.
За глумата во животот:
Па зарем малку ни е на сцена?
Добро искрено времево во кое живееме не принудува и на малку глума !
За сценската прашина:
Патината и мирисот кој го има театарот се во ред! Будат емоции уште при првиот контакт! Но јас сепак сум за театри без прашина! Но и еве, искрено, алергичен сум! 🙂
За колегите:
Чудно, но после само две недели на одмор ми недостигаат! А како да не, кога тие се оние со кои поминуваш по 200 дена од годината! Само колеги кои што се во добри односи и приватно, се гарант за успешна претстава!
За неодиграните улоги:
Искрено? Ги немам!
Ниту патам ниту ќе патам по улоги, текстови… Театарот е момент , сега и овде….со судбините и енергиите на луѓето со кои создаваш во моментот….
За идеата:
Без идеа сме ништо….нема театар…идеата често пати е пет пари….обично омалужуваат нечии идеи -луѓето кои и воопшто немаат. Плашејки се и свесни за својот неталент плукаат по сечија идеа наметнувајки ја најневредната како единствена релевантна/вредна зашто само таму би се чуствувале способни …
За сонот:
Пред десетина години сонував за холивуд….
Ама сега започнувам да си го создавам….тој си е мој холивуд посебен,специфичен..не престанав да сонувам ама научив да се будам кога ќе сфатам дека сонот нигде не води
За јавето:
Моето јаве е во Битола, во народниот театар! И без нималку скромност ќе речам “школа” за остатокот од малата ни земја! Ниту маштам ниту сонувам! Јаве е, дојдете уверете се! Јавето е оти тука, во истата таа мала земја сме легнале на брашното и дури ни несе кокошката, ќе мечтаеме за повеќе и подобро, несвесни колку и што се имаме!
За виното:
Коктелите после премиерите завршуваат залеани со литри и литри вино! Па моменти за паметење за критикување и т н… Јас сум повеќе по белото ;-), црвеното ме кодоши на жена ми, остава траги на устата!
За семејството
Ми дава сила. Утеха е после неуспех, мотив за понатаму и за повеќе! Причина заради која започнувам одново и одново… Семејството ми дава смисла.
За крај
!!!