Елизабета Клинчаревска Младеновоска – актерка

 

НЕПРИЈАТЕЛИТЕ – да се живи и здрави…

1.ЗА СЕБЕ – Емотивна, добронамерна и забавна.

2 . ЗА ЉУБОВТА: Ја имам во повеќе облици и секоја е бесценета…

3. ЗА ЖИВОТОТ: Џон Ленон рекол: “Животот е она што ти се случува додека си зафатен правејќи други работи”. Така е!

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Исконска желба за промена.

5. ЗА ДОБРОТО – Убаво чувство со кое би ги инфицирала сите!

6. ЗА ЗЛОТО – Човечката злоба, секогаш доаѓа како резултат на немоќ, или слабост!

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ – да се живи и здрави…

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? – непроценливо богатство!

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ – Лага и лицемерие !

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА – Кога ќе стапнам на сцената, воопшто не мислам на прашината…Тогаш е важна магијата…

10. ЗА КОЛЕГИТЕ – Потребна е поголема колегијалност…

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ – Што е мое, ќе си дојде…

12 . ЗА ИДЕЈАТА – Идејата и рализацијата се најдобри другарки.

13. ЗА СОНОТ – Димензија во која и нереалното изгледа реално. 14. ЗА ЈАВЕТО – Се трудам да биде убаво и весело!

15. ЗА ВИНОТО – Нека ми прости, но подобра ми е дружбата со Пивото.

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО – Мојата среќа, мојата љубов…мојот мир. 17. ЗА КРАЈ – Не постои крај…

18. Пасија- ПАТУВАЊА со семејството и посета на Рок концерти!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *