TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

Тихомир Стојановски

  1. КУЛТУРОЛОШКИ ФЕНОМЕН НА ТЕАТАРОТ

Но, ајде да размислиме повторно за верата. Во театарот често барајќи пат до совладување на сценската задача, улогата која сме ја добиле за подготовка на сцената, самото искуство и самиот живот нé тера да појдеме вон сцената и да набљудуваме. На некој начин нé тера да излеземе од сцената и да влеземе во самиот живот. Да се сретнеме со него. Да црпиме сознанија и искуства од реалниот живот. Често ги набљудуваме децата. Не знам дали некогаш сте забележале што е посебно во играњето на децата. Кога ќе влезат длабоко и ќе се занесат во некоја игра погледнете во нив внимателно, загледајте се во нивните очи, во нивите дејства и посветеност и сигурен сум дека ќе забележите дека тие веруваат во нивната игра. Но, тоа не е обично, ординарно верување. Се работи за чин на голема вера. За верба. Тие веруваат во секое делче од нивната игра, длабоко веруваат во дејствијата, веруваат дека за време на играта сé е можно, едноставно се работи за чин на голема верба. Ние луѓето од театарот, и не само од него, би можеле да научиме многу од нив за таа ВЕРБА. За вербата. Заклучивме дека театарот не е можен без верба. Барем неговото создавање и родение. Или неговиот почеток.

Но, да видиме што велат за зборот вера или како што меѓународно е познат како религија – “религио онис ф.”, заведен како латински збор во “Речник латинско-српско-хрватски”27