Театар „Мастерскаја П. Фоменко”, Москва

 

Театарот Мастерскаја П. Фоменко” е формиран во 1993 година, а неговото име дојде оттаму што секоја класа на студенти при Државниот институт за театарска уметност (ГИТИС) во Москва се нарекува ‘мастерскаја’ (во буквален превод ‘работилница’), па бидејќи студентите на професорот Пјотр Фоменко останаа заедно и по дипломирањето, ова име  стана – и име на театарот. Денеска, „Мастерскаја П. Фоменко” е еден од омилените театри на московската публика, а претставите во продукција на театарот во многу наврати освојуваа престижни театарски награди во Русија меѓу кои, покрај Златната маска, и наградите: Станиславски, Кристалниот Турандот,  Чаика, Хит на Сезоната, Златен витез и други, како и низа награди и признанија на многубројни меѓународни фестивали.

Театарот „Мастерскаја П. Фоменко” е креиран со  mayoral decree под водство на Пјотр Фоменко во 1993, но историјата на Фоменковците започнува во Јули 1988, кога Пјотр Фоменко ја избра неговата втора класа на студенти по театарска режија на Руската театарска академија (ГИТИС).

Претставите во продукција на театарот беа поставувани не само од уметничкиот директор, туку и од многу други режисери како Сергеј Женовач, Евгениј Каменкович, Иван Поповски и Николај Дручек. Театарот редовно прима нови студенти: во моментов театарот вклучува три генерации на „Фоменковци”. Во 2007г. Театарот регрутираше група актери и режисери кои сакаа да  ја продолжат својата професионална обука со Пјотр Фоменко. По овој тригодишен дипломски курс многу учесници се приклучија во театарот. Тие учествуваат во претставите на тековниот репертоар и се вклучени во создавањето на нови претстави.

Во голем дел од своите рани години, на театарот му недостигаше дом. Во 2000 година тој конечно се пресели во реновираниот простор кој претходно му припаѓаше на Киното Киев. Неколку години подоцна, московското градско собрание изгради нова зграда за театарот „Мастерскаја П. Фоменко” која располагаше со сите модерни технички можности. Новиот простор беше отворен во јануари 2008 со премиерата на Фоменковата режија на „Мома без мираз” од Александар Островски.

Пет продукции му претходеа на официјалното формирање на театарот. Тоа беа: Дванаесеттата ноќ од Шекспир, во режија на Евгениј Каменкович; Редот на Свети Владимир, Третиот клас од Николај Гогољ, во режија на Сергеј Женовач; Авантура од Марина Цветаева, во режија на Иван Поповски, Волци и овци од  Александар Островски, во режија на Пјотр Фоменко; и Врева и бес од Вилијам Фокнер во режија на Сергеј Женовач.

Со овие студентски продукции порасна театарот „Мастерскаја П. Фоменко”. Само една од овие претстави е сé уште на репертоарот (Волци и овци) и е сé уште омилена кај публиката. По премиерата во Мај 1992, таа до сега е 20 години на сцената.

Актуелниот репертоар на театарот е составен главно од претстави кои беа поставени во последните години.

Пјотр Наумович Фоменко

Fomenko.png
Роден Пјотр Наумович Фоменко

13 Јули 1932 во Моска

Починал Август 9, 2012 (на 80)
Москава, Русија.
Дејност  Театарски режисер, филмски режисер, театраски профрсор
Активни години 1958—2012

Пјотр Наумович Фоменко (руски: Пeтр Наумович Фоменко, 13 јули 1932, Москва – 9 август 2012 година, Москва) беше советски и руски режисер, држел работилници во московски театар ‘Петр Фоменко‘ .

Создадени се 60 продукции во театри во Москва, Санкт Петербург, Тбилиси, Вроцлав, Салцбург и Париз.Карактеристичен начин на режисерот Фоменко е имагинативно и парадоксално размислување, градење на перформанси базирани на принципот на иронично споредување на спротивставени епизоди; неговите дела се живописно театарски и музички се различни, брилијантни, со богат актерски ансамбли.

Во голем број на продукции од доцните 1970-ти – раните 1980-ти, Фоменко експериментирал во жанрот на трагична гротеска.

Телевизиските продукции кој тој ги работел се необични допираат во длабочината на психологијата, со строго придржување кон идејата која е авторск и има својствен стилот

Во 2000 година предава на Парискиот конзерваториум, а потоа настапи на Комеди Француза (2003).

Во 2001 година ги објави последните ученици. Во 2003 година го напушти одделот за режија на РАТИ (ГИТИС), а официјалната ја напушти театарската педагогија, во која има дадено повеќе од 20 години живот. Меѓу учениците, режисерите Фоменко Сергеј Женовач, Иван Поповски, Олег Рябкин, Елена Невежина, Владимир Епифанцев, Миндаугас Карбаускис, Сергеј Пускпелис, Алексеј Бураго, Николај Дручек, актерите Игор Уголников, Галина Тјунина, сестрите Полина и Ксенија Кутепова, Мадлен Джабраилова, Полина Агуреева, Андреј Казаков, Кирил Пирогов, Илија Любимов, Евгениј Цыганов.

Тој починал во Москва. На 9 август 2012 година. Погребан на 13 август, Ваганковски гробишта.