„Волшебникот од Оз“ (Wizard of Oz) е американски филм на режисерот Виктор Флеминг од 1939 година, правен по книгата на Л. Френк Баум, кој раскажува за Дороти Гејл и нејзиниот пат до Оз, каде што треба да го најде познатиот волшебник, за тој да ѝ помогне да си го најде патот за дома.
„Волшебникот од Оз The Wizard of Oz“ |
|
---|---|
![]() ![]() Постер за кино-претставата
|
|
Режисер | Виктор Флеминг Без препишана заслуга: Мервин Лирој , Ричард Торп Кинг Видор |
Продуцент | Мервин Лирој, Артур Фрид |
Сценарист | Ноел Ленгли, Флоренс Риерсон, Едгар Алан Вулф Л. Франк Баум роман |
Настапуваат | Џуди Гарланд – Дороти Гејл, Френк Морган – Проф. Марвел, Реј Болгер – Плашилото, Берт Лар – Лавот, Џек Хејли, Били Бурк ![]() |
Музика | Херберт Стотхарт, Песни: Xаролд Арлен, Јип Харбург |
Кинематографија | Херолд Росон |
Дистрибутер | Metro-Goldwyn-Mayer(почетен) Warner Bros. и Turner Entertainment(моментален) |
Премиера | август 12 1939 |
Постои верзија на овој филм од 1925, на режисерот Лери Семон. Оваа верзија на „Волшебникот од Оз“ има посебно место во историјата на филмот, заради неговата гламурозност.
Во книгата „Волшебникот од Оз“ се раскажуваат приказните на неколкуте ликови кои започнуваат едно необично патување, водени од својот недостаток и барајќи надеж за негово остварување, длабоко во себе носејќи ја желбата истиот да го престорат во сопствена предност. Но, дали е поважна целта или самото патување е едно од прашањата кои Ве засегнува, читајќи ја ова книга, како и тоа дали само во нас може да се пронајде сето она што го бараме од другите.
Најсложените прашања во оваа книга се одговараат на едноставен начин, со што таа се здобива со саркастична нијанса, во која може да се ужива „патувајќи“ заедно со ова необично, но многу забавно друштво.
Во Македонија е можеби една од најиграните претстави како во
Театарот за деца и младинци во Скопје, така и во другите театри низ земјава,
Куманово
Прилеп,
а во мометов се прави “ Волшебникот од Оз “ и во Влешкиот театар. Поставките се најчесто за малите деца, но секако тоа треба да го погледаат сите оние кои се чувствуваат така.