Катерина Шектанска Лаковски актерка

 

Во прво лице

ПРИЈАТЕЛИТЕ – Глумци, со или без дипломи, со конкуренција за Оскар!

1. ЗА СЕБЕ – Премногу реална ( што боли ). Со краток фитиљ, љута, коректна, работлива, мрази неправда и бурно реагира на неа. Мрази кога ја лажат, а уште повеќе кога гледа дека мислат дека успеале во тоа. Негативна никогаш, ама ете, успеваат понекогаш.

2 . ЗА ЉУБОВТА: Без неа ништо. Љубвта со пари не се купува, таа се заслужува. А за сите на кои им смета вистинскаат и искрена љубов, сите кои пробуваат да го уништат она единствено вредно за кое се живее. За сите кои се мешаат во вистинска љубов, местото не ви е таму.

– Животот ќе ви плати и врати

– Од Господ гледам не се плашиите, неверници сте, ама и Тој не ќе ви остане должен

п.с. Ама ни јас!

3. ЗА ЖИВОТОТ: Треба да се живее и да се истрпи ( женски ) секој удар кој што го носи со себе. Гордо и исправено, само ако живеете исправно. Во спротивно … вие се знаете.

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Не знам ништо, иако сум израсната во него. Така сакаа да биде. Дали им успеа времето ќе покаже?

5. ЗА ДОБРОТО – Веќе го нема…

6. ЗА ЗЛОТО – Насекаде околу нас. Претворено ов човечки лик

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ – Ги имало и ќе ги има. И што со тоа, сами си прават лошо на себе. Труејќи се со зло, смрдат од далеку.

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? – Незнам колку се веќе вистински, сите се станати глумци, со или без дипломи. Голема конкуренција за Оскар, да не речам, за “ Војдан Чернодрински “

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ – Одговорив погоре.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА – За неа, реално, не бев свесна, додека не ми ја дијагностицираа, “ астма “ хахах Се шалам, ама и не! Волшебно во секој случај, ја дишам откако сум родена, а реално од својата 9 година.

10. ЗА КОЛЕГИТЕ – Несакајќи одговорив погоре.

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ – Ги има многу, и ќе ги има. Да не се пвторувам..

12 . ЗА ИДЕЈАТА – Сакаат да ја поништат да ја направат невредна, да ја снема! Но, секогаш ќе постои. Битна е само храброст, за реализација.

13. ЗА СОНОТ – Го сонувам

14. ЗА ЈАВЕТО – Го живеам, ама сакам да е поинакво

15. ЗА ВИНОТО – Ретко. Знам некогаш да се напијам. Повеќе го користам во афоризам, отколку што го користам за пиење. Сепак, црвеното нема рок на траење.

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО – Алка без која никогаш целото не е се. Нешто што ми е најважно и на прво место. Нешто за што се борам, и ќе продолжам да се борам, да опстои и да остане цело.

17. ЗА КРАЈ – Што не е дојден. хахахах

За Балетот – Моја прва Љубов, нешто што ќе остане засекогаш во моето срце. Нешто во што бев сигурна дека сум добра, и нешто што не го остварив како моја најголема желба. Но, успеав да докажам дека балетот и глумата се една нераскинлива нишка. Не можат едно без друго, едното го надополнува другото. Ете други успеаја, јас не.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *