10 години Панфиз

 

Фестивалот стартува на 7 октомври (18.30 часот) со промоција на монографијата за 10 години Панфиз, а вечерта во 20 часот ќе биде прикажана и претстава од Франција “Не на своето место” на Герасим Дишлиев.

Јубилејниот интернационален фестивал на пантомима и физички театар “Панфиз 2017” годинава ќе се одржи од 7 до 10 октомври на малата сцена на Македонскиот народен театар, а публиката ќе има можност да проследи шест претстави. Ќе настапат театари од Србија, Бугарија, Франција Романија и Германија.

Фестивалот стартува на 7 октомври (18.30 часот) со промоција на монографијата за 10 години Панфиз, а вечерта во 20 часот ќе биде прикажана и претстава од Франција “Не на своето место” на Герасим Дишлиев.

На 8 октомври љубителите на пантомимата ќе можат да ја проследат романската претстава “Хомо Американус” (19.30) на Пол Цимпоеру. Истата вечер во 21:30 е претставата од Бугарија “Богатство” на Веки Бојс.

Фестивалот продолжува на 9 октомври кога исто така ќе бидат прикажани две претстави, германски “Кратки визуелни приказни” со Дуо Мимикри (19:30 часот) и
“Постквартет” во изведба на Пулс Театар од Србија во 21.30 часот.
“Панфиз 2017” завршува на 10 октомври исто така со претстава од Србија “Прва солза# во изведба на “МОГН” од Врање (20 часот).

 

НТ Битола од Цетиње, на фестивал во Израел!

 

 

Среќата треба да се побара – “ Отело “  – “ Лепеза “ ( Ладало )

Народен Театар од Битола со две претставатви и огромен успех од настап на МИТ Фестивалот во Цетиње со претставата ,,Отело“. Втората претстава “ Лепеза “ по текст на Јуики Мишиме се претстави се одиграа во Кралското позориште “ Зетски дом “ во Цетиње, Црна Гора. Во режија на Благоја Мицевски.  Весниците, беа полни со добри кометари за претставата од Македонија…

Одредени гледачи рекле дека тоа било едно убаво романтично доживување, низ повеќе лица на разочаарна девојка. Претстава посетува на една огромна безвременска љубов и чекање. Но, ни расакжува дека за поминатот време нетреба да се жалим. Искрена Љубов. Секогаш не е време да се чека, туку среќата треба да се побара. Љубов, чекање и времето кое се губи, за тоа најмногу зборува “ Лепеза “. Нашите актери беа испратени со огромен аплазу, од страна на цетињската публика.

А утре во Израел, ќе настапи истот така со претставата Shakespeare 4 ever која Која е во копродукција со група актери од Русија, а музиката е на Фолтин од Македонија

Презентацијата на оваа претстава се говори на руски и македонски, ќе биде со англиски превод. Спектакуларен визуелен настап на различни ликови, песни и приказни

Винета Дамческа – актерка

Во прво лице

ЗА ЉУБОВТА –  СТАНИ НЕКОМУ НЕОПХОДЕН

1 ЗА СЕБЕ: Моето срце е оптимист , а мојот ум умерен песимист…Јас тоа го нарекувам интелектуален песимизам и емотивен оптимизам.

2 . ЗА ЉУБОВТА: Стани некому неопходен…

  1. ЗА ЖИВОТОТ: Само миг треба за да тргне во друга насока…
  2. ЗА ТЕАТАРОТ: Срцето е како дете, се радува на она што го сака…
  3. ЗА ДОБРОТО: Добра страна на ова место. Секогаш имаш право на избор..
  4. ЗА ЗЛОТО: За да победи доброто, мора да го искусиме злото…
  5. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Тенка граница меѓу упорноста и тврдоглавоста…

 – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Светла ѕвезда на утрото…

  1. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ : Глумење се додека не ја согледаш неопходноста од лична трансформација…
  2. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Вдишувај додека можеш…
  3. ЗА КОЛЕГИТЕ: Заедно и во зима да береме рози…
  4. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Нека ми простат, но не беше до мене!А да ми паднеа во раце,си знаеја тие..:)

 12 . ЗА ИДЕЈАТА: Реализацијата ја руши моќта…

  1. ЗА СОНОТ: Зависи од јавето…
  2. ЗА ЈАВЕТО: Му пркоси на сонот…
  3. ЗА ВИНОТО : Те носи на врвот на светот, а некогаш во најдлабоката кал…И двете се илузија…
  4. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Ти дава можност во твојот живот навистина да ја почувствуваш среќата…
  5. ЗА КРАЈ: Ке ти кажам сега уште нешто….

За Детето чудо: Има 6 букви….

Театар-за гостувањето за Мастерскаја П. Фаменко од Русија и нашиот Иван Поповски

 

Магија и Сон во едно!

Борче Грозданов

Кога сонот е игра а играта желба за остварување на љубовта, а притоа да се остане буден и трезвен, но во својот свет , е всушност, желба на секој човек кој тежнее животот да му е вечна љубовна игра… Оваа соновидна реченица е претворена во вистинска, театарска стварност во која сите би сакале да се најдеме доколку сонот за игра ни е приоритет. А тој приоритет се оствари низ играта и сонот на театарот #Мастерскаја П. Фаменко# од Москва, овоплотен во постановка на нашиот диригент – режисер Иван Попвски. Тој за само една недела, како повраатник дома, ни докажа дека е беспрекорен мајстор-сонувач, некој кој си игра на сцената, небаре тоа е најлесната работа на светот, претворајќи ја играта во вистина, комедијата во начин на перцепција и живот, а користејќи ја маѓионичарската реч на магот шекспир. Неговата и шекспирова #Сон на летната ноќ# не остави без здив со својата вистинска смисла за театар во кој и Јавето би посакале да е сон а да живееме во Сонот. А за сето тоа вистински да ни се оствари неминовни виновници мора да се актерите ?! А тие  преку Хермија или Серафима Огарјова Елена алијас Ирина Горбачова, Лисанндар со Александар Муичков и Деметар преку Јуриј Буторин, ни покажаа дека актерот доколку знае да владее со себе си, што е несомнено со оваа четворка може да биде и гимнастичар, ацробат, комедијант но и љубовно повредена ли;ност .Тоа се во едно, тие напати и буквално испреплетувајќи се, ни го покажаа. А тоа мора да значи знак на еднаквост само со едно вистинско, мајсторство! Не помалку заслужни се и нивните сопатници од сцената, уште десетина од нив, кои беа на сцента и господар и и царица и цар на самовилата но и мајстори, кои мајсторски успеаа да не насмејат играјќи ни Театар во театар, играј’И ја #Пирам И Тизба#, во навистна сШекспировски манир, за;инет со модерниот призвук на модерниот израз на пародијата, која пак доведе до смеење до солзи..

За колоритноста и светлоста на сцената заслужна е и сценографијата на П.О.П од Русија но и колоритните и спектакуларно впечатливите костими на Ангелина Атлагиќ,кои напати се спојуваа со лебдечкиот сон во контекстот на љубовната летна ноќ…

Самовилите кои се појавија на сцената беа и жив лебдечки оркестар, кој преку звуците на класиката не понесоа низ сонот, а на крилата на свиленкастиот звук, од кој и на кој само неупатените можеа да останат имуни.

На крајот, не ми останува ништо друго освен да константирам дека трите сништа кои ни се случија со гостувањето нан ашиот Иван Поповски и неговиот матичен Матерскаја П. Фоменко е искуство, за  кое секој би посакал да му се случи повторно.

Почина Иван Ивановски

IN MEMORIAM: Почина театрологот и театарски критичар Иван Ивановски

Синоќа во Скопје, на 87-годишна возраст почина театрологот и театарски критичар Иван Ивановски(Дебар, 1930), истакнат новинар и писател, кој на пошироката културна јавност и е познат како долгогодишен проследувач на театарскиот живот во Македонија и надвор од неа. Својот работен век го помина во Радио Скопје како театарски рецензент, коментатор и уредник на културната рубрика.

Ивановски е автор на околу 50 книги од областа на поезијата, патеписната литература, литературата за деца и театрологијата. Најголем број наслови (повеќе од 40) се однесуваат на книги со портрети на актери, на монографии на одделни театри, на избори на прикази и театарски рецензии и слично. За импозантната театролошка дејност на Иван Ивановски говори и податокот дека досега има објавено преку 2.500 единици – рецензии, студии, разговори итн., од кои некои се преведени и публикувани во низа театарски весници и книги во поранешна Југославија, Полска, Русија, Турција и други земји.

По повод смртта на истакнатиот театролог Ивановски, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски испрати телеграма до семејството со изрази на најдлабоко сочувство „Длабоко ме погоди веста за смртта на еден од најистакнатите театарски критичари и театролози во Македонија, неуморниот вљубеник во тетарската уметност, Иван Ивановски. Заминувањето на Иван Ивановски претставува загуба и за македонската публицистика и театрологија, затоа што тој не беше само пионер и доследен професионалец во проследување на театарската дејност, туку беше и вистински пасиониран вљубеник во театарот кому му посвети голем дел од својот живот“, се вели меѓу другото во телеграмата од министерот Алаѓозовски до семејството.

Ивановски е добитник на голем број признанија, како: „13 Ноември“, „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, „Крсте Мисирков“,„Димитар Митрев“, како и на државните награди „Св. Климент Охридски“ и „11 Октомври“.

Две награди на “BATTIF“- фестивал во Тирана

 

Театар Фабрика 

“Дневникот на Лудиот” од Николај Гогољ во режија на Ѓорѓи Ризески, во изведба на Бобан Алексоски.

Се закитија со две награди на вториот по ред интернационален “BATTIF- фестивал во Тирана. За најдобра режија на Ѓорѓи Ризески и за најдобра машка улога на Бобан Алексоски.