Столе МИЦОВ актер

 

Во прво лице

ДОБРОТО – РЕТКОСТ ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ

  1. ЗА СЕБЕ

Прво и најтешко прашање, на кое, за жал, не знам како да одговорам.

2 . ЗА ЉУБОВТА:

            Магија, без која животот е незамислив.  

  1. ЗА ЖИВОТОТ:

            Игра која се игра само еднаш.

  1. ЗА ТЕАТАРОТ:

            Начин на живот.

  1. ЗА ДОБРОТО

            Реткост во последно време.

  1. ЗА ЗЛОТО

            Ако не постои злото, нема да постои ни доброто.

  1. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ

            Те мотивираат да бидеш подобар човек.

 – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ?

            Луѓе без кои животот би бил без поента.

  1. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ

            На некои им е професионална деформација, а на други начин на живот.

  1. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА

            Неподнослива, ако си алергичен на прашина. J

  1. ЗА КОЛЕГИТЕ

            Семејство.

  1. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ

            Едвај чекам да се запознаеме.

12 . ЗА ИДЕЈАТА

            Секој почеток е резултат на добра идеја.

  1. ЗА СОНОТ

            Мотивација да истраеме до крај.

  1. ЗА ЈАВЕТО

            Малку посурово од сонот.

  1. ЗА ВИНОТО

            In vino veritas.

  1. ЗА СЕМЕЈСТВОТО

            Сиот мој свет.

  1. ЗА КРАЈ

            …

 

МАКЕДОНСКО ТЕТАРСКО ПИСМО ОД БЕЛГРАД

 

Наташа Поплавска

 

 

 

 

 

ВЕБ страна на претставата       https://zojkinstan.wixsite.com/bdp2017

Зошто “Зојкин стан“ и зошто Булгаков и пак кабаре?

Имав процес кој веројатно ќе го помнам цел живот. Не само заради тоа што работев со актери кои ми ја отвораа инспирацијата, туку заради тоа што целиот тим на Београдско Драмско Позориште даваше голем напор за претставата да се реализира онака како сме ја замислиле, ние, авторите.

Пресреќна сум што во ова мое дело соработував со бескрајно талентираната и сестрана актерка и џез пејачка Ана Софреновиќ, која ја толкува улогата на Зоја Денисовна Пелц, потоа исклучителниот Андрија Кузмановиќ, кој ја толкува улогата на Церемонијал мајсторот – Аметистов како и еден од столбовите на театарот, актерот Милан Чучиловиќ, кој ја токлува улогата на грофот Обољанинов. Актерскиот тим сплотува повеќе генерации на актери од самиот театар како Милорад Дамјановиќ, Милица Милша, Јадранка Селец, Саво Радовиќ , Сандра Бугарски како и 10 – ина млади актери кои ги избрав на аудиција. Голема поддршка имав и од менаџерскиот тим на театарот Слободан Чустиќ и Бојана Карајовиќ, кои ми ја дадоа комплетната доверба. Зошто “Зојкин стан“ и зошто Булгаков и зошто пак кабаре? Булгаков како и мојот дедо Вјачеслав Поплавски (Белоградеец) се од Украина, неговите браќа како и дедо ми заедно заминуваат од Украина во Париз, па потоа во Загреб и Белград, само Михаил останува во Русија и твори. Во неговото антологиско дело “ Мајсторот и Маргарита ” нашето семејство го овековечува преку ликот на Максимилијан Андреевич Поплавски. “ Зојкиниот стан ”, пак е текст кој покрај тоа што има реалистична приказна, Булгаков ја крши структурата со внесување на многу музика и се приближува до кабаретската форма.

Впрочем, и самиот тој ја сакал музиката, таа често била негова инспирација за работа, како што е и моја. И двајцата сме родени на 15-ти мај, па веројатно затоа музиката ни е инспирација ☺ Но и покрај моето руско потекло, јас прв пат во мојата кариера работам руско дело и тоа токму Булгаковиот “Зојкин стан” и тоа токму во Белград, каде што се родила љубовта помеѓу мојот дедо русин и баба ми, македонка. Токму затоа оваа претстава ја посветив на моето семејство и на сите бивши, сегашни и идни генерации Поплавски. Освен тоа, периодот помеѓу двете големи војни е еден од најпродуктивните уметнички периоди на 20-тиот век , почнувајќи од музика, преку сликарство, литература, танцот…Оосбено се привлечни на светската уметничка сцена – руските артисти од почетокот на 20-от век, а многу од нив беа протерани, уништени, забранети…

Затоа ме инспирираше паралелата на историјата со моментот во кој живееме. “

МЕЧКА

 

Кога актерот ќе ја распостели пред тебе, цела своја, внатрешна и надворешна убавина, нема гледач што би останал рамнодушен.

Ноќва ( на 12.10.2017 година ) тоа му појде од рака, на Мечката Смирнов, алфа мажјак, што цел бес го истура врз женскиот род. Тој род е верен или неверен колку и машкиот. Влезе во приказната убедливо. Маж – Мечка – верен, достоиствен, горд, полн со себе, нежен како жена, танчер, убав и тоа колку… Мечка – страшна, агресивна, валкана, – се во еден момент. И тоа, сценски, пред нас.

Преобразбата која ни ја подари актерот, беше строга и одлучен, со говор за Жените кои се вакви, – такви, поскаувани, а на крај, најслатки! Храбри, како Мечка – Жена! Тој, покрај целата сериозност на ликот, успеа да насмее, што во целата “ трагедија “, е всушност, уметничкиот чин.

Во овој случај, Актерот, ни ја подари сета лепеза од неговиот талент… Нам, тебе, гледачу!

Добро, умерено, но со силна емоција, до последната капка пот. Низ актерска игра да те земе и да те замолкне, за миг. Да те вивне до врвот на својот монолог, тивко да шепотиш… Ретко се доживува, гледачот во шепот, да зборува сам со себе Гласно, да викне:- Браво!

Вдовицата Попова слична на Мечката, достоиствена, одлучна, храбра, верна, воинствена, со еден збор, Госпоѓа. Вдовица, која криејќи се од мажите, во својата соба се пудреше, за да биде забележана! Ни оддаде лик, кој потсетува на многуте денешни “ вдовици “ ! Во “ црнина “, атрактивна, привлечна, сексипилна вдовица.

Верниот слуга Лука, стар, прашинест, не губеше надеж дека ќе ја дочека свадбата на својата Гопоѓа, носеше музика, бидермаер, латици на роза. Се само да ја усреќи неговата Госпоѓа, да и биде добро, ама навистина добро! Сето тоа го правеше со знаење, извонредно!

Овие ликови публиката ја разгалуваа, за цело време, а со своите “испспади“ и ја скокоткаше!

Строгите и одлучни линии на костимите, имаа посебен ефект во целата претстава. Делуваа стегнато, а сепак комотни. Сето беше испратено со музика својствена за трите дела од животот, својствен на трите лика. Просторот е искористен целосно, ни повеќе ни помалку.

Благодарност и до режисерот што ни донесе една убава, “лесна “ претстава. Тој актерите ги исецкал како со скалпел. Нам, на обичните гледачи ни ја понуди нивната едноставност, во што е големината. Бевме и ние во кутијата, со можност да ги видиме да ги допреме, да бидеме со нив!

Катерина Грозданова

10. МЕЃУНАРОДЕН ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ НА СЛЕПИТЕ БИТ/СЛЕПИ И ТЕАТАР

 

Продолжува театарската светлина!

Преку 10. Меѓународен театарски фестивал на слепите насловен како БИТ/Слепи и театар луѓето својот вид и внатрешност го манифестираат на сцената… Настапија театарски групи од Црна Гора, Германија, САД, Велика Британија и Хрватска.

Оваа година бебињата на илузијата се родени со предиспозиција ” како скептици во пркос “, но и како издолжена сончева светлина…

Целиот фестивал е по идеја на театарот  ” Нов живот “, формиран во 1948 година, еден од најстарите театри и еден од ретките кој опстојува, сеуште, во културна и театарска Европа. Пред речиси седум децении ” Нов живот ” шкрипна срамежливо, со гестови и зборови на слепи и лица со оштетен вид, пркосејќи на општествените текови и судот на општеството, полно со предрасуди и неверување…за сето тоа да заврши/започне со френетичен аплауз!

http://www.novizivot.hr/?/hr/

Токму затоа, ” Нов живот ” , на фестивалот, промовираше и презентираше спиритус мовенс, што гарантира долг фестивалски живот, но, и на Театарот, кој и понатаму ќе го третира патот на зборот, гестот и светлината…

Почнува ФАД Стоби

 

Програма за Фестивалот на античка драма Стоби 2017

13.10. | 20:00 ч. Свечено отворање
ПЕРИКЛЕ – Шабачки театар, Р. Србија

14.10 | 20:00 ч. ЕДИП ТИРАНИН – Театар Стефан Киров, Р. Бугарија


16.10 | 20:00 ч.НИШТО БЕЗ ТРИФОЛИО – НУЦК „Марко Цепенков“, Р. Македонија


17.10 | 20:00 ч. ЖИВОТОТ Е МАГИЧЕН КРУГ – Универзитет „ЕСРА“, Р. Македонија


18.10 | 20:00 ч. ШУМАТА НА МОЕТО ДРВО – Северно од Импакт, Р. Македонија


19.10 | 20:00 ч. МЕДЕА – Казачки театар на провинцијата Атирау, Р. Казахстан


20.10 | 20:00 ч.ФИЛОКТЕТ / MЕДЕА – НT на Западен Казахстан, Р. Казахстан


21.10 | 20:00 ч. Свечено затворање и доделување на награди
СТЈУАРДЕСИ – Театар Комедија, Р. Македонија

11 МТФ СкупиФестивал. 12. – 18. 10. 2017, МKЦ – Скопје.

Eдинаесетто издание на

12.10.2017 19:30 – Сули Ан, Стара Чаршија
ТЕАТАР „АНДОН ЧАЈУПИ“ – КОРЧА, АЛБАНИЈА
„КУЌАТА НА БЕРНАРДА АЛБА“
12.10.2017 19:30 – Suli An, Çarshia e Vjetër
TEATRI „ANDON ZAKO ÇAJUPI ’’ – KORÇË
“SHTËPIA E BERNARDA ALBËS”
12.10.2017 19:30 – Suli An, Old Bazzar
ТHEATRE „ANDON ZAKO CAJUPI ”- KORCE, ALBANIA
“THE HOUSE OF BERNARDA ALBA”
————————–————————–————————–—-
13.10.2017 20:00 – MКЦ – Сала Фросина
ТЕАТАР „У МОСТА“- ПЕРМ, РУСИЈА
„ЅВЕРОТ“
13.10.2017 20:00 – QKR (MKC) – Salla Frosina
TEATRI „U MOSTA“ – PERM, RUSIA
“BISHA”
13.10.2017 20:00 – YCC – Frosina Hall
THEATRE „U MOSTA“- PERM, RUSSIA
“THE BEAST”
————————–————————–————————–—-
14.10.2017 20:00 – MКЦ – Сала Фросина
ГРАДСКИ ТЕАТАР ЃАКОВИЦА – ЃАКОВИЦА, KОСОВО
„МАЧЕНИК“
14.10.2017 20:00 – QKR (MKC) – Salla Frosina
TEATRI I QYTETIT TË GJAKOVËS – GJAKOVËS, KOSOVË
“MARTIR”
14.10.2017 20:00 – YCC – Frosina Hall
CITY THEATRE OF GJAKOVICA – GJAKOVICA, KOSOVO
“MARTYR”
————————–————————–————————–—-
15.10.2017 20:00 – MКЦ – Сала Фросина
СОЛО УМЕТНИК – ТЕЛ АВИВ, ИЗРАЕЛ
„ПУШИ КАКО МАЖ“
15.10.2017 20:00 – QKR (MKC) – Salla Frosina
ARTIST SOLO – TEL AVIV, IZRAEL
“TYMOS SI NJË BURRË”
15.10.2017 20:00 – YCC – Frosina Hall
SOLO ARTIST – TEL AVIV, ISRAEL
“SMOKE LIKE A MAN”
————————–————————–————————–—-
16.10.2017 20:00 – MКЦ – Сала Фросина
ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРНА ДЕКОНТАМИНАЦИЈА – БЕЛГРАД, СРБИЈА
„ВИЗИИ ОД СРЕБРЕНИОТ ВЕК“
16.10.2017 20:00 – QKR (MKC) – Salla Frosina
QENDRA PËR DEKONTIMINIMIN KULTUROR – BEOGRAD, SERBIA
“VIZIONE NGA SHEKULLI I ARGJENDTË”
16.10.2017 20:00 – YCC – Frosina Hall
CENTER FOR CULTURAL DECONTAMINATION – BELGRADE, SERBIA
“VISIONS FROM THE SILVER AGE”
————————–————————–————————–—-
17.10.2017 20:00 – MКЦ – Сала Фросина
ЈИРЈИРАК ТЕАТАРСКА КОМПАНИЈА – ТЕХЕРАН, ИРАН
“ЗБОРУВАЈ МЕДЕА”
17.10.2017 20:00 – QKR (MKC) – Salla Frosina
KOMPANIA TEATRORE JIRJIRAK – TEHERAN, IRAN
“FOL MEDEA”
17.10.2017 20:00 – YCC – Frosina Hall
JIRJIRAK THEATRE COMPANY – TEHRAN, IRAN
“SPEAK MEDEA”
————————–————————–————————–—-
18.10.2017 20:00 – MКЦ – Сала Фросина
НАЦИОНАЛЕН ТЕАТАР ,, ИВАН ВАЗОВ “ – СОФИЈА, БУГАРИЈА
„СЛУГИНКИТЕ“
18.10.2017 20:00 – QKR (MKC) – Salla Frosina
TEATRI KOMBËTAR ,, IVAN VAZOV “ – SOFJE, BULGARIA
“SHËRBËTORET”
18.10.2017 20:00 – YCC – Frosina Hall
NATIONAL THEATRE ,, IVAN VAZOV “ – SOFIA, BULGARIA
”THE MAIDS”

-website: http://www.skupifestival.org.mk/en/Manifestation

Жарко Лаушевиќ

 

Гостин на Второто издание на интернационалниот фестивал на дебитантски филм КИНЕНОВА

Театарот е лабораторија за играта, а филмот е избор на дубал од режисерот

Со овој град ме врзуваат многу убави спомени. Спомени од некои драги луѓе, дали биле актери или режисери, вели Жарко Лаушевиќ, големата екс ју филмска и театарска ѕвезда, по повод неговото доаѓање во Скопје. Тој деновиве го посети нашиот главен град, по 18 години и со своето присуство му даде подршка на Второто издание на интернационалниот фестивал на дебитански филм „Киненова“ (06-11.10. 2017). А фестивалот, во рамките на отворањето му врачи Специјална награда за особен придонес во филмската уметност. Лаушевиќ ја искоментира наградата со доза на шега, но искрено:

– Навистина мислам дека е голема чест. Тоа некако го доживувам како…Некој рече, награда за животно дело, кога се даваат вакви награди. Јас веднаш побрзав кај лекарот, да видам дали некој открил нешто. Реков, јас да се прегледам пред тоа заминување. Добар сум. Така што не ја доживувам така. Ја доживувам како голема награда , но не како за животно дело. И навистина многу ми импонира. Ми импонира што сум во Скопје пред се, зашто со овој град ме врзуваат многу убави спомени. Спомени од некои драги луѓе , дали биле актери или режисери. Но, како и да е , тоа секогаш било убаво дружење и многу интересна професионална соработка, вели Лаушевиќ.

Жарко Лаушевиќ (57), беше една од најблескавите фигури во 80 и 90- тите години на 20 век, во подмладеното југословенско глумиште. Тој до 1993 година оствари 50- ина филмски и телевизиски улоги за кои ги освои највисоките награди на Пулскиот и на филмскиот фестивал во Ниш. Во улогите го вгради својот талент, маркантност и истрајност. Беше и магнет за понежниот пол, што ја дополнува сликата за него како шармер и заводник. Дури сними и филм 1986година, со наслов „ Шмекер“, во режија на Зоран Амар, а со музика од Влатко Стефановски. Сепак , широка популарност му донесе ликот на Шиљо во тв серијата „ Сивиот дом“, улогите во филмовите „ Офицерот со роза“, „ Подобро од бегство“, „ Браќа по мајка “, „ Оригинал на фалсификатот“, „ Кажи зошто ме остави“, „ Бој на Косово“… Неговите искуства од театарските штици во Белград, се блескави. Меѓу нив се

соработките со режисерот Слободан Унковски во Југословенско драмско позориште, на претставите „ Хрватски Фауст“ и „ Театарски илузии“. Но, има и едно горчливо искуство, кое според него, е вовед во распадот на поранешната заедница. Во 1990 година , Лаушевиќ нема да успее, иако ќе се обиде, да ја смири разбеснетата мешана црквено -десничарска толпа, упадната во неговиот матичен театар ЈДП, која ја спречи изведбата на претставата „ Свети Сава“ , по текст на Синиша Ковачевиќ, во режија на Владимир Милчин, а во продукција на театарот од Зеница. За улогата на Растко Немањиќ/ Свети Сава, Лаушевиќ беше овенчан со Стериина награда .Тој е добитник и на наградата Град –Театар, за улогата во претставата „ Кањош Мацедоновиќ“, што ја доделува фестивалот во Будва. За својот минат труд вели дека подраги му се театарските од филмските улоги, зашто првите може да се надградуваат.

– Јас никогаш не сум го сакал премногу тоа што го работев . Затоа што секогаш пронаоѓав недостатоци во тоа. Во театарот е поинаку. Нешто ќе направам денеска , па аха, утре тоа ќе го смениме. Утре ќе најдеме подобра нијанса. Театарот е работилница каде тоа се длаби и се тежи кон подобро, со секоја реприза, со секое повторување. А , за филмот знаеме, за жал ја има таа трагедија да забележи една работа . Аха, режисерот вели дека ќе го избере тој дубал и тоа е готово. Тоа е за сите времиња. Тоа е можеби предност , во техничка смисла, во оперативна. Аха, ја завршивме работата, одиме понатаму, но нема поправки, објаснува актерот.

Неговата одважност во одбрана на сопствениот интегритет и професија беа препознаени како бунтовништво во животот, но и во улогите што ги толкуваше, креирajќи најразлични карактери во судир со средината. Лаушевиќ вели дека тоа се поклопило.

– Не знам. Тоа е некоја моја желба за професионалност на сцената, која некој ја толкуваше како бунтовништво . А јас, особено во белградските театри, кога запирав претстави или нешто такво, секогаш инсистирав на тоа почитување на професијата. И тоа секогаш беше како револт кон непочитувањето на професијата. Дали поради системот или поради менаџментот на театарот, или поради нешто друго. Но, тоа беше само

таа борба , тој бунт. Е сега, што се случи тоа некој да го препознае во мојот карактер , па имав среќа или несреќа да добивам такви улоги , не знам. Тоа е веќе прашање за некои режисери кои така ме виделе, вели тој.

Човекот кој убил никогаш не може да биде слободен, ја отвори душата Жарко Лаушевиќ, во книгата “ Годината Помина. Денот никогаш“. Оваа и следната „ Втора книга-дневник на една робија“, тој ги изнедри од водените дневници во затворите во Спуж и Пожаревац, по извршеното двојно убиство во самоодбрана 1993 година во Подгорица, за кое одлежа затворска казна од 4 години и 7 месеци. За книгите вели дека во нив ги изразил емоциите по трагичниот настан.

– Таму јас споменувам, дека човекот кој убил никогаш не може да биде слободен. И тоа е веројатно нешто што ќе ми го обележи животот и што ќе остане така. А зошто пишував ? Не знам, можно е од причина, од неможност за било каков друг израз, да се занимавам со тоа што го работев до 1993 година. Некако се обидував, нешто што чувствувам , да го правам, сликајќи, пишувајќи. Да излезат некои емоции, вели Жарко Лаушевиќ.

Повторната пресуда во 2001, на 13 години затвор од црногорскиот Врховен суд , актерот ја дочека во САД каде замина 1999 година и следните 10 години беше на потерница на ИНТЕРПОЛ. Случајот заврши со помилување од српскиот претседател Борис Тадиќ, 2011 година и со добивање српски пасош, следната година. Денес Жарко Лаушевиќ живее на релација Њујорк- Белград. Неговата втора сопруга Анита, има македонско потекло. Тој повторно работи интензивно во регионот. На филмското платно се врати 2016, со улогата на бездомникот Момо во филмот на Мирослав Момчиловиќ „ Смрдлива бајка“. Сними уште три серии, меѓу кои „ Сенките над Балканот“, каде го толкува српскиот принц Ѓорѓе Караѓорѓевиќ, а деновиве ја започна и четвртата серија „ Корени “, според делото на Добрица Ќосиќ. Работеше и на дебитантскиот филм „ Вољата на синовите“, на младиот режисер Немања Ќераниќ. На отворањето на „ Киненова“ изрази надеж дека следната година ќе се врати на фестивалот, токму со тој филм.

Дарја Ризова со награда на 57-то издание на МЕСС

 

На 8 октомври во Сараево, на затворањето на фестивалот, беа доделени наградите на 57-то издание на МЕСС, меѓу добитниците на лауреатите е актерката Дарја Ризова, која ја доби наградата „Рејхан Демирџиќ“ за најдобра млада актерка за главната улогата во претставата „Електра“, а во режија на Андриј Жолдак.

Едногласниот став и оценка на жири комисијата, а изнесен од хрватскиот театролог, Дарко Лукиќ, претседател на жирито, е дека: да се реализира една особено сложена улога во рамките на режисерските барања, и начинот на кој тоа е остварено, не увери во нејзината голема зрелост иако е во прашање млада актерка. Актерката имаше многу голема енергија и присутност на сцената, и доста долг период беше постојано присутна пред публиката. Во еден релативно монохроматски режисерски регистер, токму нејзината улога донесе многу суптилност, боја и нијанси, и поради тоа наградата за најдобра млада актерка се доделува на Дарја Ризова.

Во конкуренција за наградите беа веќе докажани продукции од 12 земји: Белгија, Полска, Италија, Аргентина, Босна и Херцеговина, Шпанија, Хрватска, Србија, Франција, Бугарија, Швајцарија и Црна Гора, потпишани од светските лауреати, како: Паоло Маџели, Арпад Шилинг, Давид Еспиноса и Мило Рау. Три членото жири во состав на: Дарко Лукиќ-театролог, Пиетро Валенти – театарски теоретичар и Мигуел Ојарзун – режисер, драмски писател и актер, ги прогласи лауреатите на 57. Интернационалниот театарски фестивал МЕСС.

Беа доделени 4 (четири) награди: Гран – при „Златен ловоров венец“ за најдобра претстава во целина: „Пет лесни парчиња“, од Белгија, Швајцарија; „Златен ловоров венец“ за најдобар режисер: Мило Рау, за претставата  „Пет лесни парчиња“; „Златен ловоров венец“ за најдобро актерско остварување на Силвија Калдерони, за улогата во претставата „MDLSX“, и наградата „Рејхан Демирџиќ“ за најдобра млада актерка за главната улогата во претставата „Електра“. Жирито додели и 2 (две) специјални награди за претставите: „Ноќен живот“ на авторот Паоло Маџели и „Еден гест“ на полскиот режисер Војтек Зимилски.  Беа доделени уште и наградите на малиот МЕСС од гласовите на децата – за претставата „Мала наука за животните“ и оние на Дирекцијата на МЕСС: наградата „Марко Ковачевиќ“ за театарска критика, публицистика и театрологија на Дарко Лукиќ и наградата за придонес на инклузивниот театар „ПокоЛоко“ од Загреб.

Никола Настоски – актер

 

Прво лице
Не признавам крај… 

1.ЗА СЕБЕ – Исполнет, среќен, забавен
2 . ЗА ЉУБОВТА: Моја си е, не ви ја давам
3. ЗА ЖИВОТОТ: Простор за истражување
4. ЗА ТЕАТАРОТ:  Со непореклива потреба за промена
5. ЗА ДОБРОТО – Ех, да беше насекаде и во секого
6. ЗА ЗЛОТО – го сметам за непотребно, а воедно и неразбирливо
7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ – колку што јас знам, немам непријатели
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? А пријатели имам многу и насекаде по светот, сите ги сакам и сите ми фалат
8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ – залудно трошење на талентот
9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА – алергичен на неа, а сепак ја сакам, па видете вие, сега, каква е таа упорност
10. ЗА КОЛЕГИТЕ – кога би биле покритички настроени, театарот би бил поубав
11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ – има време
12 . ЗА ИДЕЈАТА – Добро е да ја има
13. ЗА СОНОТ – местото каде си ја пронајдувам идејата
14. ЗА ЈАВЕТО – какво е такво е, мое си е
15. ЗА ВИНОТО – преферирам бело
16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО – така ја научив љубовта
17. ЗА КРАЈ – не признавам крај, само привремен стоп и одиме понатаму.

Иван Ивановски (1930 – 2017)

 

 

Иван Ивановски (1930 – 2017)

најзначајниот, најпосветениот, најупорниот, најтемелитиот, најплеменитиот и најблагородниот познавач, критички согледувач на театарската драмска уметност, е личност која треба не само во учебниците туку и во општите смерници на културата, културните политики и културните вредности да се втемели како пиедестално наследство. неговата бескрајно вредна творечка продукција (како тетатролог, тетатрски критичар и аналитичар, есеист, писател…) е задолжително четиво за секој кој сака да се обиде во зборот. тој тивок, ненаметлив, скромен и бескрајно вреден човек нѐ задолжи со огромно наследство за она што ја втемелуваше македонската култура. од него не само што учевме како се „гледа“ и критички промислува тетатрот, туку учевме и како се почитува трудот, па дури и кога сметаме дека не вплодил секогаш најдобро.

една од најголемите доблести на Иван Ивановски, која речиси во денешнинава не постои, е почитта кон вложениот труд на секој уметник. тој знаеше како да го користо критичкиот апаратус, а да не ја погази почитта и честа на другиот.

и во време на целосно отсуство на критичка рефлексија во сите сфери на уметничката продукција, загубата на Иван Ивановски ја чувствувам како ненадоместлива. тој до последните сили неуморно, каква што може да биде неуморна само љубовта, го мислеше и бележеше тетатрот. од него учев како со детска радост но и достојна строгост ѝ се пристапува на сцената. драгоцени беа разговорите за деталите на актерското мајсторство, за режисерските гестови, за драматуршите инетрвенции. ме учеше како се чита и разбира тетатрот, па и тогаш кога некој погрешно го вообличил и го „облекол“ во несоодветно семнатичко руво.

да го запаметиме Иван Ивановски како трезор на знаењето, критичката рефлексија но и како маркер за тоа дека културата опстојува само преку посветено и неуморно бележење, преиспитување, анализирање на нејзиниот континуитет. без неговите записи немаше да имаме тетатрска меморија.

Иван Ивановски е темелник на континуитетот на нашата култура.

тексот е превзем од фејзбук профилот на Искара Гешоска