Никола Ристановски ја доби 48 награда, овојпат за улогата на Иванов

 

На 25. Меѓународен театарски фестивал на класици “Вршачка театарска есен”, Р. Србија, актерот Никола Ристановски ја доби наградата најдобар актер за улогата Иванов во истомената претстава, продуцирана од Народно позориште Белград.

За Ристановски ова е 48 награда.

Стручното жири, во состав: Слободан Савиќ/претседател на жирито и театарски критичар, Душан Белача/писател и театарскиот режисер Александар Швабиќ, едногласно ја донесе одлуката наградата за најдобар актер да се додели на Никола Ристановски.

Честитки за актерот кој неуморно и маестрално ја реализира секоја театарска, сериска и филмска улога.