Кољо ЧЕРКЕЗОВ, актер

 

Во прво лице

ЈАВЕТО ДА Е СОН…

 

1. ЗА СЕБЕ Во одлична релација сме двајцата.

2 . ЗА ЉУБОВТА Основа за живот, инспирира.

3. ЗА ЖИВОТОТ: Прикаска ; Секој ден пред мене излегува ново животно ,. Го сакам ептен.

4. ЗА ТЕАТАРОТ; Место каде добивам амнезија, за се живо околу мене.

5. ЗА ДОБРОТО Да се чува од злото.

6. ЗА ЗЛОТО  Ич да не му се приближува на доброто. Гитла во планина!

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ Добар ден. Што правиш??????

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Гушка најсилна на свет, дури да снема воздух, 🙂 .

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ Многу е глупа, Мене ми е ефтина!

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА Во сите театри фали најмалку уште по една            чистачка (хигиеницарка).

10. ЗА КОЛЕГИТЕ Колеги ко колеги .. ..Ги има секакви.( Во тоа е убавината )

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ.. Нека се смират ! Ќе ги одиграм…

12 . ЗА ИДЕЈАТА Фала му на Бога секогаш ги имам, само некогаш правам избор !!!

13. ЗА СОНОТ .. Ако го има жанровски нека е Драма …….

14. ЗА ЈАВЕТО Добро е да биде ко сон 🙂

15. ЗА ВИНОТО Едно време го пиев. Сега не ми текнува за него.

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО. Ауф… се за него..!!!!!!

17. ЗА КРАЈ Не постои крај.. нештата само се трансформираат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *