Претстава за Гинис

 

Стилски вежби “ со Перо Квргиќ и Лела Маргитиќ

Претставата „Стилски вежби“ од Рејмонд Квини, во која игра актерското легендарно дуо Перо Квргиќ и Лела Маргитиќ, влезе во својата 50-та сезона, што оваа претстава ја класифицираше за место во печатеното, скратено издание на Гинисовата книга на рекорди.

Приказната за 11-тката во која ” … Освен вообичаениот застоен воздух, се чувствува и мирис на праз, јајца, гулаби, секири, гробови, злочини, лук, прдеж…”, започнала од 19 јануари 1968 година, во театарот ИТД, но тогаш партнерка на Квргиќ му била Миа Оремовиќ, за по две години, неа да ја замени Лела Маргитиќ, со која Кѐвргиќ непрекинато игра до ден – денес (следната нивна претстава е на 29 овој месец), во театарот Планет Арт во Загреб, Хрватска.

Режисер на претставата е веќе починатиот Томислав Радиќ, кој, пак, истиот текст на Квини го ставил и на филмското платно, додека Перо Квргиќ, својата книга колумни ја нарекол со истиот наслов “Стилски вежби„.

Уште еден куриозитет е тоа што актерот Перо Квргиќ, се уште активно ја игра претставата и покрај неговата 90-годишна возраст.