10. МЕЃУНАРОДЕН ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ НА СЛЕПИТЕ БИТ/СЛЕПИ И ТЕАТАР

 

Продолжува театарската светлина!

Преку 10. Меѓународен театарски фестивал на слепите насловен како БИТ/Слепи и театар луѓето својот вид и внатрешност го манифестираат на сцената… Настапија театарски групи од Црна Гора, Германија, САД, Велика Британија и Хрватска.

Оваа година бебињата на илузијата се родени со предиспозиција ” како скептици во пркос “, но и како издолжена сончева светлина…

Целиот фестивал е по идеја на театарот  ” Нов живот “, формиран во 1948 година, еден од најстарите театри и еден од ретките кој опстојува, сеуште, во културна и театарска Европа. Пред речиси седум децении ” Нов живот ” шкрипна срамежливо, со гестови и зборови на слепи и лица со оштетен вид, пркосејќи на општествените текови и судот на општеството, полно со предрасуди и неверување…за сето тоа да заврши/започне со френетичен аплауз!

http://www.novizivot.hr/?/hr/

Токму затоа, ” Нов живот ” , на фестивалот, промовираше и презентираше спиритус мовенс, што гарантира долг фестивалски живот, но, и на Театарот, кој и понатаму ќе го третира патот на зборот, гестот и светлината…