Иван Ивановски (1930 – 2017)

 

 

Иван Ивановски (1930 – 2017)

најзначајниот, најпосветениот, најупорниот, најтемелитиот, најплеменитиот и најблагородниот познавач, критички согледувач на театарската драмска уметност, е личност која треба не само во учебниците туку и во општите смерници на културата, културните политики и културните вредности да се втемели како пиедестално наследство. неговата бескрајно вредна творечка продукција (како тетатролог, тетатрски критичар и аналитичар, есеист, писател…) е задолжително четиво за секој кој сака да се обиде во зборот. тој тивок, ненаметлив, скромен и бескрајно вреден човек нѐ задолжи со огромно наследство за она што ја втемелуваше македонската култура. од него не само што учевме како се „гледа“ и критички промислува тетатрот, туку учевме и како се почитува трудот, па дури и кога сметаме дека не вплодил секогаш најдобро.

една од најголемите доблести на Иван Ивановски, која речиси во денешнинава не постои, е почитта кон вложениот труд на секој уметник. тој знаеше како да го користо критичкиот апаратус, а да не ја погази почитта и честа на другиот.

и во време на целосно отсуство на критичка рефлексија во сите сфери на уметничката продукција, загубата на Иван Ивановски ја чувствувам како ненадоместлива. тој до последните сили неуморно, каква што може да биде неуморна само љубовта, го мислеше и бележеше тетатрот. од него учев како со детска радост но и достојна строгост ѝ се пристапува на сцената. драгоцени беа разговорите за деталите на актерското мајсторство, за режисерските гестови, за драматуршите инетрвенции. ме учеше како се чита и разбира тетатрот, па и тогаш кога некој погрешно го вообличил и го „облекол“ во несоодветно семнатичко руво.

да го запаметиме Иван Ивановски како трезор на знаењето, критичката рефлексија но и како маркер за тоа дека културата опстојува само преку посветено и неуморно бележење, преиспитување, анализирање на нејзиниот континуитет. без неговите записи немаше да имаме тетатрска меморија.

Иван Ивановски е темелник на континуитетот на нашата култура.

тексот е превзем од фејзбук профилот на Искара Гешоска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *