10 години Панфиз

 

Фестивалот стартува на 7 октомври (18.30 часот) со промоција на монографијата за 10 години Панфиз, а вечерта во 20 часот ќе биде прикажана и претстава од Франција “Не на своето место” на Герасим Дишлиев.

Јубилејниот интернационален фестивал на пантомима и физички театар “Панфиз 2017” годинава ќе се одржи од 7 до 10 октомври на малата сцена на Македонскиот народен театар, а публиката ќе има можност да проследи шест претстави. Ќе настапат театари од Србија, Бугарија, Франција Романија и Германија.

Фестивалот стартува на 7 октомври (18.30 часот) со промоција на монографијата за 10 години Панфиз, а вечерта во 20 часот ќе биде прикажана и претстава од Франција “Не на своето место” на Герасим Дишлиев.

На 8 октомври љубителите на пантомимата ќе можат да ја проследат романската претстава “Хомо Американус” (19.30) на Пол Цимпоеру. Истата вечер во 21:30 е претставата од Бугарија “Богатство” на Веки Бојс.

Фестивалот продолжува на 9 октомври кога исто така ќе бидат прикажани две претстави, германски “Кратки визуелни приказни” со Дуо Мимикри (19:30 часот) и
“Постквартет” во изведба на Пулс Театар од Србија во 21.30 часот.
“Панфиз 2017” завршува на 10 октомври исто така со претстава од Србија “Прва солза# во изведба на “МОГН” од Врање (20 часот).