Магија и Сон во едно!
Борче Грозданов
Кога сонот е игра а играта желба за остварување на љубовта, а притоа да се остане буден и трезвен, но во својот свет , е всушност, желба на секој човек кој тежнее животот да му е вечна љубовна игра… Оваа соновидна реченица е претворена во вистинска, театарска стварност во која сите би сакале да се најдеме доколку сонот за игра ни е приоритет. А тој приоритет се оствари низ играта и сонот на театарот #Мастерскаја П. Фаменко# од Москва, овоплотен во постановка на нашиот диригент – режисер Иван Попвски. Тој за само една недела, како повраатник дома, ни докажа дека е беспрекорен мајстор-сонувач, некој кој си игра на сцената, небаре тоа е најлесната работа на светот, претворајќи ја играта во вистина, комедијата во начин на перцепција и живот, а користејќи ја маѓионичарската реч на магот шекспир. Неговата и шекспирова #Сон на летната ноќ# не остави без здив со својата вистинска смисла за театар во кој и Јавето би посакале да е сон а да живееме во Сонот. А за сето тоа вистински да ни се оствари неминовни виновници мора да се актерите ?! А тие преку Хермија или Серафима Огарјова Елена алијас Ирина Горбачова, Лисанндар со Александар Муичков и Деметар преку Јуриј Буторин, ни покажаа дека актерот доколку знае да владее со себе си, што е несомнено со оваа четворка може да биде и гимнастичар, ацробат, комедијант но и љубовно повредена ли;ност .Тоа се во едно, тие напати и буквално испреплетувајќи се, ни го покажаа. А тоа мора да значи знак на еднаквост само со едно вистинско, мајсторство! Не помалку заслужни се и нивните сопатници од сцената, уште десетина од нив, кои беа на сцента и господар и и царица и цар на самовилата но и мајстори, кои мајсторски успеаа да не насмејат играјќи ни Театар во театар, играј’И ја #Пирам И Тизба#, во навистна сШекспировски манир, за;инет со модерниот призвук на модерниот израз на пародијата, која пак доведе до смеење до солзи..
За колоритноста и светлоста на сцената заслужна е и сценографијата на П.О.П од Русија но и колоритните и спектакуларно впечатливите костими на Ангелина Атлагиќ,кои напати се спојуваа со лебдечкиот сон во контекстот на љубовната летна ноќ…
Самовилите кои се појавија на сцената беа и жив лебдечки оркестар, кој преку звуците на класиката не понесоа низ сонот, а на крилата на свиленкастиот звук, од кој и на кој само неупатените можеа да останат имуни.
На крајот, не ми останува ништо друго освен да константирам дека трите сништа кои ни се случија со гостувањето нан ашиот Иван Поповски и неговиот матичен Матерскаја П. Фоменко е искуство, за кое секој би посакал да му се случи повторно.