ОД АГОЛОТ НА ГЛЕДАЧОТ

 

За Дони Дарк

МАГИСТЕРСКА РАБОТА НА РОБЕРТ РИСТОВ, ИГРА ОДЛИЧНА ЕКИПА – МЛАДИОТ ДАРИЈАН ПЕТРОВ, ПОДДРЖАН ОД ПОСТАРИТЕ КОЛЕГИ, МИРЈАНА РИСТОВ, МАГДАЛЕНА РИЗОВА-ЧЕРНИХ, САШО РИСТОВСКИ

Една исклучитело мирна, поставена претстава, која во себе носеше бура од емоции, фрустрации, смеа, која беше дозирана точно, за да не премине во вулгарност или потсмев… Дозираноста кај актерите беше на високо профисонално ниво, со оглед на добрата екипа, не се очекуваше ни помалку од самата претставата.Шансата, која му ја доделил режисерот Роберт Ристов, преку главната улога  како Дони Дарк, добро ја искористи младиот актер Даријан Петров, кој ни покажа и раскажа како се туркаат бариерите, на еден мирен начин, свесно, во вре,е кога секој би си го знаел местото во опшеството, исто  како што младиот Дони Дарк, знаеше каде припаѓа и знаел што може да работи, само така и тогаш би живееле во скоро совршен свет.  И сите луѓе со хендикеп би немале пречки. Не „измами“ сите со совојот раскошен талент, а сеуште е на студии на ЕСРА, во класата на Магдалена Ризова Черних.Таа пак, како негова мајка, која е единствената семејна домашна пречка, во овој случај мајката – заштитничка,  го претвора и го смета за свое “бебе“, веќе зрелиот маж. . Пишувајќи романи и самата си ја лечи својата болна фрустрација, за својот син.

Борбата  на децата да се одделат од своите родители, во случајов нејзиниот син, ја прави, строга, недоверлива, и тоа под „преголемата грижа за  болното “ дете. Сето тоа „мама Черних го прави, мајсторски,стамено, врвно актерски…

А децата сакаат слобода, за  да летнат и ако се слепи. Гледаат повеќе од оние кои не се слепи. Сосетката која со цел свој талент ја предаде даде на сцената Мирјана Поповска – Ристов беше слободна, своја, полна со се и сешто во себе, и сетоа тоа во крајности. Лесно го премина, низ смеа  и невидливи солзи, неговто физичко слепило,оонекогаш и преку детска игра. Бидејќи, таа знае за љубов, за сонот за да се биде актерка, но како и многуте “ здрави “ луѓе кога ќе им се предочи реалноста во која живеаат лицата со хендикеп, решението е едно –  Бегство! Дури и со  првиот недоделкан грубијан грубијан, кој понижува, тепа… “ режисер “ но, само, физички  здрав.  Сашо Ристовски одлично ни го долови ликот со само неколку минутна појава на сцената.

Во претсатавата Дони Дарк Во “Театар Комедија “ на малата сцена, течеше се безпрекорно, минутите станаа миг, а сето тоа изгледаше лесно, прелесно…

Актерите ни  кажа, дека и без многу вулгарности една претстава може да е смешна, дури и за публика која тешко се смее. Можеби сето ова погоре му овозможи на режисерот Роберт Ристов полесно  се да му појде од рака,  и да не прошета низ оваа негова прва постановка, и тоа како успешно. Си поставил исклучително тешка задача. Минималистичката сцена искористена целосно, се покажа како режисер што мисли.

Смелоста на Ристов да се занимава со овој текст, за лица со хендикеп,  конкретно за слепите, се надевам дека ќе поттикне и конечно да се направи и нешто за глувите лица, (има и титл за нив) и за сите, останат – народот со попреченост.

Претстава за сите! Театар за сите! Браво!

Kaтерина Грозданова