Што прави во Словенија нашата Андријана Бошкоска Батиќ – актерка

 

УЛОГА ВО БЕРАШКА ОПЕРА  или ОПЕРА ЗА ТРИ ГРОША

По мотиви Јохн Гаѕ, Георг Њилхелм Пабст, Бертолт Брехт ин Вáцлав Хавл

Музичка комедија. Прво словенско поставуванје на представата. Режисер Вито Тауфер

Во оваа претстава го играа ликот на куртизаната Доллѕ, и благодарам на младата колешка што забремени  ( хахаха ),  па јас ја менувам !

Режисерот, е реномиран словенски режисер! Талентиран! Активен по словенските театари и театарите во Европа. Голема чест што ме избра за замена !

Интересен е податокот, музиката е од Александер Пешут- Схатзи, братот и тапанарот на Роберт Пешут- Магнифицо , Сонговите се едноставно прекрасни, предобри. Костимите, ах….лудница. Тоа би било тоа за претставата.

Неколку збора за Најстариот фестивал Театарскиот Фестивал Борштниково Среќавање . , оваа година се одрžува по 52 пат. Се одржува во Марибор од  20 до 29 октомври. Што зборува за една долга традиција и реноме на овој фестивал.

Ќе се одиграат 12 претстави, се во трка за награди, 6 во  додатната програма без награди. Фестивалот има секоја година, меѓународна програма, гостуваат театри од цела Европа и програма од академијата за театар , тв , филм и радио АГРФТ. Студентите од сите генерации ги играат своите испитни претстави.

Андријана ја имала таа чест, да настапувам т.с. да игра на овој фестивал лани, со претставата ‘ ОНДИНА’ во продукција на Словенскиот народен театар Нова Горица, во режија на брилијантниот полски режисер Јанусз Кица, режисер кој нема каде нема режирано во Европа, и сеуште режира. Режирал, бил помошник на директорот и покасно самиот станува директор на тетарот  Њупперталлер Бухнен, театарот за кој светот слушна од незаменливата Пина Баусш!

Прекрасно искуство!! Искуство што секој актер би сакал да го доживее!! – вели Андријана.

Оваа година на овој фестивал ќе се игра и претставата на режисерот Томаж Пандур, добро познат на нашата македонска публика. На фестивалот ќе се одигра –  Драма СНГ Марибор ‘‘ Brezmadežna / Immaculata ‘‘. Станува збор за Богородица….!

Оваа претстава започнал да ја работи, самиот Пандур заедно со неговата сестра, после тоа замина на гостуванње во Колумбија со претставата Фауст, потоа дојде Македонија и почина. Ливија, сестрата не се откажа од претставата .Ја дорежира, доработи и сега е на репертоарот на театарот од Марибор .

Ете , тоа би било тоа.  Ми бега македонскиот, фаќа кривини ( хахахах ). Позз голем.

Андријана Бошкоска Батиќ актерка од Македонија која веќе долги години живее и работи во Словенија.