Ноќва ми се случи навистина сон, сон со отворени очи, сон во есенска ноќ, а топло, топло “Сон на летната ноќ“ на Иван Поповски, не втурна во соништата едноставни, искрени, чисти, а бујни. За да траат, долго. Да не запрат соништата. Бели, сиви, сини бои, бои на музика од виолина, чембала и цел висечки оркестар од четири дами кои беа светулки во ноќта, да ни ја направат уште повеќе магична… Сцената, на која ројот од глумци во бели костими ни ја доловија, уште повеќе целата магија на приказната, за Љубовниот мистичен сонот.
Ми се случи една стара госпоѓа да седи пред мене и си имаше двогледче малечко, дамско.
Ме потсети на ТЕАТАР, му даде еден шарм, посебен.
Ми се случи на крај да видам мало комбе, со дојдени прилепчани за да ја видат претставата – ТЕАТАР …
Ме радува, дека можеби за миг, во овие неколку дена, претставите на Иван Поповски ни го вратија сјајот и не потсетија што е тоа ТЕАТАР.
па што да речам,
БЛАГОДАРАМ.
Па не не заборавај, дојди ни што поскоро можеш.
Врати се!!!
Катерина Грозданова