Илина Чоревска, актерка

 

Во прво лице

ТЕАТАРОТ – МОЈАТА ФАБРИКА ЗА МЕЧТИ

1. ЗА СЕБЕ :Комплицирана, за оние кои не ме познаваат,бескрајно верна кон луѓето кои избирам да ги сакам ,искрена како дете,DAYDREAMER …сакам црна боја,патувања,плажи,пица,животни и театар до бесвест!

2 . ЗА ЉУБОВТА:Тука ми е до мене,се држиме за рака и гледаме во очи,градиме само наш свет и така полниме батерии.

3. ЗА ЖИВОТОТ:Нека му ја мислат возрасните,за нас кои сме деца е игра!

4. ЗА ТЕАТАРОТ:Мојата фабрика за мечти.

5. ЗА ДОБРОТО:Го барам секојдневно.

6. ЗА ЗЛОТО:Ќе го победиме!

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ:Ги чувам блиску, за да учам како не треба.

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ?Ги сакам многу и ги негувам,некои од нив дури од дете. Ете, со мојата најдобра пријателка годинава славиме 30 годишница, таа вика уште три пати по толку и доста било.

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ:Лекција која никогаш не ја научив.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА:Понекогаш кога не сум на работа одам во театар, само за да ја почуствувам и мириснам,тешка зависност!

10. ЗА КОЛЕГИТЕ:Сите актери имат свој код, позитивно-екстремно – чудна сорта.

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ:Ќе останат неодиграни ,но има пак и такви кои не сум ги очекувала, а сум ги добила па станале поголем предизвик.

12 . ЗА ИДЕЈАТА:Ми се раѓа секојдневно и ме води напред!

13. ЗА СОНОТ-ТЕАТАР е потребен!

14. ЗА ЈАВЕТО- само ЉУБОВ,посакувам!

15. ЗА ВИНОТО:Добро вино и добро друштво-бесценето!

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО:,,Секое среќно семејство наликува едно на друго,секое несреќно е несреќно на свој начин,,-вели Толстој

17. ЗА КРАЈ:Она што за некого значи крај, за друг е почеток,а јас обожувам почетоци!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *