- „Сон на летната ноќ” (возраст 12+) 22 и 23 септември, 20:00 ч
Доделувањето на престижната награда „Златна маска” за најдобра претстава во Русија во 2015 година на „Сон на летната ноќ”, беше на некој начин официјализирање на реакциите на печатот и публиката што ѝ претходеа на наградата.
Печатот едногласно ја прогласи претставата за извонреден театарски настан – „…во време кога се чини дека веќе ништо не предвидува радосна театарска игра, на публиката ѝ се случи ’Сон на летната ноќ‘ произведувајќи ефект на кислородна терапија за оние што се задушуваат… ”, и ја опиша како „дефинитивно исклучителна претстава и, најверојатно, пресвртница што ќе внесе нова надеж во скриените ресурси на театралноста, како кај Мастерскаја [на Пјотр Фоменко], така и кај театарскиот систем во целина”.
Во оваа претстава сè е игра – театарска, љубовна, понекогаш по малку и наивна, понекогаш таква што наликува на најсложена шаховска партија. Понекогаш е лута, дури и опасна – таква што е подобро да се набљудува оддалеку. Понекогаш, пак, на детски начин едноставна – таква во која се вклучуваш сакајќи или несакајќи. Но, секогаш е жива и неверојатно занесна.
Во хаосот на играта, во ноќната опиеност, се отвораат границите на светот – огромен, необјаснив. Каде што дворецот на херцогот, па дури и самата Атина, е само малечка точка, не поголема од светулка во тревата. Каде што „постелата од мов“ мами со својата свежина, како ладникави чаршави. Каде возрасни мажи се губат во привлечноста на самовилите, а вљубените се губат едни со други, се вплеткуваат во живо клопче, дишејќи со љубомора, младост, страв и – љубов. Со неа, како со музика, како со волшебен сок, овде е проткаен и самиот воздух…
„Сон на летната ноќ“ за само 2 години е одиграна 89 пати и продадени се околу 35.000 влезници,