Игор Томески, првиот Македонец награден од Нобеловото семејство и Нобеловците-лауреати (добитници на Нобелова награда), на само 20 години добива понуда за работа во театарот Бродвеј, најгледаниот и најпродадениот театар, во срцето на американската и светската театарска индустрија. Повикан од познатиот њујоршски театарски продуцент и автор Кенет Вирт, добитникот на престижните Тони Награди (еквивалетни на филмските Оскари во театар) и Награда од Драмската Лига во 2017 за претставата Џитнеј, тетовецот беше поканет во канцеларијата на Вирт на Бродвеј во Мидтаун Менхетен во јуни оваа година. Благодарение на богатото портфолио на Томески во кое се наоѓаа 10 годишно театарско актерско искуство, авторски драми, 3 часовни пиеси, поставени драми од Џорџ Орвел, Антон Павлович Чехов на многу рана возраст, како и добиени признанија и награди од Нобел, на Игор Томески му се нуди соработка. Како редок помеѓу врсниците, тој е повикан да работи на сцените на Бродвеј во режисерскиот дипартмент.
- Се радувам на оваа понуда која што,да бидам искрен, ме изненади. Свесен сум дека станува збор за можеби најграндиозниот театар, и се уверив дека се работи за големи имиња, големи сали и големи случувања. Понудата за соработка од нивна страна стои отворена. Моментално сум во мојата татковина, имам повеќе големи проекти кои ги работам на повеќе страни и земји, и перидов ми претстојат неколку работни патувања низ Европа.Во овој перод времето го поминувам на оваа страна од океанот, работно и со семејството, но сепак сум горд на уште еден мој голем успех, на тоа што успеав да стигнам дури и до вратите на Бродвеј. Тоа е доказ дека напорната работа и големото срце можат да ве одведат во неверојатни правци и на неверојатни места. Сигурен дека со Бродвеј ќе се дружиме наскоро, во иднина, оптимст е Игор.
Но, има и уште нешто…
“Моментално работам и на сопствен проект, нешто кое којшто сум го посаувал одамна и за којшто ќе дознаете наскоро. Овие патувања, проекти, дружби, и време поминато со моето семејство ме потсетуваат на мојата прва телевизиска реплика од Марко Цепенков на 8 години.
” Убо е вака што сме се собрале заедно да бидеме оти луѓето се створени да се дружат меѓу себе дури се живи. Дните инаку врват и нам ни се кусат. Дните си летаат како со крила и дните праат годиње и ние ќе се свршиме ама тие нема да свршат Затоа добредошле! ”
Со оваа реплика на ум, сметам дека вистинската среќа е да го правите она што вам ве прави среќни во тој даден момент, или како што вели филмот „Покрај морето“ на Џоли и Пит, да се препуштите на брановите, за плимата и осеката сами да ве носат…