ОД АГОЛОТ НА ГЛЕДАЧОТ

 

За Дони Дарк

МАГИСТЕРСКА РАБОТА НА РОБЕРТ РИСТОВ, ИГРА ОДЛИЧНА ЕКИПА – МЛАДИОТ ДАРИЈАН ПЕТРОВ, ПОДДРЖАН ОД ПОСТАРИТЕ КОЛЕГИ, МИРЈАНА РИСТОВ, МАГДАЛЕНА РИЗОВА-ЧЕРНИХ, САШО РИСТОВСКИ

Една исклучитело мирна, поставена претстава, која во себе носеше бура од емоции, фрустрации, смеа, која беше дозирана точно, за да не премине во вулгарност или потсмев… Дозираноста кај актерите беше на високо профисонално ниво, со оглед на добрата екипа, не се очекуваше ни помалку од самата претставата.Шансата, која му ја доделил режисерот Роберт Ристов, преку главната улога  како Дони Дарк, добро ја искористи младиот актер Даријан Петров, кој ни покажа и раскажа како се туркаат бариерите, на еден мирен начин, свесно, во вре,е кога секој би си го знаел местото во опшеството, исто  како што младиот Дони Дарк, знаеше каде припаѓа и знаел што може да работи, само така и тогаш би живееле во скоро совршен свет.  И сите луѓе со хендикеп би немале пречки. Не „измами“ сите со совојот раскошен талент, а сеуште е на студии на ЕСРА, во класата на Магдалена Ризова Черних.Таа пак, како негова мајка, која е единствената семејна домашна пречка, во овој случај мајката – заштитничка,  го претвора и го смета за свое “бебе“, веќе зрелиот маж. . Пишувајќи романи и самата си ја лечи својата болна фрустрација, за својот син.

Борбата  на децата да се одделат од своите родители, во случајов нејзиниот син, ја прави, строга, недоверлива, и тоа под „преголемата грижа за  болното “ дете. Сето тоа „мама Черних го прави, мајсторски,стамено, врвно актерски…

А децата сакаат слобода, за  да летнат и ако се слепи. Гледаат повеќе од оние кои не се слепи. Сосетката која со цел свој талент ја предаде даде на сцената Мирјана Поповска – Ристов беше слободна, своја, полна со се и сешто во себе, и сетоа тоа во крајности. Лесно го премина, низ смеа  и невидливи солзи, неговто физичко слепило,оонекогаш и преку детска игра. Бидејќи, таа знае за љубов, за сонот за да се биде актерка, но како и многуте “ здрави “ луѓе кога ќе им се предочи реалноста во која живеаат лицата со хендикеп, решението е едно –  Бегство! Дури и со  првиот недоделкан грубијан грубијан, кој понижува, тепа… “ режисер “ но, само, физички  здрав.  Сашо Ристовски одлично ни го долови ликот со само неколку минутна појава на сцената.

Во претсатавата Дони Дарк Во “Театар Комедија “ на малата сцена, течеше се безпрекорно, минутите станаа миг, а сето тоа изгледаше лесно, прелесно…

Актерите ни  кажа, дека и без многу вулгарности една претстава може да е смешна, дури и за публика која тешко се смее. Можеби сето ова погоре му овозможи на режисерот Роберт Ристов полесно  се да му појде од рака,  и да не прошета низ оваа негова прва постановка, и тоа како успешно. Си поставил исклучително тешка задача. Минималистичката сцена искористена целосно, се покажа како режисер што мисли.

Смелоста на Ристов да се занимава со овој текст, за лица со хендикеп,  конкретно за слепите, се надевам дека ќе поттикне и конечно да се направи и нешто за глувите лица, (има и титл за нив) и за сите, останат – народот со попреченост.

Претстава за сите! Театар за сите! Браво!

Kaтерина Грозданова

 

 

„Шумата на моето дрво“ на фестивал во Сеул

 

Претставата „Шумата на моето дрво“, копродукција на „Северно од Импакт“ и Театар „Џинот“ Велес ќе настапи на Интернационалниот театарски фестивал „Бомб“ во Сеул, Јужна Кореја. Претствата ќе има три изведби на фестивалот поточно на 6, 7 и 8 октомври.

„Шумата на моето дрво“ е продукција на независната театарска компанија „Северно од Импакт“, во копродукција со Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес. Режијата е на Александар Ивановски, текстот на Сашо Димоски, дизајнот на звук на Сашко Костов, а во претставата настапуваат актерот Васил Зафирчев и музичарот Сашко Костов.

Претставата е создадена од звуци, зборови и пулсирачки мускули и отвора поглед кон еден нестабилен свет. Таа е ноќна одисеја низ стомакот на една шума која умира, на еден човек што се обидува да најде смисол во својот живот и во својот статус како туѓинец.

Ова е второ фестивалско претставување на оваа претстава во странство. Во јуни годинава, учествуваше на Интернационалниот театарски фестивал „Бабел“ во Трговиште, Романија каде што ја освои наградата за најдобра претстава на мала сцена.

Пред настапот во Сеул, на 1 октомври, во Младинскиот културен Центар во Скопје, со почеток во 18 часот, претставата ќе биде изведена и во официјалната програма на Интернационалниот театарски фестивал „Млад Отворен Театар“.

Што прави во Словенија нашата Андријана Бошкоска Батиќ – актерка

 

УЛОГА ВО БЕРАШКА ОПЕРА  или ОПЕРА ЗА ТРИ ГРОША

По мотиви Јохн Гаѕ, Георг Њилхелм Пабст, Бертолт Брехт ин Вáцлав Хавл

Музичка комедија. Прво словенско поставуванје на представата. Режисер Вито Тауфер

Во оваа претстава го играа ликот на куртизаната Доллѕ, и благодарам на младата колешка што забремени  ( хахаха ),  па јас ја менувам !

Режисерот, е реномиран словенски режисер! Талентиран! Активен по словенските театари и театарите во Европа. Голема чест што ме избра за замена !

Интересен е податокот, музиката е од Александер Пешут- Схатзи, братот и тапанарот на Роберт Пешут- Магнифицо , Сонговите се едноставно прекрасни, предобри. Костимите, ах….лудница. Тоа би било тоа за претставата.

Неколку збора за Најстариот фестивал Театарскиот Фестивал Борштниково Среќавање . , оваа година се одрžува по 52 пат. Се одржува во Марибор од  20 до 29 октомври. Што зборува за една долга традиција и реноме на овој фестивал.

Ќе се одиграат 12 претстави, се во трка за награди, 6 во  додатната програма без награди. Фестивалот има секоја година, меѓународна програма, гостуваат театри од цела Европа и програма од академијата за театар , тв , филм и радио АГРФТ. Студентите од сите генерации ги играат своите испитни претстави.

Андријана ја имала таа чест, да настапувам т.с. да игра на овој фестивал лани, со претставата ‘ ОНДИНА’ во продукција на Словенскиот народен театар Нова Горица, во режија на брилијантниот полски режисер Јанусз Кица, режисер кој нема каде нема режирано во Европа, и сеуште режира. Режирал, бил помошник на директорот и покасно самиот станува директор на тетарот  Њупперталлер Бухнен, театарот за кој светот слушна од незаменливата Пина Баусш!

Прекрасно искуство!! Искуство што секој актер би сакал да го доживее!! – вели Андријана.

Оваа година на овој фестивал ќе се игра и претставата на режисерот Томаж Пандур, добро познат на нашата македонска публика. На фестивалот ќе се одигра –  Драма СНГ Марибор ‘‘ Brezmadežna / Immaculata ‘‘. Станува збор за Богородица….!

Оваа претстава започнал да ја работи, самиот Пандур заедно со неговата сестра, после тоа замина на гостуванње во Колумбија со претставата Фауст, потоа дојде Македонија и почина. Ливија, сестрата не се откажа од претставата .Ја дорежира, доработи и сега е на репертоарот на театарот од Марибор .

Ете , тоа би било тоа.  Ми бега македонскиот, фаќа кривини ( хахахах ). Позз голем.

Андријана Бошкоска Батиќ актерка од Македонија која веќе долги години живее и работи во Словенија.

 

Илина Чоревска, актерка

 

Во прво лице

ТЕАТАРОТ – МОЈАТА ФАБРИКА ЗА МЕЧТИ

1. ЗА СЕБЕ :Комплицирана, за оние кои не ме познаваат,бескрајно верна кон луѓето кои избирам да ги сакам ,искрена како дете,DAYDREAMER …сакам црна боја,патувања,плажи,пица,животни и театар до бесвест!

2 . ЗА ЉУБОВТА:Тука ми е до мене,се држиме за рака и гледаме во очи,градиме само наш свет и така полниме батерии.

3. ЗА ЖИВОТОТ:Нека му ја мислат возрасните,за нас кои сме деца е игра!

4. ЗА ТЕАТАРОТ:Мојата фабрика за мечти.

5. ЗА ДОБРОТО:Го барам секојдневно.

6. ЗА ЗЛОТО:Ќе го победиме!

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ:Ги чувам блиску, за да учам како не треба.

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ?Ги сакам многу и ги негувам,некои од нив дури од дете. Ете, со мојата најдобра пријателка годинава славиме 30 годишница, таа вика уште три пати по толку и доста било.

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ:Лекција која никогаш не ја научив.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА:Понекогаш кога не сум на работа одам во театар, само за да ја почуствувам и мириснам,тешка зависност!

10. ЗА КОЛЕГИТЕ:Сите актери имат свој код, позитивно-екстремно – чудна сорта.

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ:Ќе останат неодиграни ,но има пак и такви кои не сум ги очекувала, а сум ги добила па станале поголем предизвик.

12 . ЗА ИДЕЈАТА:Ми се раѓа секојдневно и ме води напред!

13. ЗА СОНОТ-ТЕАТАР е потребен!

14. ЗА ЈАВЕТО- само ЉУБОВ,посакувам!

15. ЗА ВИНОТО:Добро вино и добро друштво-бесценето!

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО:,,Секое среќно семејство наликува едно на друго,секое несреќно е несреќно на свој начин,,-вели Толстој

17. ЗА КРАЈ:Она што за некого значи крај, за друг е почеток,а јас обожувам почетоци!

ТЕАТАР!

 

Ноќва ми се случи навистина сон, сон со отворени очи, сон во есенска ноќ, а топло, топло “Сон на летната ноќ“ на Иван Поповски, не втурна во соништата едноставни, искрени, чисти, а бујни. За да траат, долго. Да не запрат соништата. Бели, сиви, сини бои, бои на музика од виолина, чембала и цел висечки оркестар од четири дами кои беа светулки во ноќта, да ни ја направат уште повеќе магична… Сцената, на која ројот од глумци во бели костими ни ја доловија, уште повеќе целата магија на приказната, за Љубовниот мистичен сонот.
Ми се случи една стара госпоѓа да седи пред мене и си имаше двогледче малечко, дамско.
Ме потсети на ТЕАТАР, му даде еден шарм, посебен.
Ми се случи на крај да видам мало комбе, со дојдени прилепчани за да ја видат претставата – ТЕАТАР …
Ме радува, дека можеби за миг, во овие неколку дена, претставите на Иван Поповски ни го вратија сјајот и не потсетија што е тоа ТЕАТАР.
па што да речам,
БЛАГОДАРАМ.
Па не не заборавај, дојди ни што поскоро можеш.
Врати се!!!

 

Катерина Грозданова

• „Сон на летната ноќ” режија на Иван Поповски.

 

  • „Сон на летната ноќ” (возраст 12+) 22 и 23 септември, 20:00 ч

 

Доделувањето на престижната награда „Златна маска” за најдобра претстава во Русија во 2015 година на „Сон на летната ноќ”, беше на некој начин официјализирање на реакциите на печатот и публиката што ѝ претходеа на наградата.

Печатот едногласно ја прогласи претставата за извонреден театарски настан – „…во време кога се чини дека веќе ништо не предвидува радосна театарска игра, на публиката ѝ се случи ’Сон на летната ноќ‘ произведувајќи ефект на кислородна терапија за оние што се задушуваат… ”, и ја опиша како „дефинитивно исклучителна претстава и, најверојатно, пресвртница што ќе внесе нова надеж во скриените ресурси на театралноста, како кај Мастерскаја [на Пјотр Фоменко], така и кај театарскиот систем во целина”. 

Во оваа претстава сè е игра – театарска, љубовна, понекогаш по малку и наивна, понекогаш таква што наликува на најсложена шаховска партија. Понекогаш е лута, дури и опасна – таква што е подобро да се набљудува оддалеку. Понекогаш, пак, на детски начин едноставна – таква во која се вклучуваш сакајќи или несакајќи. Но, секогаш е жива и неверојатно занесна. 

Во хаосот на играта, во ноќната опиеност, се отвораат границите на светот – огромен, необјаснив. Каде што дворецот на херцогот, па дури и самата Атина, е само малечка точка, не поголема од светулка во тревата. Каде што „постелата од мов“ мами со својата свежина, како ладникави чаршави. Каде возрасни мажи се губат во привлечноста на самовилите, а вљубените се губат едни со други, се вплеткуваат во живо клопче, дишејќи со љубомора, младост, страв и – љубов. Со неа, како со музика, како со волшебен сок, овде е проткаен и самиот воздух… 

„Сон на летната ноќ“ за само 2 години е одиграна 89 пати и продадени се околу 35.000  влезници,

 

Алиса навистина чудесна и прекрасна

Кон гостувањето на театарот Мастерскаја Пјотр Фоменко, Москва, Русија, во режија на Иван Поповски и маестрална изведба на актерите од овој чудесен театар

Дека детскиот сон и фантазија можат да бидат допрени и дека и во “ старото човече“, односно, во неговата длабока внатрешност може да заигра детето, онака само за себе, а со сите заедно, ослободено од секаков вид #старски# предрасуди и да му се предаде на сонот, доказ е режисерот Иван Поповски. Овој човек – дете е навистина имагинативен мајстор, чиј свет(ови) (с)е далеку недопрен(и) од човековата глупост и валканици!Тој, своето дете го пушти на слобода (ако воопшто некогаш и го заробил) преку својот светоглед на пиесата – роман од Луис Керол #Алиса зад огледалото#, во која навистина не постои време, ниту пак ограничен простор бидејќи таму царува сонот… Низ тој сон не води една фантастична актерска интересна детско – возрасна сонувачка актерска армија, која пак, како што и самиот режисер ќе рече, со своите сугестии, сигурно, успеала да го дозбогати светот на Сонот, имагинацијата, играта и стварноста на апсурдот, но од страната од која тој никого не може да повреди, можеби само да ни разоткрие колку ние несонувачите всушност сме простосмртни… Простосмртноста не е состојба на секое живо суштество, особено не на она кое знае да си игра и кога ништо не разбира. Таква беше Алиса на Вера Строкова, која покрај визуелната приближеност на дете, пред се по својата ситна конституција, сепак, пленеше и со фантастично природната игра, низ која навистина ни го долови девојчето, кое од јавето бега во сонот, за кога ќе се разбуди повторно да посака и да се врати во него…
Токму поради овие компоненти, оваа актерка пленеше со својата само навидум едноставна игра, бидејќи, нели, комплицираноста и крупноста речиси секогаш се наоѓаат во едноставноста, особено во сонот…
Таа, придружена од своите пријатели и пријателки, актери, музичари, сонувачи, кои пак намерно ќе останат без име и презиме, бидејќи секој од нив (а ги имаше 20-ина) покажа дека има чудотворна моќ за трансформација играјќи по најмалку три улоги, а некои од нив ги видовме и во пет – шест ликови, дури и како музичари и како елоквентни кралеви на владеењето со уметноста севкупно…
Шах – таблата, заедно со цвеќињата, пеперутките, еднорогот, лавот, гасеницата, стоногалката и што ли уште не, беа всушност, едно севкупно поле на играта, по кое не се гази, ами се лебди… За ваквиот впечаток #виновен# повторно е Иван, кој навистина сонот го претвори во стварност, за волја на вистината со сесрдна помош на техниката со сета нејзина (не)совршеност, но и со она дете, извадено од неговите најсуштествени длабочини, кое заедно со Алиса и дружината си играше цели три часа, држејќи ни го вниманието и ококорени очите од почеток до крај…
Крај?! Па него речиси и да го немаше, бидејќи Алиса со својата живост и во јавето не натера да сонуваме, па затоа за сите нив и пред се и над се за нашиот Иван Поповски,кој со луцидните решенија ни докажа дека нема потреба од стапче, дококу владеета со магичноста на сцената, срдечно, поклон до земја!
И навистина бевме почестени бидејќи имавме ретка привилегија да бидеме дел од остатокот на светот, освен во Русија, (каде претставата опстојва од 2010 година), се разбира да ја видиме оваа чудовишно-прекрасна бајка.
Потписникот на овие редови е навистина почестен што можеше да сонува заедно со Алиса и навистинс, да си поигрува во нејзиниот сто,под чии ингеренции се надева дека ќе остане уште многу долго, сонувајќи.

Борче Грозданов

Тревога во МНТ

 Бидете точни

Почитувана публико, почитувани љубители на театарската уметност, сакам да ве информирам дека со почетокот на новата театарска сезона во Македонскиот Народен Театар, заради непречено следење на претставите, вратите за публиката ќе се затвораат во 19:55 часот.
Во 20:00 часот почнува претставата!
Ако некој не е во можност да присуствува на претставата за која земал билети, истите ќе може да ги врати половина час пред почетокот на претставата и да му бидат вратени парите. Во спротивно, на гледачите кои задоцниле нема да им бидат вратени парите и истите нема да можат да влезат во театарот.
Ова ќе важи за сите граѓани на светот.
Со почит
Драган Спасов Дац

„Отровната туника” режија на Иван Поповски

  • „Отровната туника” 

Театарот „Мастерскаја П. Фоменко” од Москва, на 19 и 20 септември на сцената на МНТ ја претсавува култната претстава „Отровната туника” од Николај Гумиљов во режија на Иван Поповски.

Во ладниот мермерен спокој на константинополскиот дворец на императорот Јустинијан, каде ѕидовите слушаат, а луѓето негуваат молчење; каде внимателните зборови паѓаат како капки вода, ѕвонко разлетувајќи се под камените сводови, а тишината задушува, буквално со густ темјан, се појавува синот на степата, воинот и поет Имр. Неговите страстни говори ја маѓепсуваат принцезата Зоја. Неговите сеќавања ја обеспокојуваат императорката Теодора…

Зачудната егзотика на Гумиљовата пиеса, законитоста и убавината на формата, класицистичката драгоценост на актерските гести и сребреновековната незадржливост на чувствата, се сплеле во претстава за љубовта и љубомората, прекрасни и гибелни, буквално брачна отровна туника.

„Отровната туника” е волшебна, и воедно егзотична постановка на трагедијата на Гумиљов. Таа се игра на репертоарот на „Мастерскаја П. Фоменко” веќе 15 години. , „Отровната туника“ за 15 години е одиграна 202 пати и продадени се околу 20.000 влезници, Предизвикувајќи несмален интерес кај публиката, поради што билетите за претставата се продаваат според листа на чекање. „Никогаш досега не се чинело возможно на таков начин да се претстави тоа трагично спокојство, полно со романтични мечтаења, кое ја сочинува суштината на поезијата на Гумиљов. Поповски навистина го знае клучот за несценичните, но најпрекрасни театарски текстови на руската модерна“, напиша печатот за претставата, оценувајќи ја и како „прескапа, но безумно убава”.

Претставата „Отровната туника” која ќе се игра на 19 и 20 септември, 20:00 ч

 

МЕГА ГОСТУВАЊЕ НА “МАСТЕРСКАЈА П. ФОМЕНКО” ВО МНТ

Со “Алиса зад огледалото” стартува фестивалот “Иван се враќа дома”

Освен “Алиса зад огледалото” од Луис Керол (2010), која во МНТ се изведува денеска и утре, публиката има можност да ги види и “Отровната туника” од Николај Гумиљов (2002), на 19 и 20 септември (20 ч.), претстава за која билетите се веќе распродадени, како и “Сон на летната ноќ# од Вилијам Шекспир (2015) на 22 и 23 септември.

Со детскиот театарски спектакл “Алиса зад огледалото” во режија на познатиот македонски театарски режисер Иван Поповски, 16 септември (18 часот) во Македонскиот народен театар стартува фестивалот “Иван се враќа дома”. “Алиса зад огледалото” е една од трите претстави од мега гостувањето на “Мастерскаја П. Фоменко”, еден од најреномираните театри од Москва.

Фестивалот е и прва можност македонската публика да ги види театарските спектакли во режија на Поповски, кој повеќе од 25 години живее и работи во Москва, а кои ја одушевија критиката, освоија многу значајни театарски признанија и имаа исклучителен прием кај публиката.

Освен “Алиса зад огледалото” од Луис Керол (2010), која во МНТ се изведува денеска и утре, публиката има можност да ги види и “Отровната туника” од Николај Гумиљов (2002), на 19 и 20 септември (20 ч.), претстава за која билетите се веќе распродадени, како и “Сон на летната ноќ# од Вилијам Шекспир (2015) на 22 и 23 септември.

Во овие високобуџетни претстави учествува еден од најсилните актерски ансамбли во Русија, кој зад себе има многубројни престижни театарски поединечни и групни награди, признанија за заслужни артисти на Руската Федерација, како и учество во големи филмски продукции.
Директорот на театарот Мастерскаја, Андреј Варабјов, истакна дека Поповски е еден од најдобрите ученици на Фоменко.

“Иван го сакаме и му завидуваме на сите успеси што ги има постигнато во театрите во Москва и Русија. Во Мастерската П. Фаменко ние го живееме театарот, создаваме уметност. Ако има уметност има и публика, а за тоа доказ се 45. претстави на нашиот репертоар#, вели Варабјов .
Режисерот Поповски, пак, истакна дека во процесот на работа не ја избегнува реалноста, политиката и надворешниот свет.

“Напротив, благодарение токму на тој хаос театарот може да биде место каде што може да пропаднеме во друг свет”, истакна Поповски.

Директорот на МНТ Драган Спасов Дац, вчера најави и три премиери до крајот на годината, претставите “Кец на десетка” и “Госпоѓиците од Авињон”, кои ќе се одржат на малата сцена и мјузиклот “Мама миа”, чија премиера се очекува кон крајот на декември.

Тој ја повтори и одлуката вратата да биде затворена пет минути пред почетокот на претставите, по што нема да може да се влезе, а целта е како што вели “да се дисциплинира публиката#.